Царовска: 87 отсто од учениците без проблем следат онлајн настава

 Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска изјави дека 87 отсто од учениците без проблем следат онлајн настава. 

Другите 13 отсто се оние кои имаат проблем со пристап до интернет или имаат проблем со пристап до техничка опрема, но тоа, како што рече, дневно се надминува и е проблем кој го знаеме од првиот момент.

– Осумдесет и седум отсто од учениците без проблем следат настава. Јас дневно добивам информација. Од почетокот на годината до денеска за 17 отсто е зголемен опфатот на ученици со онлајн настава. Што значи дека дневно се зголемува, а ние известуваме и испраќаме соопштенија како се подобрува процентот, рече Царовска.

Одговарајќи на новинарско прашање, Царовска рече дека никаде нема проблем со приклучувањето на Teams.

Дали и до кога ќе има физичко присуство на учениците во училиштата, Царовска рече дека за тоа не одлучува МОН.

-За тоа имаме Комисија за заразни болести која на дневно ниво ја следи епидемиолошката состојба. Но, не само општата епудемиолошка состојба, туку и состојбата во училиштата. Ние можеме да кажеме дека бројката за две недели не е драстично голема. Имаме девет ученици кои се со физичко присуство и 13 наставници на цела територија, каде имаме 24 илјади наставници кои се во образовен систем, појасни Царовска.

Според неа, ова укажува дека засега внатре нема ширење, но тоа не значи дека нема да се промени и затоа се следи состојбата.

Министерката Царовска рече дека наставата може да продолжи и онлајн се со цел да има континуитет во наставата и за да се заштити јавното здравје. Таа верува дека нашето население, наставниците и учениците ќе успеат да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19 за да имаме континуитет во наставата на начин на кој ја почнавме.

Царовска одговарајќи на новинарско прашање рече дека МОН има подготвено апликација, која на дневно ниво, во 10 часот се испраќа до секое училиште. – Сите директори имаат писмена обврска да пополнуваат во таа апликација и ние секој ден во 16:30 до 17 часот имаме потполни податоци каде имало проблем и кои се причините за проблемите што им се јавиле во наставата, рече Царовска. Додаде дека е важно одговорноста на директорите да биде на највисоко ниво, а тука се и Просветниот инспекторат и сите надлежни институции.

Царовска посочи дека онлајн часовите не можат да се снимаат, а има снимен материјал кој оди на Телевизија и кој е достапен на платформите, како материјал за повторување на одредена содржина.

За донациите од многу компании што се случуваат на локално ниво, Царовска рече дека тие во минатите две недели се во комуникација со градоначалниците за да донираат маски и ИКТ опрема.

Одговарајќи на новинарско прашање, Царовска рече дека сега наставата се одвива двонасочно, без никаков проблем. – Сите наставници имаат пристап до Teams, сите ученици имаат лозинки, дури и оние со физичко присуство заради тоа што не знаеме кога може да се случи промена на состојбата, рече Царовска.

Прашана за организирањето продолжена настава во училиштата, Царовска рече дека тоа е на локално ниво, треба да биде секаде каде што градоначалниците утврдиле дека има капацитети, можности и потреби од родителите. МОН, како што рече, не дава инструкција, тоа е согласно локалното население и потребите на родителите и децата.

Апелираше сите да имаат разбирање, да бидат одговорни, да ги почитуваат препораките од надлежните за заштита од коронавирусот.

Странските инвеститори ги анализираат ефектите од глобалниот минимален данок и примената

Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија ги анализира ефектите од глобалниот минимален данок од 15 проценти што се применува од 1 јануари на глобално ниво врз работењето на странските компании во државава.

Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија ги анализира ефектите од глобалниот минимален данок од 15 проценти што се применува од 1 јануари на глобално ниво врз работењето на странските компании во државава кои ќе треба да плаќаат дополнителен данок во земјите од каде што потекнуваат. Државава се уште не е прилагодена кон овој данок, а првите плаќања за годинава по тој основ странските компании би ги имале во 2026 година.

За членките на Советот денеска во Стопанската комора се одржа презентација на тема „Ефектите од глобалниот минимален данок врз добивките на компаниите во Македонија“, во соработка со ПрајсвотерсхаусКуперс (PwC Македонија).

Претседателот на Советот на странски инветитори Виктор Мизо очекува да се утврдат идеи и предлози што ќе се изнесат пред креаторите на политиките по изборите за прилоагодувањето кон оваа новина.

-Како Совет на странски инвеститори заедно со Прајсвотерхаус куперс организираме разговор како глобалниот минимален данок од 15 проценти кој беше донесен на иницијатива на ОЕЦД а државава го прифати пред две години ќе има влијание врз големите мултинационални компании кои работат во државава и имаат консолидирана добивка од над 750 милиони евра и како тоа ќе влијае на нашите работења но истовремено и врз оданочувањето, како на локално, така и на ниво на државите од каде што потекнуваат компаниите, изјави Мизо.

Советот уште минатата година ја покренал оваа дискусија со економскиот тим на Владата и како што рече Мизо, иако тогаш им било кажано дека ќе има барем некаков транзициски период во кој како држава нема да го воведуваме, сепак од 1 јануари годинава данокот е воведен на глобално ниво.

-За голем број компании без разлика дали работат во или не во технолошко индустриските развојни зони, дали добиваат државна помош или не, ќе треба детално да се разгледаат сите ефекти како тоа ќе влијае. Зборуваме за бројка од над 50 компании кои доаѓаат од многу различни земји, од Северна Америка и од Европа, пред се, рече Мизо.

Со претставниците на PwC Македонија ќе ги разгледаат сите можности и апликации и деталите врз основа на кои компаниите ќе треба да размислат како ќе работат во иднина.

