Царовска: Учебната година ќе биде успешна ако сите страни во процесот се вложат максимално - Канал 5

Царовска: Учебната година ќе биде успешна ако сите страни во процесот се вложат максимално

Колку  се училиштата подготвени за организирање настава со физичко присуство од прво до трето одделение и за спроведување на насоките на МОН и дали се набавени сите потребни материјали прецизирани во протоколите за безбедност.

Царовска: Учебната година ќе биде успешна ако сите страни во процесот се вложат максимално

За условите со кои располагаат е рзговарано на денешната средба меѓу директори на основни училита со министерката за образование и наука Мила Царовска, откако Владата вчера на седница го усвои Планот на МОН за почеток на учебната 2020/2021 година.

– Директорите и градоначалниците се главната алка кои треба да го обезбедат она што ние како Влада и Министерство го носиме. Затоа и ги повикавме на средба, за овој процес на подготовка го сфатат сериозно и понатаму ги спроведуваат насоките кои ги даваме. Дел од нив се подготвени за физичко присуство – помали училишта кои ќе може да ги опфатат сите одделенија или ќе побараат дозвола од комисијата на Владата, дел од нив се поголеми кои се подготвуваат за онлајн-настава. Платформата е во подготовка и наскоро ќе им биде презентирана на наставниците кои потоа ќе треба да ги вклучат и учениците, изјави министерката Царовска сигурна, како што рече, дека и покрај епидемијата учебната година ќе биде успешна ако сите страни во процесот вложат максимални напори.

Додаде дека наставата е динамичен процес и од епидемиолошката состојба и насоките на Комисијата за заразни болести ќе зависи како ќе се постапува во текот на училишната година – дали ќе се продолжи според усвоениот план или, можеби, ќе треба некои работи да се менуваат.

Минатата недела Владата ги усвои протоколите за физичко присуство на учениците во основно и во средно образивание кои се доставени до сите училишта. Допоlнително, вчера беше донесен и Планот како ќе се спроведува учебната година еден месец пред нејзиниот почеток на 1 октомври.

Според Царовска, целта била да се понуди колку што е можно покомбиниран модел кој ќе ги опфати сите и има две опции – физичко присуство на децата или онлајн-настава ако родителот не сака детето да биде во училница со други деца. Ако немаат интернет-пристап или ИТ-уреди, а се работи, рече Царовска, за околу 10 отсто од сите ученици, матреријалите ќе бидат отпечатени и наставникот ќе им ги доставува на родителите. Посочи дека се прават анализи за да почне набавка и во второто полугодие да се обезбедат ИТ-уреди за тие деца.

Поради одложениот старт, Бирото за развој на образвание работи на кратење на наставните програми за бројот на денови кои би го надминале 10 јуни за да може учебната година да заврши на тој датум.

-Имаме 159 дена кои ќе треба да се адаптираат. Бирото ги работи и ќе ми ги достави. Програмата се поедноставува затоа што часот ќе биде 30 минути. Сите овие програми сосе упатствата до петок ќе им бидат доставени на училиштата. Овојпат се подготвува и посебно упатство за оценување што е исклучително важно, зашто онлајн-наставата треба да даде максимален квалитет колку што е можно со овој начин на настава. Минатата година оценувањето не беше уредено. Сега велиме – оценувањето треба да се спроведува со физичко присуство и тоа ќе треба да се организира во групи, секако доколку дозволува епидемилошката состојба и тоа ќе го организираат училиштата со насоки од Бирото. Целта е ,да бидеме сигурни дека знаењето што го стекнале, на правилен начин сме го валидирале и ставиле во свидетелство, истакна министерката за образвание и наука.

Дел од директорите на состанокот веќе прават подготовки според здравствените протокли и реорганизација на наставата согласно со капацитетите на нивните училишни објекти, што е нивна и надлежност на општините.

