Цаца-Николовска:Има пропусти во работата на институциите

Не постојат прецизни и јасни информации кој ја има главната вина за бегството на екс- директорот на УБК Сашо Мијалков, но пропусти има во институциите, вели поранешнета уставна судијка Маргарита Цаца Николовска.

Во вакви случаи според неа се зголемува недовербата на граѓаните за работата на институциите. Николовска додава и дека во најбрз можен рок мора да има детектирање на одговоронста.

-Сите имаат пропусти, почнувајќи од тоа како е следен и мене стварно не ми е јасно како може, тоа визуелно следење да биде такво, а да во суштина не се следи визуелно. Сите зборуваа дека ден пред неговото исчезнување тој бил виден нормално во град и после едноставно го снемува, тоа визуелно следење очигледно има проблем, изјави Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија.

Екс-судијката ја искоментира и изјавата на обвинителката Вилма Русковска која кажа дека имала сознанија дека се спрема бегство, но како обвинител не можела да бара притвор бидејќи би прејудицирала пресуда. Николовска вели дека тоа е опширна и неаргументирана изјава, но сепак вели обвинителката имала повеќе информации за тоа дали има аргументи да бара притвор кој е крајна мерка и според праксата на европските судови

-Прво мора да се исрпат другите средства за обезбедување присуство и доколку тие не вродат со плод, тогаш евентуално се оди на мерка притвор што е пракса и на европскиот суд за човекови права,изјави Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија.

Сепак Николовска смета дека и куќниот притвор, доколку се спроведе ефикасно и прецизно може да го постигне ефектот на притворот. Бидејќи тој исто може да го оневозможи бегството и дека сите тие работи треба да се испитаат смета, смета екс-судијката

Хашкиот суд му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа за да се спречи гладот во палестинската енклава.

Во едногласната одлука на највисокиот суд на Обединетите нации, беше речено дека Израел мора да дејствува без одлагање и да дозволи „обезбедување на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош. Најпотребната помош вклучува храна, вода, електрична енергија, гориво, засолниште и облека, како и средства за хигиена и медицински материјали, пренесува Би-Би-Си. Израел обвинувањата дека земјата ја блокира помошта ги нарече „целосно неосновани“ и соопшти дека продолжува да промовира нови иницијативи за да овозможи континуиран проток на помош во газа по копно, воздух и море.

Фото: Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно?!

Скандалозна изјава на сопруга на украински фудбалер, „Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно“.

Сопругата на украинскиот фудбалски репрезенативец Александар Зубков, убавата Ани ја шокира јавноста со неодмерени.

Само ден по триумфот на Украинците над Исланд вреден пласман на ЕУРО 2024, јавноста повторно беше изненадена од убавата Ани.

На денот кога Украина го победи Исланд во бараж дуелот сексапилната Ани го прослави својот роденден.

За жал, нејзиниот сопруг Александар Зубков не доби шанса да игра против Исланд. Селекторот Сергеј Ребров го остави на клупата за резерви.

Крилниот напаѓач на Шахтјор има одлична сезона, одигра 19 натпревари во првенството на Украина, постигна четири гола и забележа пет асистенции.

Ана Зубкова го привлекува вниманието на украинските медиуми со своите неодмерени изјави, но и со својот изглед.

Ана Зубкова пред две години ги запали социјалните мрежи со следнава изјава:

- Не би можел да бидам со човек кој не заработува многу пари. Или премалку заработува. И што? Се прашувате која плата би била нормална за мојот човек? Да речеме 10 илјади евра.

Провокативната Ани потоа истакнала дека месечно само за себе и својот изглед троши околу 3000 евра.

Инаку Ана Зубкова работела како модел, додека не го запознала фудбалерот на Шахтјор. Таа позираше за украинското издание на „Плејбој“ и така стана многу позната во јавноста.

Сега таа редовно објавува жешки фотографии на социјалните мрежи и со тоа предизвикува реакција кај јавноста во Украина.

ФЕД: Имотот на еден отсто од луѓето кои се најбогати во САД достигна рекордни 44,6 билиони

Имотот на еден процент од луѓето кои се најбогати во САД достигна рекордни 44,6 трилиони долари на крајот на четвртиот квартал од 2023 година, пред се благодарение на растот на акциите, соопшти Американската централна банка ФЕД.

Вкупното богатство на еден процент најбогати луѓе, кои ФЕД ги дефинираше како оние со богатство над 11 милиони долари, се зголеми за два билиони долари во четвртиот квартал, а целата добивка дојде од нивните акции, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Вредноста на корпоративните акции и акциите на заедничките фондови во сопственост на првите еден отсто се зголеми од 17,6 билиони долари во третиот квартал од 2023 година на 19,7 билиони долари.

Невидениот раст на богатството започна во 2020 година, а оттогаш богатството на најбогатиот еден процент порасна за речиси 15 трилиони долари или за 49 отсто.

Економистите велат дека растечкиот пазар на акциите дава дополнителен поттик на потрошувачката преку таканаречениот „ефект на богатство“. /МИА

притисни ентер