-Истовремено можеме да дадеме размислувања и предлози на кој начин потенцијално идните политики визави компании и државната помош и начинот на различни даночни ослободувања ќе треба потенцијално да се адаптираат за да имаме оптимално искористување овде, посочи Мизо.

Иако државава се уште не е адаптирана на данокот и останува рамниот данок од 10 проценти, Мизо рече дека ако ништо не се смени ќе треба да има доплаќање на дополнителен данок во земјите од каде што потекнуваат овие компании зависно од тоа дали тие добиваат или не државна помош. Разликата, појасни, може да биде целосно плаќање на 15 проценти или разликата помеѓу ефективниот данок кој се плаќа кај нас и до 15 проценти. Исплатата ќе биде во државите во странство каде што се лоцирани компаниите.

Прашан дали може дел од странските компании коишто работат кај нас во зоните да ја напуштат државава поради оваа дополнителна давачка, Мизо рече дека преку разговорите ќе се видат сите позитивни и негативни ефекти, но оти сите политики поврзани со бенифиците би требало да се адаптираат.

-Истовремено ние како индивидуални компании да размислиме како треба да се поставиме, но и да дадеме некои препораки или идеи кон државата на кој начин потенцијално тие даночни политики, но истовремено сите политики поврзани со бенефиции би требало да се адаптираат за да има една неутралност и кон компаниите, но истовремено и за државата, бидејќи даночен одлив од државата исто така не е нешто што е позитивно за никого, укажа Мизо.

Тој смета дека после изборите наесен треба да се разговара со креаторите на политиките за да се види како ќе се адаптираме како држава.

-Ги дефинираме сега сите овие работи и потоа врз основа на овој разговор, врз основа на идеите тоа би ги презентирале до сите креатори на политиките што и како треба да се направи, бидејќи јас сметам дека можеби треба да се размислува ова да се направи после изборите некаде оваа есен за да видиме како ќе се адаптираме како држава, рече Мизо.

Мирослав Мирчев од PwC Македонија најави дека пред компаниите ќе ги претстават комплексните правила за да можат да се подготват за нивна примена

-Во рамки на дискусијата очекувам да се размислува и да се формулира што може да се прави поврзано со фискалните аспекти, со економската политика – секоја компанија сама може да размисли за импликациите и потоа да реши како да постапува – здружено, сама, дали сака да зборува со некој или чисто да биде подготвена за усогласување на плаќањето, рече Мирчев.

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија

Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот.

Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај!

Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на социјалните мрежи сподели графици со растот на платите во приватниот сектор од 2016 до 2023 година фалејќи се дека ја зголемиле благосостојбата на граѓаните и постигнале извонредно зголемување на просечната плата не само во јавниот сектор, туку и во приватниот сектор. Но дали е така?

Од вкупно 19 дејности според Националната класификација на дејности, во периодот од 2006-2016 година кога беше на власт ВМРО-ДПМНЕ во вкупно 11 дејности платите растат со посилно темпо од платите во периодот од 2017 до 2023 година.

Во градежништвото, Битиќи се фали дека платата се зголемила за 72%, но во претходниот период на владата на ВМРО-ДПМНЕ платата во градежништвото порасна за 104% (или двојно се зголемила). Се фали дека растот на платите во секторот транспорт и складирање е 50%, но во претходен период на ВМРО-ДПМНЕ растот беше 62%. Во секторот снабдување со вода и управување со отпад се фали дека платата пораснала за 47%, а во претходниот период на ВМРО-ДПМНЕ растот на платата бил 60%.

И сега, за кој повисок раст на плати збори Битиќи? Платите во секторот информации и комуникации силно растат и во двата периода и сите знаат дека овој раст е природен, условен од високата побарувачката како на домашен, така и на меѓународен план. Платите во преработувачката индустрија, рударството и услужните дејности (објекти за сместување и сервисни дејности за храна, административни и помошни услужни дејности), и во трговија на големо и мало, растат позабрзано во периодот од 2017-2023 година во услови на намалена понуда на работна сила, иселување на работната сила, барање на работа во соседни држави, а при постоење на домашна побарувачка за овие дејности. Пазарните сили ја детерминираат цената на трудот. И како е зголемена благосостојбата на граѓаните кога во ваш мандат трошоците за живот пораснаа за НЕВЕРОЈАТИ 35%? Ако се земе предвид и овој раст, којшто вие упорно не го земате, НОМИНАЛНИОТ раст на платите се топи. И пак, ВМРО-ДПМНЕ ве води во реалниот раст на платите кој беше создаван во услови на решавање на висока невработеност и со испорачување двојно повисок економски раст од вашиот! Губитници сте на секое поле.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар

 Во Макеоднија нема од производот „вафли Нестле Кит Кат Мини“ којшто е повлечен од хрватскиот пазар, информира за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николе Бабовски. 

- Производот повлечен од пазарот во Хрватска, во РАСАФ системот се уште не е нотиран. Нашите инспектори веќе се на терен и во поголемите ланци на маркети нема од тој производ. Има 125-грамски, додека 200-грамски и наполитанки со чоколаден прелив кои се третирани во Хрватска како небезбедни, кај нас на пазарот не се појавени, изјави Бабовски.

Тој најави дека контролата во супермаркетите ќе продолжи и во наредните денови.

-Очекуваме и соодветна нотификација од хрватската служба во РАСАФ системот и системот за брзо предупредување и информирање, рече Бабовски.

Хрватската Агенција за земјоделство и храна денеска објави дека производот вафли Нестле КИТ КАТ Мини е повлечен од пазарот поради присуство на минерални масла.

-Се повлекува исклучиво Несле Кит Кат Мини 200 g во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесе Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

притисни ентер