Царовска: Нема подобра алтернатива за државата од вложувањето во квалитетно образование

На сите ни е јасно дека немаме алтернатива освен да вложуваме во квалитетно образование и квалитетна едукација на младите, да вложуваме во млад човечки потенцијал кој ќе биде предводник на државата во иднина, вели Царовска.

И тоа ми дава верба дека одиме во добар правец и дека за 5-6 години ќе можеме да се гордееме со плодовите од нашата работа, а тоа ќе бидат создадените нови генерации, подготвени да одговорат на предизвиците на новото време. Ова го истакна министерката за образование и наука за време на денешната посета на основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари, општина Кочани, по повод инвестициските зафати во училиштето. Министерката претходно беше во посета и на СОУ “Љупчо Сантов”, ОУ Св. “Кирил и Методиј” и ОУ “Малина Попиванова” во Кочани кадешто изминатиот период МОН, поддржа инфраструктурни проекти за подобрување на условите за настава.

„Лично сметам дека во моментов во нашето општество како никогаш досега се зборува за промени во образованието и постои сплотеност помеѓу сите општествени чинители и заложба за истите да се случат, да бидат час поскоро реализирани”, рече Царовска. Таа додаде дека кога постои сплотеност, идентична идеологија, визија и заложба и кај општинските власти и кај Владата, но и кај граѓанскиот сектор и граѓаните, тогаш поставените цели многу полесно се остваруваат.

Министерката нагласи дека покрај вложувањето во нови наставни програми и материјали за учење, како и влог во обука на наставниот кадар, инвестициите во унапредувањето на образовната инфраструктура се исто така суштински услов за подигнување на стандардите за квалитет на севкупниот образовен систем.

„И токму затоа, МОН двои сé повеќе средства за оваа намена, а како дел од инвестицискиот план за тековната учебна година беше предвидено и ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари каде со 4 милиони денари се замени кровната конструкција и се излезе во пресрет на барањето на раководството и општината за поддршка на локалните политики за унапредување на условите во училиштата“, изјави Царовска, изразувајќи пофални зборови за локалната самоуправа во Кочани, која, како што рече, многу често самостојно презема иницијативи за инфраструктурни зафати и наоѓа начини како истите да ги реализира.

Министерство за образование и наука

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер