Царовска во Карпош: СДСМ гради сегашност и иднина

Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, вечерва се сретна со жителите на Општина Карпош,  со кои разговараше за реализираното во изминатиот период , но и за новите проекти, предизвици и очекувања од граѓаните.

„Во изминатите 4 години се работеше вредно и напорно во секоја општина во државата, секако со силна поддршка од централната власт. Оваа силна динамика што ја воспоставивме, мора да продолжи и во следниот мандат. Не смееме да дозволиме никој друг да ни ги кочи процесите и проектите кои ги спроведуваме, а кои се исклучиво во интерес на граѓаните", рече Царовска.

Потпретседателката истакна, дека изминатиот период се реализираа проекти и процеси кои се од огромно значење за децата, младите, но и за секој граѓанин.

„Во населба Бардовци изградивме целосно нова градинака со капацитет за 78 деца, со вкупна вредност од над 28 милиони денари.

Одговоривме на барањата на родителите и изградивме целосно нов објект во градинката „Мајски Цвет" во Тафталиџе, но и го реконструиравме постојниот објект за што инвестиравме вкупно 17, 6 милиони денари. Исто така, во тек е изградба на градинка во Карпош 3, со капацитет за 100 деца'', рече Царовска.

Дополнително, во сите 10 основни училишта во Карпош се опремуваат кабинети по природни науки, но и сите, 10 улилишта се обезбедени со сензорни соби, а од оваа учебна година на располагање на учениците со попреченост од Општина Карпош се и 30 образовни асистенти, за првпат вработени преку Буџетот на МОН. Царовска посочи дека не изостанува и грижата за младите и за студентите. Со 157,2 милиони денари, е завршена адаптација и санација на на блоковите В и Г од Студентскиот дом Гоце Делчев.

„И не треба да продолжам да кажувам што е најдоброто и кој покажува вистинска грижа. Тоа го гледаме секој ден, го чувствуваме во позитивните промени. Затоа ве повикувам на 17 октомври да го заокружите бројот 12 и да гласате за Душко Весковски и кандидатската листа на СДСМ и коалицијата. Гласајќи за „Најдоброто за мојата општина", обезбедувате, континуитет на позитивните промени и за подобар живот на сегашните и идните генерации во Карпош", рече Царовска,с е наведува во партиското соопштение.

Видео: Стотици луѓе оделе голи по пустина во Израел

Стотици луѓе покриени само со бела боја оделе низ пустината во близина на Мртвото Море како дел од проектот на американскиот уметник Спенсер Туник, пишува Гардијан.

54-годишниот фотограф го посетил местото во јужен Израел како гостин на Министерството за туризам за по трет пат да го покаже повлекувањето на Мртвото Море, а инспириран бил од библиската приказна за сопругата на Лот која се претворила во столб од сол додека бегала од Содом.

„За мене, телото претставува убавина, живот и љубов“, рекол Туник, која досега организирал десетици фотографирања на голи луѓе.

Докторантката Ана Клејман за Гардијан изјавила дека се приклучила на снимањето за да ги освести луѓето за оваа еколошка криза.

„Навистина се чувствував природно кога се соблеков“. Откако ќе се соблечете, не сакате повторно да се облечете “,рекла таа.

Пред десет години, уметникот снимил над илјада модели на брегот на Мртвото Море, кое се повлекува за еден метар годишно.

Летот на Туник го платило израелското Министерство за туризам, а израелскиот град Арад ги покрил другите трошоци.

Градоначалникот Арад Бен Хамо смета дека проектот е „одраз на либералниот дух во неговиот град“ и се надева дека ова снимање ќе привлече посетители и на тој начин ќе собере средства за финансирање на нов музеј на Мртвото Море.

Видео: Со сопственото тело го штити автомобилот од град

Краткото видео во за рекорден временски период собра бројни симпатии.

Нема многу за што да се зборува. Бурата доаѓала, а сопственик на Тојотата немал подготвено засолниште. Така, тој одлучил да го заштити својот лимен миленик со она што го има до себе, ќебе, картон и сопственото тело.

Иако видеото трае само неколку секунди, секој малку поголем љубител на автомобили ќе го разбере овој гест.

За многумина, автомобилот е повеќе од лим и само превозно средство од точката А до точката Б.

И кога станува збор за автомобил како Тојота Супра, работите стануваат повеќе од јасни.

Станува збор четвртата генерација на моделот што се произведува до 1998 година, а дури и денес тоа е најбараната генерација на Супра и цените честопати се превисоки.

@jakemcgloin

When life doesn’t throw you lemons 😂#sydney #hail #badweather #covid #covid19

♬ Mad World - Michael Andrews

Убиец од Флорида бил пуштен порано од затвор а потоа усмртил жена со шрафцигер

Маж од Флорида, кој бил осуден во 1993 година за убиство на тинејџерка, признал дека избодел жена до смрт со шрафцигер, откако бил пуштен од затвор.

Ерик Пирсон (54) во саботата беше обвинет за убиство на Ерика Вердеција (33), чие тело било пронајдено во канал во близина на Форт Лодердејл.

Пирсон признал дека ја прободел жртвата со шрафцигер четири пати на 25 септември.

Тој бил пуштен од затвор минатиот септември, откако отслужил 27 години од 40 годишната казна, за задавување на Кристина Витакер (17), пишува „The New York Post“.

"Зошто го пуштија на улица? Зошто? Ќе плати овој пат. Нема да застанеме додека не го видиме на електричен стол", рекла мајката на Ерика, Кармен Вердеција.

Полицијата го поврзала Пирсон со исчезнувањето на Ерика откако пријателите рекле дека последен пат ја виделе во продавница со маж кој за себе рекол дека е убиец. Откако полицајците го прегледале камионот на Пирсон, во него пронашле траги од крв.

Ерика Вердеција била мајка на 6-годишна ќерка.

притисни ентер