Царовска: Учениците од најрана возраст треба да ги препознаваат сите форми на насилство

Затоа, со новата Концепција, кај учениците уште од најрана возраст развиваме свесност и ги учиме да ги препознаваат и гласно да зборуваат против сите форми на насилство, вклучувајќи го и насилството врз девојчињата и жените.

Министерката за образование и наука Мила Царовска се приклучи кон одбележувањето на годинашната кампања против насилство врз жени и девојчиња со порака дека насилството не смее да се премолчува и дека сите заеднички треба да дејствуваме.

– Затоа, со новата Концепција, кај учениците уште од најрана возраст развиваме свесност и ги учиме да ги препознаваат и гласно да зборуваат против сите форми на насилство, вклучувајќи го и насилството врз девојчињата и жените. Постојаното гласно зборување и дејствување против родово базирано насилство ја зајакнува борбата и нè прави уште посилни и солидарни во добивањето на оваа важна битка, а одбележувањето на 16 дена активизам е само потсетник дека гласноста и преземањето конкретни активности се најмоќните оружја за искоренување на сите форми на насилство, дискриминација и нетолеранција, истакнува Царовска во пораката.

Посочува дека МОН посветено работи низ образовниот процес да ја подигне свесноста кај учениците за родово базираното, но и воопшто за сите други форми на насилство, што треба да придонесе за намалување и искоренување на насилството во сите сегменти во општеството.

– Токму во таа насока се и заложбите на Министерството за образование и наука – со воведувањето на новата Концепција, учениците низ образовниот процес да се стекнат со основните општествени вредности, како што се толеранцијата, почитувањето на различностите и еднаквоста. Со реформските процеси учениците од најрана возраст учат да препознаваат и да дејствуваат против ненасилно однесување со што треба да придонесеме за намалување на насилството во општеството. Чекор напред во оваа борба е и повлекувањето на учебниците кои содржат родови стереотипи и поттикнуваат агресивност и понижување. Од оваа учебна година има нови наставни материјали кои ја унапредуваат родовата еднаквост и различностите, наведува Царовска.

Позитивно влијание треба да има и воведувањето сексуалното образование во деветто одделение, се посочува во пораката на министерката, како и јакнењето на стручните служби во основните и средните училишта кои ќе работат на заштита на менталното здравје на учениците и на наставниците.

-Освен во образованието, изминатите години владата направи многу за превенција и заштита од родово базирано насилство. Ратификувана е Истанбулската конвенција, засилена е мрежата за помош и поддршка и поставување механизми за едукација и превенција. Но, ова е битка која мораме да ја водиме сите заедно, како општество, истакнува Царовска по повод двонеделниот активизам против насилство врз жени и девојчиња.

Разбојници ја убиле сопругата на легендарен музичар

Сопругата на легендарниот музичар Кларенс Авант е убиена во вторникот во нејзиниот дом во елитната населба Трусдејл Естејтс во Лос Анџелес.

Имено, таа била убиена од крадци кои упаднале во нивната семејна куќа.

Полицијата на Беверли Хилс била повикана во куќата во Трусдејл Естејтс во вторникот вечерта околу 2.30 часот по полноќ, откако на телефонскиот број 911 добиле повик дека некој бил застрелан и убиен.

Сопругата на Авант, Жаклин Авант, итно била пренесена во болница, каде што подоцна починала. Таа имала 81 година.

Семеен извор изјавил за ТМЗ дека разбојниците пукале додека влегле во куќата и ја погодиле сопругата на Авант.

Авант (90) во тој момент бил дома, но не е јасно дали е повреден во нападот.Легендарниот музичар беше примен во Куќата на славните во октомври, а покрај него беше неговата сопруга.

Нивната ќерка Никол Авант е во брак со извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос.

СЗО: За неколку дена ќе знаеме колку е заразен омикрон

Светската здравствена организација очекува за неколку дена да има повеќе информации за тоа колку е заразен новиот сој на корона, омикрон, изјави денеска техничкиот директор на СЗО Марија ван Керхове.

Во соопштението се посочува дека СЗО ќе има податоци за омикрон многу побрзо од предвиденото, бидејќи Женева претходно соопштила дека ќе бидат потребни недели за да се добијат податоците, пренесе Ројтерс.

Некои од главните прашања се дали сојот е позаразен или отпорен на заштитата од вакцини, а одговорите треба да се почекаат, се додава.

Софија Вергара на луда латино забава во кругот на семејството (ВИДЕО)

Софија Вергара (49) изгледа сензационално на прославата на американскиот Ден на благодарноста, а актерката на социјалните мрежи се пофали со фотографии и видеа од забавата на која присуствуваа членовите на нејзиното семејство.

На ѕвездата од ТВ серијата „Модерно семејство“ и` се придружија помладата сестра, музичарката Вероника (21) и внуката Клаудија (29). Веселото трио танцува пред огледалото, а на Софија подоцна во танцовите чекори и се придружила и нејзината баба.

Се чини дека на споменатата забава не присуствувал актерот Џо Манганиело (44) за кого заносната американско-колумбиска дива се омажи во 2015 година.

- Среќна шеста годишнина од бракот, љубов моја! Уште многу години заедно! Те сакам – напишала Софија на Инстаграм во вторникот.

Двојката се свршила на Божиќ за време на романтичен одмор на Хаваи во 2014 година, само шест месеци откако Вергара раскинала со Ник Лоеб. Тие се венчале во 2015 година во Палм Бич, Флорида. Заедно немаат деца, а Софија е мајка на 27-годишниот син Манол, кој го доби со поранешниот сопруг Џо Гонзалес.

притисни ентер