Царовска: Покажавме дека промени се возможни, продолжувам да се борам за еднаквоста, ...

 Покажавме дека промени се возможни, продолжувам да се борам за еднаквоста, правата и интересите на децата, младите и жените.

И по заминувањето од функциите продолжувам да сум на страната на граѓаните, бидејќи верувам дека тие се единствените кои имаат моќ да ги менуваат работите на подобро. Продолжувам силно да се борам за граѓанските вредности, за еднаквоста, за интересите и правата на децата, младите и жените. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска, во завршното обраќање на крајот од нејзиниот мандат, со кое им се заблагодари на граѓаните за дадената доверба да им служи во три наврати, како министерка за труд и социјална политика, вицепремиерка, а во последната година и половина и како министерка за образование и наука.

-Бев во влада предводена од социјалдемократи, кои успеаа да ја вратат слободата во општеството, вербата во институциите и да ја зајакнат меѓусебната граѓанска почит. Во еден исклучително тежок период, во време на транзиција од режим кон демократија, но и во време на сериозна здравствена криза, заедно со мојот тим покажавме дека можеме многу да придонесеме во справување со општествените и предизвиците на секој поединец и да направиме темелни промени кои водат кон подобро утре.Работевме интензивно, транспарентно и отчетно, оследно застапувајќи ги демократските, а почитувајќи ги граѓанските вредности, но и потреби, барања и иницијативи, притоа водејќи се по една и единствена мисла дека ова општество може и мора да биде еднакво за сите, дека има место за секого и секој заслужува подеднаков третман од државата, вели Царовска додавајќи дека е горда на постигнатите резултати.

Таа истакна дека со социјалната реформа која ја имплементирала како министерка за труд и социјална политика целосно е променет начинот на кој државата се грижи за најранливите.

– Системот на социјална заштита сега е подготвен да ги апсорбира сите семејства во социјален ризик, при што во моментов 35.500 домаќинства се приматели на финансиска помош која ја зголемивме речиси тројно, а обезбедивме и поддршка за вработување. За да ја намалиме детската сиромаштија, воведовме детски додадок кој го користат околу 47 илјади деца и образовен додаток кој го користат околу 30 илјади ученици и студенти, рече Царовска.

Со промените направени во секторот труд и социјала, нагласува, ги унапредивме и правата на лицата со попреченост и создадовме социјална сигурност за повозрасните. Решен е и деценискиот проблем на стечајците со обезбедувањето на месечен надоместок до пензионирање.

-Нашиот императив беше да создаваме вистински инклузивно и праведно општество, притоа менувајќи ја јавната перцепција за лицата со попреченост и создавајќи простор за нивна подеднаква вклученост во сите општествени процеси. Во оваа насока, донесовме и одлука да повеќе нема згрижени деца во сивите и гломазни институции. Тие сега живеат во семјна атмосфера, со повеќе љубов и внимание во малите групни домови, а „Тимјаник" стана синоним за борбата против дискриминација и за прифаќање на лицата и децата со попреченост во заедницата, рече Царовска.

Министерката посочи дека се направени сериозни инвестиции во раниот детски развој и воспитание, со изградбата на најсовремени градинки и вложување во усовршување и кариерен развој на воспитувачите и негователите со што е вратени достоинството на оваа професија.

Смета дека како министерка за образование и наука со образовната реформа е обезбедена добра основа за континуиран развој на националниот образовен систем.

-Усвоивме нова Концепција за основно образование со која се промени целосно пристапот во наставата и таа стана поинтересна, интерактивна и креативна. Започнавме со етапно воведување на нови наставни програми и современи материјали за учење базирани на интеркултурализам, еднаквост, недискриминација кои, освен печатени, достапни се и во дигитален формат, во аудио верзија, а се напишани и на Брајово писмо.Посебните училишта станаа основни училишта со ресурсни центри и тие обезбедуваат поддршка на секое училиште во кое има запишани ученици со попреченост, за што, ангажирани се 500 образовни асистенти кои повеќе не се товар на родителите и старателите, туку обврска на државата, вели Царовска.

Министерката посочи дека МОН изминатиот период работеше и на враќање на атрактивноста и вредноста на средните стручни училишта кои беа загубени поради негрижа во минатото.

