Царовска: Вработените во нови градинки и обучени и со плата за работа со деца со нетипичен развој

Негувателките и воспитувачките пред се во новите градинки се обучени за работа со деца со нетипичен развој за нивна инклузија и имаат плата како за службеник кој работи со лица со попреченост.

Ова го изјави министерката за труд и социјална работа Мила Царовска при посетата на Брвеница каде се гради нова градинка.

-По однос на сите нови градинки што се градат и обуките кои се во тек тие треба да бидат инклузивни. И децата кои се со типичен развој и децата со нетипичен развој треба да го посетуваат и предучилишното, основното и средното образование во рамки на нивните можности. Исто така и платите на негувателките и воспитувачките се подигнаа на ниво на плата на наставник кој работи со деца со одредена попреченост. Што значи дека и тие имаат свој коефициент и бод во вкупната плата која ја зголемивме сега за 16 проценти, а во октомври платата ќе биде исплатена со плус пет проценти што значи зголемување од 21 процент на вработените во градинките и со тоа очекуваме приемот на овие деца да биде соодветен и тие да се справуваат со предизвиците кои децата со попреченоста ги имаат, рече Царовска.

Руралните општини како Брвеница имаат можност да градат нови дневни центри и за лица со попреченоста над детска возраст.

-Доколку има потреба за развој на посебен дневен центар за возрасни лица со попреченост во оваа општина, тогаш Општината може да се пријави на огласот што сега е објавен на Министерството за развој на социјални услуги. И тука доколку се обезбеди простор ние би го тоа опремиле и дале финансиски средства со цел општината да стартува со социјална услуга дневен центар или друг тип социјален сервис што е потребен за ова и сите други општини. Општините да се подготват со иницијативи и да ги пратат до Министерството, порача министерката./МИА

Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата

 Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на нафтата, додека цените на златото и пченицата паѓаат.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:10 часот порасна на 18.492,46 поени, лондонски FTSE 100 на 7.957,12 поени, францускиот CAC 40 на 8.225,07 поени, а московскиот MOEX на 3.308,14 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс се искачи на 39.760,08 поени, индексот S&P 500 на 5.248,49 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.399,52 поени.

Според податоците од берзите, цената на суровата нафта се искачи на 81.768 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 85.756 долари.

Европските фјучерси на гас на отворањето на берзата ТТФ се продаваа по цена од 27.435 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.192,16 долари за унца (една унца е 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,4668 долари за бушел (еден бушел е 27,216 килограми).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07974, што е за 0,26 отсто помалку од вчера.

Герасимовски: Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица

Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица, туку оние кои оставруваат профит.

Со законско решение за конфискација на дивоградбите, ќе се одземат нелегалните објекти кои оставруваат профит и ке се пренаменат во непророфитни објекти или во места каде ќе се одржуваат културни манифестации, ова утринава го соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод новото законско решение за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти.

Според градоначалникот со законот ќе се реши урбанистичкиот хаос

Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во „Дуел за Македонија“

Дами и господа, во Среда на 3 април, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА.

Дами и господа, во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу најголемите политички опоненти и претенденти за премиер - Димитар Ковачевски лидер на СДСМ и Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Каков претседател и на треба на државата? На каква платформа ќе не’ качува ВМРО-ДПМНЕ, а која година во ЕУ може да се надеваме со СДСМ? Уставни измени или нов договор со ЕУ и Бугарија – кое е поверојатно сценарио за земјата да остане на европскиот колосек?

Граѓанска, мултиетничка или бинационална – во каква Македонија ќе живееме? Има ли етика во политиката или целта да се стигне до 61 пратеник ќе ги оправда сите коалиции?

Како да се стави крај на корупцијата и младите повторно да гледаат перспектива дома?

Кој се „бори“ за Македонија, а кој за фотелјата на Илинденска... Што се црвените линии на Ковачевски, а од што на Мицкоски, дилемите се задача на Гоце Михајлоски, а под жешките рефлектори во студиото на Канал 5 ќе бидат Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во ДУЕЛОТ ЗА МАКЕДОНИЈА, во Само Вистина, Среда 03 Април 18.30 часот!!

притисни ентер