ФИФА ја одложи одлуката дали да ги отстрани тимовите од Израел од своите турнири

Светската фудбалска федерација (ФИФА) повторно не одлучи дали ќе воведе санкции за Фудбалската асоцијација на Израел, исклучувајќи ги тимовите на земјата од нејзините турнири.

Во мај, Палестинскиот фудбалски сојуз побара казна за своите израелски колеги поради тековната воена операција што еврејските сили ја спроведуваат во Газа.

По денешниот состанок на Советот на ФИФА, претседателот на организацијата Џани Инфантино изјави дека ќе бидат покренати две независни истраги против Фудбалскиот сојуз на Израел. Првата ќе биде доверена на Дисциплинската комисија на ФИФА и ќе биде докажување на наводите за дискриминација во рамките на израелската лига. Втората истрага ќе биде дали има прекршување на член 72, точка 1 од правилникот на ФИФА, кој вели дека „федерациите членки и нивните клубови не можат да играат на територијата на друга федерација-членка без одобрение од другата“. Со тоа ќе се занимава Комитетот за управување, ревизија и усогласеност на ФИФА.

-Советот на ФИФА примени длабинска анализа за оваа многу чувствителна работа и врз основа на темелна проценка ги следевме советите на независните експерти. Континуираното насилство во регионот потврдува дека пред се, и како што беше наведено на 74-от конгрес на ФИФА, ни треба мир. Бидејќи остануваме крајно шокирани од она што се случува и нашите мисли се со оние кои страдаат, ги повикуваме сите страни да го вратат мирот во регионот со непосреден ефект, рече Инфантино во услови на постојано зголемување на тензиите на Блискиот Исток.

Во 2022 година, ФИФА и УЕФА заеднички одлучија да ги исклучат тимовите од Русија од нивните турнири само четири дена по почетокот на воената офанзива против Украина.

Во Загреб, Сава се излеа од коритото

Сава се излеа од коритото,нивото на водата се зголемува.

Во поголем дел од Хрватска од вчера попладне непрекинато врне, што значително го подигна водостојот на реките, а во Загреб се излеа реката Сава.

Дирекцијата за цивилна заштита на МУП на Република Хрватска најави дека ќе вклучи мерки за одбрана од поплави.

Поради најавените високи водостои на Сава, Купа и Одра, Хрватски води издаде наредба за отворање на сливот Превлака.

Тие, исто така, ги предупредија сточарите навреме да го повлечат добитокот од местата за задржување во Лоњско поле, Одранско поле и Жутица. Во Загреб, Сава малтен се подели на три посебни реки, онаа во коритото и по една дополнителна река од секоја страна.

Нивото на водата најверојатно ќе продолжи да расте.

Мората се скарал со италијански градоначалник поради неговиот дом

 Плановите на напаѓачот на Милан, Алваро Мората да живее изолирано во мирен град на периферијата на Милано беа спречени откако градоначалникот откри каде планира да се пресели шпанскиот репрезентативец.

Според медиумите во земјата, Мората избрал да купи куќа во Корбета, но градоначалникот Марко Бајарини не успеал да ги задржи деталите за себе. Тој на својот Инстаграм профил откри дека напаѓачот, кој ова лето стана европски шампион со Шпанија, е нов жител на градот.

-Ова не е првоаприлска шега. Шампионот Алваро Мората е наш нов сосед. Јас сум голем фан на Интер, но со задоволство му посакам добредојде на Алваро Мората во нашето големо семејство во Корбета, напиша градоначалникот.

Објавата го загрижи Шпанецот, кој изрази разочарување како и загриженост за безбедноста на неговото семејство.

-Почитуван г-дине градоначалник, ви благодарам што ја нарушивте мојата приватност. За среќа, немам вреден имот. Моето единствено богатство се моите деца, чија безбедност ја загрозивте. Мислев дека општина Корбета може да ми гарантира одредено ниво на дискреција. Но наместо тоа, морам брзо да ја сменам куќата поради вашата неспособност да ги користите социјалните мрежи и да ги заштитите вашите граѓани, беше одговорот на Мората на Инстаграм.

Бајарини не му остана должен, а за возврат објави фотографија од амблемот на градскиот ривал на „росонерите“ - Интер, додавајќи „Чао!“.

притисни ентер