-Концептот на дуално образование се прошири во целата држава, а во практичната подготовка на учениците се вклучи и бизнис заедницата. Основавме три регионални центри за стручно образование и обука со кои ќе се овозможи стручна надградба, доквалификација, или преквалификација заради полесно вработување и обезбедување економска лична независност, нагласува таа.

Министерката посочи дека ученичкиот и студентскиот стандард се издигнале на повисоко ниво и оти над 27 илјади, студенти добиваат субвенциониран студентски оброк, нова мерка за олеснување на студентскиот живот и поголем фокус кон суштината на студирањето. Според неа, поголемиот дел од стипендиите се зголемени за 80 проценти, но се воведени и нови категории.

-Особено сум горда што дури и во вонредни околности и услови на пандемија, овозможивме секое дете да продолжи да учи во училница, како најдобра опција од интерес на младите, рече Царовска.

Со процесот на дигитализацијата кој бил забрзан во изминатите година и половина, училиштата се опремиле со современа информатичка опрема, додека голем дел од услугите во областа на образованието – како уписи на првачиња, аплицирање за стипендии и сместување во ученички и студентски домови, станаа достапни електронски.

-За време на мојот мандат во МОН, изградивме неколку нови училишта и спортски сали, а повеќе беа опфатени и со реконструктивни активности. Имаме и проект за реконструкција и постигнување на целосна енергетска ефикасност на студентските домови кој е во тек и ќе се реализира до 2024 година, потенцира министерката.

Според Царовска, науката е заживеана со двојно зголемување на средствата за оваа намена. Во последните два месеца, нагласува, распределени се речиси 250 милиони денари за опремување и поддршка на научните лаборатории и за реализација на научно – истражувачки проекти од посебен интерес за граѓаните и државата.

Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо

Во синоќешните израелски напади врз северниот сириски град Алепо загинаа најмалку 38 лица, меѓу кои и борци од либанското шиитско движење Хезболах.

Претходно сириското Министерство за одбрана соопшти дека при израелските напади погодени се неколку области во и околу градот при што загинале одреден број цивили и војници.

По нападот на Хамас на 7 октомври, Израел ги засили нападите врз базите на проиранските групи на територијата на Сирија. Во некои операции мета беа и позициите на сириската воздушна одбрана и армијата.

Израел со години спроведува слични акции во Сирија, каде што влијанието на Техеран се зголеми откако Исламската Република почна да го поддржува претседателот Башар ал Асад во граѓанската војна што изби во 2011 година. Борците од групите сојузници на Иран, како што е Хезболах, сега се зацврстија на големи делови од источна, јужна и северозападна Сирија, како и во некои предградија на главниот град. /МИА

ЛДП организира „Pet Friendly“ ден во канцеларијата „Либерално ќоше“

„Pet Friendly“ ден за дружење, разговори и идеи на граѓаните со претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова, ќе се одржи денеска во новоотворената канцеларија на ЛДП „Либерално ќоше“ во срцето на Скопје.

- Водејќи се од нашата совесност, свесност и одговорност, покренавме иницијатива за носење на нов закон за благосостојба на животните. Милениците, се семејство, не потрошен предмет и затоа секој сопственик кој го остава својот миленик на улица треба да сноси одговорност и да се обезбеди регулиран систем на одговорно одгледување и размножување. Воедно да се обезбедат соодветни услови за бездомните кучиња и мачки и при тоа да ги заштити граѓаните од несакани повреди, е пораката на Зајкова, стои во соопштението од партијата.

Граѓаните се добредојдени на петочното дружење заедно со своите миленици, а своите идеи и предлози, се додава, може да ги споделат и во писмена форма.

На полето на заштита на животните, ЛДП до Собранието поднесе и предлог за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, којшто ќе воведе построги мерки против оставање животни на улица, поодговорно сопствеништво и ќе ги подобри нивните услови, стои во соопштението.

Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Амандманот 5 кон договорот влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, е со важност до 07 јуни 2024 година.

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за одбрана и безбедност, на која се очекува да се дискутира за Информација за потребата на доделување на Амандман број 5 (Amendment 5 to Letter of offer and acceptance-LOA MK-B-UCC JLTV) кон склучениот договор влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави.