Директорот на ОУ „Лазо Ангеловски" во Ново Лисиче, Перо Арсеновски, изјави дека нивното улилиште, кое е меѓу најголемите во земјава, е подготвено наставата да ја почне со физичко присуство на учениците до трето одделение. Тоа се вкупно 18 паралелки со по 30 ученици во паралелка и секоја ќе биде поделена во две групи со најмногу 20 деца. Онлајн-настава од нив сакаат да следат 15 до 20 отсто по паралелка. Имаат услови и за онлајн-настава за учениците од четврто до деветто оддлеение, наставниците се обучени, технички и просторно се опремени и сè е, рече, организирано и подготвено за да нема проблеми.

Настава со физичко присуство ќе има во ОУ „Лазо Трповски" во Карпош, не само до трето одделение за кои е задолжително, туку и за погорните одделенија зашто имаат просторни можности. В.д. директорката Јовановска рече дека за родителите што ќе побараат онлајн-настава имаат обучени наставници за да има квалитетна настава.

Матилда Бајкова, директорка на ОУ „Аврам Писевски" во село Бардовци со вкупно 250 ученици, изјави дека онлајн-настава ќе се организира само за ученици чии родители ја избрале, но дека 99 проценти од прво до трето одделение веќе се изјасниле за физичко присуство. И родителите на повозрасните деца, рече таа, сакаат настава со физичко присуство, имаат просторни услови и се подготвени согласно со протоколите. /МИА

Макрон во посета на Гренланд: Порака за европско единство пред Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, во знак на поддршка за автономната територија.

Макрон во посета на Гренланд: Порака за европско единство пред Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, во знак на поддршка за автономната територија и како одговор на интересот на САД за регионот, јави ДПА.

Двајцата лидери ќе разговараат со премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, за безбедноста во Северен Атлантик и Арктикот, како и за развојот на економијата, климатските промени и обновливите извори на енергија.

Посетата доаѓа неколку часа пред учеството на Макрон на Самитот на Г7 во Алберта, Канада, каде што ќе присуствува и претседателот Доналд Трамп.

Тензиите се зголемени откако Трамп повторно ја актуелизираше идејата за американско преземање на Гренланд. Данска и Гренланд тоа категорично го отфрлија.

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата се стабилизира и расте, раст на трговијата во индустријата од 6%

Економијата се стабилизира и расте, раст на трговијата во индустријата од 6%, и раст на преработувачката индустрија од 6,6 проценти.

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата се стабилизира и расте, раст на трговијата во индустријата од 6%

Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот кој го остави СДС после 7 години катастрофално менаџирање, лоши економски политики и отсуство на мерки и проекти.

После 7 години откако СДС ја уништи економијата и го срози стандардот на граѓаните, од голем минус стопанството и трговијата во индустријата се стабилизираа.

Индикаторите за првиот месец од вториот квартал се високи, што покажува дека состојбата е стабилизирана во рамките на нула.

Имаме раст на трговијата во индустријата од 6%, раст на преработувачката индустрија од 6,6%.

Раст на прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар, каде имаме многу повеќе раст од домашниот. Прометот во трговијата во индустријата надвор е околу 7,5 – 7,6 проценти.

За краток период Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ исто така успеа да ги стабилизира буџетските приходи, и енормно да ја зголеми довербата на инвеститорите.

Владата работи посветено со домаќински скроен буџет, се зголемија платите во клучни сектори како здравство, образование, полиција, се работи на конкретни мерки и проекти за намалување на невработеноста со цел подобар и поквалитетен живот на граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Израел издаде предупредување до Иранците да се држат подалеку од воени објекти

 Израелската војска преку објава на социјалните мрежи на фарси јазик издаде итно предупредување до граѓаните на Иран да се повлечат од близина на воени постројки и објекти поврзани со производство на оружје.

Израел издаде предупредување до Иранците да се држат подалеку од воени објекти

„Итно предупредување до сите ирански граѓани: Сите лица што моментално се наоѓаат или планираат да бидат во близина на фабрики за производство на оружје и нивните поддржувачки институции, нека ги напуштат овие области веднаш и да не се враќаат додека не добијат поинакви насоки“, се вели во пораката на официјалниот профил на израелската армија на фарси јазик.

притисни ентер