Царовска и Шахпаска учествуваа на дебата за Денот на толковниот јазик

„ Врвен приоритет е унапредување на услугите и вклученоста во општетството на глувите и наглувите лица“.

Mинистерките за образобвание и наука и за труд и социјална политика, Мила Царовска и Јагода Шахпаска денес учествуваа на дебата „Образованието кај глувите лица и застапеноста на знаковниот јазик во нашата држава", организирана од Сојузот на Глуви и наглуви лица по повод 23 септември- Интернационалниот ден на знаковниот јазик.

Двете минстерки на настанот порачаа дека нивен врвен приоритет е продолжувањето на успешната соработка со Сојузот, но и креирањето на политики коишто ќе ги унапредат услугите и вклученоста на овие лица во општеството.

„Денес зборуваме за унапредување на знаковниот јазик во нашата држава. Како Министерка за образование имам предизвици коишто се однесуваат на подобрување на образовниот ситем за глувите и наглувите лица, но и создавање подобри услови во образованието на овие лица. Она на што ќе работиме заедно со Сојузот е да ги создаваме потребните толкувачи. Во овој процес секако ќе бидат вклучени и високообразовните институции коишто преку квалитетни студии ќе го обноват кадарот", рече министерката Царовска.

Министерката за труд и социјална политика Шахпаска истакна дека градењето општество кое нуди еднакви можности за сите и целосна инклузивност на лицата со попреченост се определба на владата и на министерството.

„За мене како Министер за труд и социјална политика од исклучително значење се условите ги имаат лицата со одредена попреченост за нивна целосна инклузија во општеството, особено по завршувањето на формалното образование.

Нам ни треба општество кое и во јавниот и во реалниот сектор ќе создаде услови за целосна интеграција на сите лица. Затоа што придонесот што секој може да го даде за развој и напредок на општеството е бесценет", истакна Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Како особено значаен проект преку кои се овозможува поголема вклученост и поддршка на лицата со попреченост, министерката Шахпаска го посочи проектот „ Call Centar" , бидејќи преку него се ажурира мобилна апликација која овозможува глувите лица да добиваат одредени услуги и информации, како услуги во банка, аптека и слично.

Преку Министерството за труд и социјална политика а во соработка со здруженија и граѓански организации се реализираат и други проекти со коишто се обезбедува поголема и континуирана вклученост на глувите и наглувите лица, стои во соопштението од Министерство за труд и социјална политика.

Израел нема да преземе одговорност за синоќешниот напад врз Иран, објави „Џерузалем пост“.

Израел нема да преземе одговорност за нападот синоќа врз објект во централниот дел на Иран, објави израелскиот весник „Џерусалем пост“.

Извори од израелската служба за безбедност и од Владата на Израел за весникот рекоа дека причините за тоа се „стратешки“.

Весникот ги цитира зборовите на своите извори: „Око за око, заб за заб. Израел одговори таму, од каде беше нападнат“.

Според извори на весникот, Иран говори за „експлозија во фабрика“, а не за ракетен напад, бидејќи сака да избегне ескалација на тензиите. За доушниците на „Џерусалем пост“ не е јасно зошто Пентагон им открил на американските медиуми дека Израел бил вмешан во нападот - според нив, од САД можеле да молчат, со што би го зачувале достоинството на Иран, а и самите Американци ќе избегнат ескалација на тензиите.

Во информацијата на „Џерусалим пост“ се вели дека во следните 24 часа премиерот на Израел и Бенјамин Нетанјаху, целото раководство од областа на безбедноста и дипломатијата биле во воената база „Кирја“ во Тел Авив, каде договарале дејствија со партнерите од регионот Јордан, Египет и Саудиска Арабија.

Весникот пишува дека земјите од регионот објавиле пред Израел дека доколку Иран нападне, тие се подготвени да помогнат. Според информациите на „Џерусалем пост“, Израел ги информирал САД за нападот. /МИА

РСБСП: Да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Децата се една од најранливите категории учесници во сообраќајот. 

Токму затоа неопходно е да се вложат заеднички напори за унапредување на нивната безбедност во сообраќајот. Треба да се има предвид дека тие се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата и да се посвети особено внимание на нивната едукација од областа на сообраќајните правила и прописи. Неопходноста за помош и едукација од возрасните посебно е изразена кај децата од помала возраст. Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува:

· запознајте ги децата со сообраќајните правила и прописи,

· разговарајте со децата за нивното однесување во сообраќајот и за правилноста на постапките, укажете им како можат да ги намалат или избегнат ризиците по нивната безбедност во сообраќајот,

· укажете им на децата дека коловозот треба да се преминува само на обележан пешачки премин,

· помалите деца во сообраќајот треба да се движат држејќи за раката возрасен,

· децата во сообраќајот треба да се сконцентрирани (а не да користат мобилни телефони или слушалки) за да можат навремено и правилно да реагираат,

· пред да го преминат коловозот децата треба да застанат, да погледнат лево и десно, па дури откако ќе се уверат дека сите возила запреле и дека е безбедно, може да исчекорат за да преминат,

· укажете им на децата дека не е безбедно да се движат на паркинг за возила или да го преминуваат коловозот помеѓу две паркирани возила затоа што можеби возачите нема да можат да ги забележат,

· вклучете ги децата во одлучувањето кога и каде е безбедно да се преминува коловозот,

· препорачливо е децата да носат светла облека или облека со рефлектирачки делови за да бидат повидливи во сообраќајот,

· бидете пример за совесно и одговорно однесување во сообраќајот затоа што децата најчесто учат т.е. земаат пример од однесувањето на другите.

Заеднички да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот на патиштата.

РСБСП

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли во текот на вчерашната акција на МВР,  од 11.00 до 16.00 часот, на територијата на државата.

- Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола... За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци, соопштуваат од МВР.

притисни ентер