Целосно ќе се обнови објектот на старата Пошта во Скопје

Дали еден од симболите на главниот град и архитектонскиот бисер на пост-земјотресно Скопје повторно ќе блесни во стариот сјај?

Да според министерот за култура Зоран Љутков, кој е втор министер, кој за неполн месец најавува обнова на објектот на Поштата. Кога тоа ќе се случи засега не знае, но од Владата најавуваат дека таа да биде подготвена за организацијата на програмата Скопје Европска престолнина на културата за 2028 година.

Според најавите овој објект ќе се трансформира во мултифункционален центар, а првите чекори за целосна обнова веќе се направени.

- Донесовме одлука на Влада дека да таа ќе биде реновирана и ќе има друга намена за мултифунционален комплекс кој што ќе биде подготвен и за потребите на Скопје Европска претстолнина 2028 година. Формирана е работната група и треба да почне да работи. Сочинета е од претставници од европските комисии и од Министерството за транспорт и врски и Министерството за култура и туризам.

Поштата во 2013 година беше зафатена од голем пожар, во кој беа уништени куполата, фреските и опремата во објектот, кој се уште е целосно запоставен и не е во функција. Но Љутков вели дека ова не е единствениот објект кој е во очајна состојба. За ова тој ја обвини претходната Власт за која вели дека 7 години не одобрувала средства за нивна реконструкција, иако за имало тендери и подготвени проекти.

Што се однесува за реконструкцијата на Универзалната сала, министерот вели дека детали ќе соопшти на 10ти месецов, за кога најави дека култура ќе даде отчет за сработеното во првите 100 дена.

- За неколку дена ќе направиме и една посебна прес-конференција на која ќе ги кажеме чекорите, што сме затекнале, каков процес сме затекнале од Универзална сала, кои се последиците од таквото незаконско преземање и кои ќе бидат брзите чекори за повторно ставање во функција и повторно градење на Универзална сала. Не зборуваме за нов проект, не зборуваме за рушење. Зборуваме само за легално преземање на овој постоечки проект.

Љутков по посета на Националната опера и балет соопшти дека во текот на вчерашниот ден била распишата и јавна набавка за реновирање на главниот влез во установата за кој исто така потенцираше дека е во очајна состојба , како и за санација на кровните површини во делот на главното фојае каде при дождливо време влегувала вода насекаде.

Видео: Новинар го удира Трамп со микрофон во лице, многумина ја коментираат неговата реакција

На социјалните мрежи вирално стана видео на кое се гледа како американскиот претседател Доналд Трамп го удира репортерка со микрофон во лицето за време на прес-конференција.

Инцидентот се случи додека Трамп одговараше на прашања на новинарите за време на кратката прес-конференција во заедничката база Ендрјус во Мериленд. Беше прашан за ситуацијата во Газа, кога микрофон, одеднаш влезе во кадарот и го удри право во лицето.

Трамп за момент вкочането ја погледна новинарката, кревајќи ги веѓите, но брзо се смири и вниманието од прашањето го пренасочи кон шега.

"Таа вечерва стана телевизиска ѕвезда. Само што стана голема ѕвезда, нели? Дали го видовте тоа?" Трамп коментираше пред камерите, прекинувајќи го својот одговор на сериозно прашање.

Вучиќ: Сакам да го изразам моето задоволство што се одржа голем протест без жртви

Обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ по денешните масовни протести.

Во името на сите граѓани на Србија и како претседател на Србија сакам да го изразам моето задоволство што се одржа голем протест, со негативна енергија, гнев и гнев кон властите во Србија, без да има жртви или сериозни повредени“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека се повредени околу 56 лица, но никој не е тешко повреден, а повредениот на плоштадот Никола Пашиќ не е во животна опасност.

Вкупно 44 лица се во Ургентниот центар, 11 во Клиничката болница Звездара“, рече Вучиќ.

„Исто така, сакам да кажам дека се срамни обвинувањата дека некој употребил звучен топ, прикажувајќи војници и членови на „Кобра“ како тоа што го држат да е звучен топ - рече тој.

Претседателот на Србија нагласи дека сите лица кои учествувале во уништувањето ќе бидат приведени и ќе одговараат за криминални дела.

-Горд сум на фактот што 99 отсто од студентските блокатори не сакаа инциденти, рече Вучиќ.

Пленковиќ отпуштен од болница по операција на срцето, в понеделник се враќа на работа

Хрватската влада соопшти дека премиерот од понеделник ќе се врати на редовните активности, пренесува Вечерњи лист.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ попладнево, околу 17 часот, беше отпуштен од Клиничкиот болнички центар во Загреб (КБЦ) , каде што синоќа беше примен на лекување заради повремено нарушување на срцевиот ритам (аритмија) и каде имаше хируршка интервенција.

Хрватската влада соопшти дека премиерот од понеделник ќе се врати на редовните активности, пренесува Вечерњи лист.

„Постапката на која беше подложен на Пленковиќ синоќа беше планирана порано и помина добро, а по излегувањето од болница си замина дома и во понеделник ќе се врати на редовните обврски и партиски активности“, посочуваат од хрватската Влада.

Според програмата, во понеделник хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ треба да ги посети обновените згради во Загреб, кои беа уништени во земјотресот пред пет години, и да присуствува на комеморацијата за претседателот на Врховниот суд Радован Доброниќ, а потоа и на состанокот на ХДЗ на округот Вараждин и на комеморацијата на 35-годишнината од основањето на ХДЗ.

притисни ентер