Како што стои во образложението објавано на собраниската веб страна за Информацијата потпишана од министерката за одбрана Славјанка Петровска, Амандманот 5 кон договорот влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, е со важност до 07 јуни 2024 година.

-Врз основа на член 8 став 5 од Законот за јавните набавки во одбраната и безбедноста и член 13 од Уредбата за начинот на доделување на договори со влади на странски држави и Извадокот од Нацрт-записникот од 12-та седница на Владата на Република Македонија, одржана на 26 март 2024 година, со број 41-3655/2 од 26 март 202 година, предметниот материјал има за цел да ја информира Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Северна Македонија за потребата на доделување на Амандман број 5 Amendment 5 to Letter of offer and acceptance-LOA MK-B-UCC JLTV) кон склучениот договор влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави, се вели во Информацијата.

Имено, Министерството за одбрана на Република Македонија со Стратегиски одбранбен преглед ги согледа потребите за реформа на одбранбениот сектор за негова интеграција во НАТО. Со Долгорочниот план за развој на одбранбените способности се трасира патот на реформите во одбрана и дава рамка за модернизација и опремување на Армијата на Република Македонија за постигнување на целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО.

-Еден од клучните проекти за опремување на лесната пешадиска баталјонска група со современа борбена техника е проектот за набавка на лесни оклопни возила на тркала, кој е предвиден да се реализира во периодот 2019-2027 година. Со Извадок од Нацрт-записникот од Деведесеттата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 25.09.2018 година, донесен е заклучок со кој се задолжува Министерството за одбрана во соработка со Канцеларијата за одбранбена соработка на САД, да ги искористи можностите кои ги нуди Програмата за набавка на нова и современа опрема со западни платформи ERIP (European Recapitalization Incentive Program), потребна з аопремување на декларираните сили, посебно за лесната пешадиска баталјонска група, стои во Информацијата.

Во Информацијата се посочува дека со Извадок од Нацрт-записникот од Сто и седумдесет и втората седница на Владата на Република Македонија, одржана на 24 декември 2019 година, Владата донесе заклучок се го прифати Договорот со владата на САД за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Северна Македонија согласно Писмото за понуда на прифаќање на понудата (Letter of Offer and Acceptance-LOA0 FMS Case MK-B-UCC од 12 декември 2019 година.

-Целокупниот проект се однесува за набавка на 96 лесни оклопни возила JLTV од производителот OSHKOSH. Во периодот од 2019 година заклучно со 2023 година, во однос на предметната набавка досега се склучени четири Амандмани кон договорот и вкупно се порачани 71 лесно оклопно возило JLTV. На ден 22 март 2024, од Владата на Соединетите Американски Држави добиен е Амандман број 5 (Amendment 5 to Letter of offer and acceptance-LOA MK-B-UCC JLTV) кон склучениот договор влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави, кој се донесува на набавката на преостанатите 25 лесни оклопни возила, со што ќе се комплетира набавката на овој вид на возила, се вели во Информацијата.

Се посочува дека Управната група во Министерството за одбрана го разгледала Амандманот број 5 и донесе заклучок дека текстот е усогласен помеѓу Канцеларијата за одбранбена соработка од Амбасадата на САД во Република Македонија и Министерството за одбрана, Амандманот 5 е во согласност со писмото за барање за конкретна набавка, претходните одлуки на Програмска и Управна група во Министерството за одбрана за набавка на лесни оклопни возила на трката JLTV, со што се исполнети условите од членот 11 од Уредбата, односно ги содржи елементите утврдени со ФМС процедурите и истото претставува договор за набавка и да продолжи постапката и пред Владата на Република Македонија, со цел негово донесување.

-Со набавката на преостанатите 25 лесни оклопни возила JLTV и со склучувањето на Амандман 5 кон договорот влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави, ќе заврши првата фаза за опремување на Армијата и лесната пешадиска баталјонска група со лесни оклопни возила на тркала JLTV, набавката ќе се изведе поекономично и поефикасно и како краен резултат ќе се реализираат причините поврзани со интероперабилноста на меѓународни операции и мисии, нужните потреби за функционирање на Армијата на Република Македонија во меѓународни операции и мисии, со што сметаме дека се исполнети условите утврдени во член 4 став 1 алинеја 1, 2, 3 и 6 од Уредбата, се посочува во Информацијата.

притисни ентер