Царовска: Прв Дигитален саем за средно стручно за правилен избор за продолжување на школувањето

На дводневниот Дигитален саем за средно стручно образование, што денеска и утре се одржува во Скопје, околу 19.000 ученици од деветто одделение можат на едно место да добијат информации кои им се важни за изборот каде ќе го продолжат школувањето.

Министерката за образование и наука Мила Царовска, отворајќи го Дигиталниот саем, прв од ваков вид во земјата, во видеообраќањето рече дека верува дека тој ќе прерасне во традиционален, со цел и секоја следна генерација деветооделенци поедноставно да направи правилен избор на иднината.

„Изборот на образование е важна животна одлука, што може да биде исправна само доколку ученикот ја донесе согласно личните убедувања и афинитети, но и врз основа на добра информираност за перспективата која ја овозможува. На прво место е можноста за работа и солидна заработка. А тоа е најизвесно со стручно образование, кое во последно време го добива вистинскиот сјај, се модернизира и станува тренд меѓу младите“, нагласи Царовска.

Министерката посочи дека учениците на саемот ќе можат прецизно да се информираат каде и што ќе можат да работат по завршувањето на секој од профилите на средното стручно образование. Дополнително, на саемот ќе се запознаат и со можностите за стипендии што Министерството за образование и наука ги овозможува како континуирана стимулација за време на едукацијата.

Крупните промени што МОН ги прави во средното стручно образование, посебно во делот на јакнење на концептот на дуално образование, се темелат на реалните потреби на стопанството за вработување на квалитетни стручни кадри. Тоа им овозможува на учениците дел од образованието да го поминуваат во компаниите вклучени во дуалното образование, во реален производствен процес. Со тоа, младите луѓе се подготвени не само за вработување веднаш по завршување на средното училиште, туку добиваат и подобра стартна позиција за запишување на техничките факултети.

Дигиталниот саем го организира проектот Образование за вработување во Македонија и Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, со поддршка од Министерството за образование и наука и Амбасадата на Швајцарија во Македонија.

Министерство за образование и наука

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер