Царовска: Учењето на далечина е успешен одговор на предизвиците од пандемијата

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование продолжуваат да инвестираат во подобрување на дигиталните вештини и компетенции за да може секое девојче и момче да добие еднакви шанси за квалитетно образование.

Ова го рече министерката за образование и наука Мила Царовска во обраќањето на третиот Дигитален самит за Западен Балкан во Тирана (Албанија), којшто поради пандемијата се одржува онлајн.

„Пандемијата донесе дополнителни предизвици во организирањето на учење на далечина, нагласувајќи ја потребата за понатамошна и побрза дигитализација на училиштата и образовниот процес. Aко не инвестираме во дигитализацијата, затворањето на училиштата може да резултира со огромна загуба во развојот на човечки капитал и да донесе долгорочни економски и социјални импликации. Затоа, иако кризата е силен стрес-тест за образовните системи, таа е исто така и можност за брзо прилагодување и развивање на образование во чекор со современите трендови. Во Македонија успешно се реализира учење на далечина и 88 проценти од учениците без проблеми следат онлајн настава“, рече Царовска.

Со цел да се обезбеди развој на дигиталните вештини потребни во 21 век и дигитална трансформација, во Македонија, креирани се неколку политики, како што е воведувањето на задолжително учење информатика во основното образование во шесто и седмо одделение и во осмо и деветто одделение како изборен предмет. Царовска истакна дека за поддршка на дигиталните вештини во нашата земја, се реализира програмата Училишта на 21 век, со поддршка на Британскиот совет.

Програмата се спроведува регионално и учениците на возраст од 10 до 15 години од Западен Балкан стекнуваат вештини за критичко размислување, решавање проблеми и кодирање. Тоа им овозможува на учениците да развијат клучни вештини за размислување и решавање проблеми на забавен, интерактивен и иновативен начин, и тие имаат можност да ги применат овие вештини во пракса.

Mинистерството за образование и наука и Бирото за развој на образование следејќи го новиот дигитален акционен план на ЕУ, подготвуваат нови наставни планови и програми кои ќе обезбедат дигитално образование со високи перформанси, преку високо квалитетни содржини, подобрување на инфраструктурата како и на вештините и компетенциите на наставниците.

Третиот дигитален Самит кој се одржува во рамките на Берлинскиот процес е насочен кон регионалната соработка и размена на искуство за дигитална трансформација на највисоко ниво. Дигиталниот самит WB6 има за цел да ги прикаже добрите практики на Западен Балкан, да ги потенцира достигнувањата и резултатите од дигиталната агенда и да ги истражи можностите за градење партнерства со приватниот сектор, во контекст на процесот на дигитална трансформација.

Самитот ја промовира дигиталната перспектива на Западен Балкан во контекст на интеграцијата во ЕУ, истовремено трасирајќи ја Дигиталната агенда, со цел да се даде приоритет на клучните цели за регионот.

Министерство за образование и наука

МЗ: 32 починати, 820 новозаболени, 895 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19

Во: Скопје-279, Куманово-49, Штип-39, Прилеп-15, Тетово-42, Струга-33, Велес-19, Битола-58, Охрид-24, Кавадарци-34, Гостивар-37, Гевгелија-25, Струмица-25, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-15, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод -1, Пехчево-3, Берово-14, Валандово-11, Виница-6, Делчево-15, Кратово-3, Свети Николе-15, Кичево-11, Ресен-1, Неготино-21.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 895 оздравени пациенти од: Скопје-496, Куманово-39, Штип-32, Прилеп-37, Тетово-29, Струга-26, Велес-26, Битола-18, Охрид-33, Кавадарци-17, Гостивар-31, Гевгелија-8, Струмица-17, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-4, Валандово-8, Виница-5, Делчево-1 Кратово-6, Свети Николе-8, Кичево-8, Ресен-7 и Неготино-9.

