Бурни реакции по објавеното видео на битолчанец, тепан од полициски службеници

Бурни реакции предизвика видео снимката на социјалните мрежи на кои се гледа како полициски службеници тепаат маж, кој во моментот не пружа отпор.. 

Видео на кое се гледа како униформирани полициски службеници применуваат сила врз човек се појави на социјалните мрежи. Според неофицијални информации настанот се случил во Битола, а на инцидентот наводно му претходела расправија по случена сообраќајна несреќа. Од МВР велат дека внатрешна контрола треба да утврди што точно се случило.

,,Во врска со видео материјалот што денеска беше објавен на социјалните мрежи, а на кое се гледа незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници, Ве известуваме дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Вечерва за инцидентот сведочеа тројца граѓани, кои тврдат дека биле брутално тепани од полицијата. Во гостувањето на Фејсбук страницата на невладината организација Аваја, обвинија дека без причина биле нападнати од група собраќајни полицајци, а насилството како што велат, продолжило и во полициска станица.

Сепак во кои случаи и до каде може полицијата да применува физичка сила законите се јасни, вели во разговор за Канал 5 безбедносниот аналитичар Љубомир Ѓурчевски.

Видеото предизвика силни реакции во јавност по информациите дека претепаното момче било од ромска националност. Со реакција излегоа од Хелсиншкиот комитет за човекови права од каде покрај острата осуда на случајот, најавија и дека ќе бараат истрага.

,,Полицијата мора да ги санкционира бруталните припадници во нејзините редови и да се осигура дека граѓаните се чувствуваат заштитено од страна на полициските службеници.

Што му претходело на ваквото постапување на полициските службеници треба да покаже истрагата која ќе даде одговор на прашањево дали ова е класичен пример на полициска бруталност.

МВР со оперативен план ќе се грижи утрешниот изборниот ден да помине во мирна атмосфера

Од МВР претходно најавија дека ќе има засилено полициско обезбедување во Тетово и Гостивар.

На утрешниот прв круг од претседателските избори ќе може да гласаат и граѓаните кои немаат валидни документи со „Северна “ или по рок на важност им истекле личната карта или пасошот во периодот од 9 месеци до денот на одржувањето на изборите, односно по 24 јули 2023 година. Истото ќе важи и за изборите на 8-ми мај, согласно измените на Изборниот законик од 7-ми март.

Воедно, граѓаните и утре ќе можат да ги подигнат нивните веќе изготовени лични документи.. Од МВР посочуваат и дека скопјани ќе можат личните карти да ги подигнат и во полициските станици.

„ Одделенијата за управни работи работат се со цел граѓаните кои не ги подигнале личните карти да можат тоа да го направат и утре за да го остварат своето право на глас, се разбира граѓаните ќе можат да одат од 8-19 часот да одат во одделенијата за управни работи во градовит екаде што живеат,а за Скопје знаеме дека личните карти се подигнуваат од надлежните полициски станици. “-Тони Ангеловски – Портпарол на МВР

Од полицијата велат дека сите сектори за внатрешни работи се целосно подготвени за гласањето да помине во најдобар ред. Информираат дека како и за претходните избори така и за овие формиран е посебен оперативен штаб кој е насочен кон реализацијата на изборниот процес.

„ Досега нема никакви ниту индиции ниту најави за било какви проблеми, се надеваме ние ќе направиме се процесот да помине најдобро што може, полицијата е подтовена за граѓаните да можат слободно да ја изразат својата волја. “-Тони Ангеловски – Портпарол на МВР

Од МВР претходно најавија дека ќе има засилено полициско обезбедување во Тетово и Гостивар.

ДИК со последни подготовки пред утрешниот изборен ден

Речиси 7.000 болни и изнемоштени лица, затвореници во казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, гласаат денеска, ден пред утрешните претседателски избори. 

Од Државанта изборна комисија соопштија дека се ореземаат сите чекори утрешниот изборен ден да помине во најдобар ред. Пред ДИК е Андријана Лазова.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Ден пред изборите гласаа и затворените и притворени лица, како и оние во домовите за стари лица

Без никакви проблеми тече гласањето во затворите во Македонија, пред утрешните претседателски избори во земјава.

Првиот човек на КП Дом Идризово истакна дека гласањето почнало навреме и се надева дека до 19 часот поголем дел од затворениците ќе го искористат своето право на глас.

Директорот Јовановски исто така истакна дека женското одделение завршило со гласањето и своето право на глас го искористиле 80 отсто од затвореничките.

-Од пријавени 1084, 887 затвореници имаат право на глас. Досега имаме околу 20 отсто излезеност. Имаме ние воспоставено динамика на гласање, така да мислам дека до 19 часот ќе излезат поголем процент на гласачи. - Зоран Јовановски – директор на КП Идризово

Инаку, освен затворениците, денеска гласаат болни и изнемоштени и лица во старски домови.

Процесот се одвива без никакви неправилности и во најдобар ред, информираат од општинските изборни комисии.

-На територијата на Кисела Вода, за денешно гласање имаме пријавено 41 болно и немоќно лице, кои ќе гласаат во својот дом и 46 лица коишто гласаат во три старечки домови.- Татјана Алексовска - Сапунџиоска ОИК Кисела Вода

-На територијата на О. Центар има пријавно 23 лица, болни и изнемоштени, каде треба да се гласа на нивните домашни адреси. Во текот на денот вршиме достава на избирачкиот материјал до избирачките одбори и тие се должни да го спроведат гласањето во нивните домови.- Живко Мијовски ОИК Центар

Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 6.935 граѓани кои се пријавиле како болни или немоќни.

Инаку, право на глас на овиее избори имаат 1.814.317 гласачи, кои ќе гласаат на 3480 избирачки места во целта земја.

притисни ентер