Царовска во Драчево: Работиме на развојни политики во интерес на сите граѓани

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска и градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, денес имаа маалска средба со жителите на населба Драчево. 

Царовска на средбата истакна дека СДСМ е партија која што навистина се грижи за сите граѓани и посеветено работи на намалување на сиромаштијата, на нови развојни реформи и процеси и на грижа кон сите граѓани и тоа се гледа низ бројни примери.

"Како социјалдемократи вложуваме во сите граѓани и во децата и посветено работиме на подобрување на условите за живот. Тоа го покажавме во претходниот мандат. Продолжуваме со создавање на успешни политики и мерки и во овој мандат на владата", рече Царовска.

На средбата се разговарараше за други актуелни прашања и предизвици, пред се поврзани со коронакризата и со справувањето со последиците од неа.

Словенија: 20 починати, регистрирани 1506 нов случаи на корона

Во изминатото деноноќие во Словенија се потврдени 1506 нови случаи на заразени со корона вирусот , а починати се 20 лица, соопшти словенечката влада.

Во моментов на болничко лекување во Словенија се 1129 граѓани заболени од ковид-19, од нив 192 пациенти се на интензивна нега.

Во земјата бројот на активни случаи е 18677, од почетокот на пандемијата од последици предизвикани од корона вирусот починале 3309 граѓани.

До вчера вакцина против корона во Словенија примиле 46 467 лица.

Сообраќајот по наместа влажни коловози, снег врне на Попова Шапка

 Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено по влажни коловози. Врне снег на Попова Шапка.

Од Македонија пат предупредуваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ, посочуваат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Санкционирани 56 возачи за брзо возење во Липково

 Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово денеска спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со брзина над дозволената на територија на општина Липково. 

Санкционирани се 56 возачи, а изречени се и 17 санкции за други прекршоци, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР наведоа дека продолжуваат со засилените акциски контроли во сообраќајот.

– Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата, истакнаа од МВР.

притисни ентер