Цековска: Поразителен е 4-годишниот молк на Борче Јовчески

Покрај градоначалникот, вториот од двата органи на Општината, е Советот.

Основната задача на членовите на општинскиот Совет, е да ги застапуваат интересите на граѓаните, да предлагаат решенија за нивните проблеми и да носат одлуки со кои ќе ги подобрат условите за живеење како во урбаните, така и во руралните средини, ние како советничка група од мнозинството во совет заедно во координација со градоначалникот тоа го правевме во континуитет.

Она кое што може да се констатира, е дека во изминатите 4 години ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери беа се, само не конструктивна опозиција.

Отсуство на конструктивна расправа, опструкција при носењето на важни одлуки, кавгаџиски тонови наместо суштинска дебата. Сето тоа, вклучително и предвременото напуштање на седниците на дел одсоветниците од опозицијата откако ќе го ставеа потписот за присуство, беше главната одлика на однесувањето на опозициските советници во Советот на општина Прилеп.

Еден од оние кој целосно се вклопи во сивилото и не даде ама баш никаков придонес во четиригодишното функционирање на општинскиот Совет, беше и актуелниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Градоначалник на Прилеп, Борче Јовчески.

Поразителен беше молкот на Г динот Јовчески во изминатиот 4 годишен период и отсуството за дебата во функција на носење на квалитетни одлуки во интерес на граганите на Прилеп од страна на Советот на Општината.

Тоа јасно и недвосмислено укажува дека одлуките кои ги носеше Советот а беа од интерес на Граѓаните од Општина Прилеп Г динот Јовчески преку молкот ги поддржувал.

Ако се има во предвид однесувањето и пристапот кон седниците на Совет на кандидатот за Градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески, тогаш никого не треба да го изненадува неговото бегање од телевизиските соочувања со останатите кандидати за Градоначалник на Општина Прилеп.

Едноставно, непознавањето на надлежностите на локалната самоуправа и инфериорноста во однос на останатите кандидати, се причините за бегањето на Јовчески од сите дебати на националните медиуми.

Почитувани,

Верувам дека изборот за градоначалник никогаш не бил полесен отколку на овие избори. Како почитуван граѓанин на нашиот град и пошироката заедница, како политичар кој успешно извршувал исклучително важни функции во извршната и законодавната власт, Горан Сугарески е единствениот логичен избор за градоначалник на Општина Прилеп.

Горан Сугарески и кандидатската листа за советници на СДСМ и Коалицијата, се најдоброто за нашата општина.

Најдоброто за Прилеп!

Јулијана Цековска, кандидат за советник од СДСМ и Коалицијата

ОО СДСМ Прилеп

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

Саудиска Арабија ќе учествува на изборот за Мис Универзум 2024 за прв пат во историјата на изборот.

Руми Алкахтани, 27-годишна манекенка и инфлуенсер родена во Ријад, ќе ја претставува Саудиска Арабија на изборот за убавина.

- Чест е да се учествува на изборот за Мис Универзум 2024. Ова е прво учество на Кралството Саудиска Арабија на изборот за Мис Универзум - објави таа на својот Инстаграм профил.

Освен што е крунисана за Мис Саудиска Арабија, Алкахтани ги носи и титулите Мис на Блискиот Исток, Мис на Арапскиот свет за мир 2021 година и Мис жена на Саудиска Арабија.

Таа претходно ја претставуваше Саудиска Арабија на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и оној за Мис Азија, кој се одржа во Малезија, пишува Index.hr.

Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот.

Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата, соопшти УХМР.

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 4 до 12, а максималните дневни ќе достигнат до 27 степени.

Струмичката болница обезбеди модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за хируршки зафати

Струмичката болница обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија, информираа од оваа здравствена установа.

Како што соопштија оттаму, со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно заздравување и пократок престој на пациентите во болница за разлика од отворените хирушки интервенции.

-Тимот на хирурзи, хирурзи на абдоминална хирургија, во болницата веќе подолго време работат лапароскопски операции, а во наредниот период ќе се работи на проширување на експертизата, доедукација на лекарите во лапароскопска хирургија, како и во гинекологија за проширување на видот на оперативните третмани кои досега се работеа во нашата болница со класични отворени хирушки методи, велат од ЈЗУ „Општа болница Струмица“.

Инаку, лани се направени вкупно 1.400 операции, од кои околу 300 лапароскопски хирушки интервенции.

притисни ентер