Починати се 32 лица, единаесет пациенти од Скопје (73, 68, 72, 83, 77, 78, 62, 63, 88, 55, 56г), четири од Куманово (89, 95, 63, 57г), тројца од Прилеп (65, 59, 79г), еден пациент од Тетово (83г), еден од Велес (67г), тројца од Битола (77, 53, 62г), еден од Охрид (75г), тројца пациенти од Гостивар (59, 76, 66г), еден од Гевгелија (74г), тројца од Струмица (57, 68, 76г) и еден пациент од Ресен (61г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61543, бројката на оздравени пациенти е 38400 на починати е 1731, а бројот на активни случаи изнесува 21412.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 26877, активни 10150

• Куманово 3738, активни 942

• Дебар 462, активни 97

• Штип 2662, активни 558

• Прилеп 2983, активни 1047

• Тетово 3812, активни 961

• Струга 1446, активни 456

• Велес 1962, активни 718

• Битола 2041, активни 891

• Охрид 1595, активни 618

• Кавадарци 1247, активни 496

• Гостивар 2516, активни 942

• Гевгелија 737, активни 243 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 132 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1705, активни 597

• Крива Паланка 429, активни 126

• Радовиш 428, активни 118

• Крушево 129, активни 71

• Кочани 1241, активни 288

• Пробиштип 364, активни 91

• Демир Хисар 199, активни 87

• Македонски Брод 169, активни 47

• Пехчево 100, активни 23

• Берово 361, активни 94

• Валандово 217, активни 69

• Виница 373, активни 159

• Делчево 454, активни 205 (129 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 154, активни 53

• Свети Николе 836, активни 235

• Кичево 1263, активни 517

• Ресен 459 активни 191

• Неготино 584, активни 322 (70 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2019 теста се преку: ИЈЗ-693, ЦЈЗ Скопје-73, Авицена-319, Биотек-208, МАНУ -147, Жан Митрев (Филип Втори)-105, Систина со PCR метода -183, лабораторија Лаор –66, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-108, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-76, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -39, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 331.105 тестирања на Ковид -19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 634

• Гази Баба – 1520

• Аеродром -1461

• Карпош – 1191

• Центар – 1103

• Кисела Вода – 1250

• Ѓорче Петров – 878

• Бутел - 603

• Шуто Оризари – 200

• Студеничани – 54

• Сарај – 171

• Арачиново -33

• Илинден – 270

• Сопиште – 59

• Чучер Сандево – 104

• Петровец –140

• Зелениково -83

• Странец – 214

• Нераспределен- 182

Видео: Бизарна борба меѓу девојка и маж од 240 килограми

Поради претешкиот боксер организаторите морала да набават специјална вага на службеното мерење.

На руската боксерска приредба „ Our Business" презентирана е досега невидена и прилично бизарна борба меѓу девојка и маж тежок дури 240 килограми.

На една страна од рингот била Дариа Маздјук, професионална боксерка тешка 63 килограми а во другите агол бил јутјуберот Григори Чистјаков , човекот кој тежи дури 240 килограми.

Дариа во својата боксерска кариера има по четири победи и порази во рингот, а на овој бизарен меч покажа дека знаењето ја победува сировата маса. Маздјук го сруши тешкиот противник на подот и со неколку удари ја заврши борбата.

Американска туристка по 3 години го вратила парчето мермер кое го земала од Рим

Туристка од САД го вратила во Рим со писмено извинување древно парче мермер украдено за време на нејзината посета на вечниот град во 2017 година.

Мермерот бил испратен до Националниот музеј во Рим, парчето древен камен било обележано со ознаката „За Сем со љубов, од Џес, Рим 2017“, пренесува ББЦ.

Пристигна парче камен со порака во која турист моли за прошка за „несовесно однесување и непочитување“.

„Се чувствувам навистина ужасно не само поради тоа што го земав парчето мермер, туку и затоа што пишував по него“, се вели во писмото.

Личноста, за која официјалните лица веруваат дека е жена по име Џес, вели дека таа неуспешно „со часови го гребела и миела мермерот“ во обид да го тргне маркерот од каменот.

Штефан Вергер, директор на музејот, за италијанскиот весник „Ил Месаџеро“ изјави дека вратениот камен не е особено вреден и дека најверојатно е однесен од место како Римскиот форум, кое некогаш било центар на антички Рим.

Тој истакна дека станува збор за млада девојка која пристигнала во Рим во 2017 година и го однела каменот дома како подарок на своето момче.

притисни ентер