Царовска: Им служиме на граѓаните, работиме посветено и одговорно

За 4 години направивме двојно, отколку ВМРО-ДПМНЕ за 12 години, вели Царовска.

Ние имаме обврска да им служиме на граѓаните што не избраа, секој ден подобро и затоа во сите сектори направивме драстични промени, порача потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на граѓанската трибина на „Најдоброто за нашата општина" во Битола.

Таа нагласи дека за време на претходната власт работниците беа оставени на маргините, ВМРО-ДПМНЕ ги продаваше на инвеститорите како евтина работна сила, и не се усрами, ниту се извини за тоа, а ние за 6 месеци покажавме дека може поинаку, ја зголемивме минималната плата, докажавме дека таа може да биде повисока и да расте, така ние се грижиме за граѓаните.

Потпретседателката Царовска најави дека новиот концепт во образование ќе почне да се применува од септември во 1 и 4 одделение.

Тој ќе ги покаже резултатите и сите ќе застанат зад него, и оние што денес го напаѓаат, затоа што нашите деца ќе бидат задоволни, програмите ќе бидат усогласени со новото време, децата ќе научат да учат, да поврзуваат, да се справуваат со проблеми, се што денеска не учат, истакна Царовска, додавајќи дека во образованието поставуваме амбициозни цели, мораме да брзаме бидејќи ВМРО-ДПМНЕ 12 години не инвестираше во образованието, а со тоа не инвестираше во иднината.

Нашите деца не се помалку интелигентни од децата во развиените земји, но ние им го крадеме потенцијалот, неодговорно и себично како возрасни одговорни кон нив, 30 години се задоволуваат туѓи интереси, а не на децата, а тие се иднината, затоа ние како СДСМ посветено колку да тие се непопуларни политики во моментот, ќе продолжиме да ги работиме, зашто знаеме дека многу скоро ќе станат популарни, многу скоро ќе станат продуктивни, здрави политики што ќе дадат ефект за подобри услови за живот во државата, порача Царовска.

Таа се осврна и на политиките за младите нагласувајќи дека социјалните стипендии ги зголемивме двојно, субвенциониран оброк за 2400 денари добиваат сите студенти.

Некој свесно сакал да го уништи високото образование, затоа ги вративме стипендиите за втор и трет циклус, да се образуваат асистенти, па професори и да останат во нашата државата, нагласи Царовска.

Го правиме она што граѓаните го бараат од нас, посветено и одговорно, не е лесно, но заедно можеме да успееме, и ако споредите ние за 4 години направивме двојно, отколку ВМРО-ДПМНЕ за 12 години, порача потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на граѓанската трибина на „Најдоброто за нашата општина" во Битола.

Хрватска: 15 починати 837 нови случаи на ковид -19

Во изминатото деноноќие во Хрватска се регистрирани нови 837 слачиа на зараза со Ковид-19, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. 

Од последици предизвикани од коронавирусот во последите 24 часа починале 15 лиц граѓани се водат како активни на корона.

На болничко лекување се 692 пациенти, од нив 99 се вклучени на респиратор.

Фото: Карлеуша во латекс со фатомка на лицето

Ново провокативно издание на српската пејачка Јелена Карлеуша.

Популарната и атрактивна пејачка повторно со фотографии предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Русокосата пејачка на фотките позира во скапоцени парчиња од брендот „Долче Габан“ . Парчиња кои според податоците од интернет вредат скоро 400 евра. Долната облека Карлеуша ја надополнила со латекс панталони и ракавици.

За фановите најитересни биле фантомката и бујните гради на пејачката.

Фото: Анонимни убавици со истакнати облини

Убави девојки секојдневно предизвикуваат воздишки на социјалните мрежи.

Овие девојки знаат како да го привлечат вниманието на фановите на социјалните мрежи.

Девојките вообичаено на социјалните мрежи објавуваат фотографии на кои гордо ги истакнуваат своите бујни облини, посебно задниците.

притисни ентер