Цените на нафтата паднаа на 72 долари за барел

Цените на нафтата денеска паднале на меѓународните пазари до 72 долари, под притисокот од стравувањата дека ризиците во глобалниот банкарски сектор и потенцијалниот пораст на каматните стапки во САД би можеле да предизвикаат рецесија.

На лондонската берза цената на барелот околу пладне беше за 87 центи пониска во однос на затворањето на тргувањето на крајот на минатата недела и изнесуваше 72,10 долари. Минатиот петок ја затвори трговијата во минус 1,73 долари.

На американскиот пазар барелот со датуми на испорака во април денеска се тргуваше за 85 центи пониско, на 65,89 долари. Минатиот петок ја затвориле трговијата во минус од 1,61 долар. Денеска поактивно се тргувало со барели за испорака во мај, чија цена се лизна на 66,11 долари.

Пазарите беа потресени на крајот на минатата недела од продлабочувањето на кризата во банкарскиот сектор во САД и Швајцарија. Инвеститорите стравуваат дека кризата може да ја турне економијата во рецесија, што би значело послаба побарувачка за нафта.

Швајцарските регулатори посредувале за договор во текот на викендот со кој би можел да се соочи со проблематичната криза на Credit Suisse и да го преземе неговиот поголем домашен ривал UBS за да обезбедат ликвидност и да го заштитат швајцарскиот финансиски систем.

Вчера централните банки на големите економии, вклучително и американската ФЕД, Европската централна банка (ЕЦБ), Британската банка на Англија, швајцарските, канадските и јапонските централни банки, објавија дека ќе ја зголемат поддршката за ликвидност преку механизми за размена на валути.

И покрај тоа, акциите и обврзниците на банките денеска повторно ослабеа, што сигнализира дека довербата на инвеститорите се уште не е вратена.

„Берзата се фокусираше на тековните промени во банкарскиот сектор и потенцијалната одлука на ФЕД да продолжи да ги зголемува каматните стапки“, рече Баден Мур од Националната австралиска банка.

Повеќето економисти очекуваат централната банка на САД да ги зголеми каматните стапки за четвртина процентен поен во среда, и покрај превирањата. Некои деловни лидери бараат ФЕД да направи пауза од затегнувањето на монетарната политика и подоцна да ги зголеми каматните стапки.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно извести дека во петокот барел од нафтената кошничка на нејзините членки поскапе за 36 центи на 74,11 долари.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСK) ја одржува 93. Седница

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСk) денеска ја одржа 93 седница на која беа разгледани повеќе предмет.

На почетокот од седницата комисијата дискутираше околу повеќе известувања стигнати до Комисијата во врска со минати и актуелни предмети, помеѓу кои i известувањето од Судски Совет за случајот „Трансмет“.

На денешната седница беа одбиени неколку поднесени жалби и предмети за продажба на земјиште како и пријава за злоупотреба при вработување на член на надзорен одбор во јавно претпријатие.

Рашела Мизрахи предложена за претседател на Анкетната комисија за случајот Онкологија

 Почна седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања, која треба да го утврди составот на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

За претседател на комисијата е предложена Рашела Мизрахи од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а предлози од оваа ПГ се и Александар Велјановски за заменик претседател, за членови Антонијо Милошоски, Гордана Сиљановска - Давкова, Иванка Василевска, Љупчо Пренџов, Петар Ристески, за заменици членови Дајанчо Ефтимов, Дафина Стојаноска, Драган Ковачки, Тони Јаревски и Зоран Коцевски.

Од пратеничката група на СДСМ и коалицијата, за членови се предложени Даниела Марковска, Ненад Коциќ, Мартин Костовски и Марија Георгиевска, додека за заменици членови - Миле Талевски, Маја Морачанин, Бети Рабаџиевска Наумовска и Соња Мираковска.

Предлог на пратеничката група на ДУИ, за членови се Арбен Зибери и Бедри Фазли, а за заменици членови - Бајрам Кадрија и Берат Ајдари.

Одлуката за основање на Анкетната комисија беше донесена на 20. месецов, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија Јавното обвинотелство на почетокот на месецов отвори предистражна постапка.

Од ЈО на 26. месецов соопштија дека косовските обвинители се подготвени за соработка за случајот. Тимот на обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје, како што информираа, продолжува да ги презема сите дејствија за целосно испитување на настанот.

-Секојдневно се вршат распити на пациенти и нивни блиски, на стручни медицински и на други лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Министерството за здравство до Јавното обвинителство го достави извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, што се однесува на работата на Клиниката за онкологија. Исто така, по наредба на јавните обвинители, во тек е финансиска истрага, како и детално вештачење на економско-финансиското работење на Клиниката, кое го врши тим од вешти лица, ревизори од Државниот завод за ревизија и претставници на Фондот за здравствено осигурување, информираше Јавното обвинителство.

Заврши Светско екипно првенство во шах, петто место за „Македонија Алкалоид“

Со натпреварите од 9. коло синоќа во Струга заврши Светското екипно првенство во шах во возрасни категории над 50 и над 65 години, на кое настапија 48 екипи од 17 земји и дури 40 велемајстори и 32 интернационални мајстори.

Во категоријата до 50 години, победи првиот тим на САД, освојувајќи го првото место со 15 бодови, пред Англија, Исланд и Италија со по 14.5 додека „Македонија Алкалоид“ го освои петтото место со 12 бодови.

Во завршното коло, „Македонија Алкалоид“ го совлада третиот тим на Англија со 3.5-0.5.

Преостанатите две македонски екипи завршија во вториот дел од табелата. Екипата „Македонија“, составена од слепи и слабовидни шахисти со 11.5 бодови го освои 19 место, додека женскиот состав „Македонија“ заврши на последното, 22, место со 6.5 поени.

Победничката екипа настапи во состав: Шабалов, Каиданов, Ехлвест, Новиков и Јермолински.

Во категоријата над 65 години, триумфираше тимот „Германија Ласкер“ со 17 бодови, пред првиот тим на Англија со 16 и Словачка со 14 бодови.

Тимот „Макеоднија“ го освои 12 место со девет бодови.

Победничкиот тим настапи во состав: Кнак, Мејстер, Калиничев и Колер.

притисни ентер