Бугарскиот сопственик ја затвори фабриката „Пејпар мил" во Кочани

 Фабриката за хартија „Пејпар мил" од Кочани е затворена, а 120 работници добиле известување од денеска повеќе да не доаѓаат на работа.

Решение за затворањето донел бугарскиот сопственик на компанијата, а одговорните служби од македонска страна за МИА ја потврдија веродостојноста на информацијата.

– Фабриката е затворена и производствениот процес е целосно запрен, но работниците сè уште не се отпуштени од работа. Што ќе биде понатаму чекаме одговор од бугарската страна. Одлуката е донесена вчера, а причината за затворањето е што нема исплатливост за понатамошно работење ако како енергенс се користи метан. Имаме позитивни резултати од две лаборатории за користењето пелети, но тие не ни се прифаќаат, а други лаборатории пак, велат дека работењето не ни е во ред. Инспекторатот ни наложи да работиме на метан, но тоа не се исплаќа поради големата економска криза, истакна Игор Тасевски, одговорен во „Пејпар мил".

Веќе бил направен план за уште 60 вработувања со проширување на производствениот процес во соседните погони на фабриката, каде првично требало да се инвестираат 1,5 милион евра, за во крајната фаза да се вложат околу пет милиони евра. Според Тасевски, најверојатно сето тоа нема да се реализира, затоа што фабриката не можела да работи на дневно-политичка основа.

Инаку, фабриката „Пепар мил" беше посочувана како еден од главните загадувачи на воздухот во Кочани, поради што се одржаа повеќе граѓански протести. На крајот од минатата година Државниот инспекторат за животна средина ѝ изрече казна од 20 илјади евра и нареди како енергенс за производствениот процес наместо пелети да користи метан.

Пратеник од БиХ слушал турбо фолк за време на онлајн седница: Намали ја армониката (ВИДЕО)

Поради пандемијата, седниците на Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина се одржуваат преку Интернет. За време на денешната сесија се случила невообичаена ситуација.

Имено, за време на гласањето за Предлог законот за „Швајцарец“, пратеникот Ифран Дуриќ гласно слушал музиката во позадина, односно песна од Халид Бешлиќ „Кога срцето бие од мерак”.

„Го молам Дуриќ да ја исклучи хармониката“, му рекол претседателот Мирсад Заимовиќ, што ги насмеало другите пратеници.

Инаку, ова не е прв пат политичарите во БиХ да не се однесуваат соодветно за време на онлајн сесиите. Така минатата година, пратеникот на СДА, Суад Какњо, заспа за време на седница.

Салма Хајек во бикини на 55 години доби половина милион лајкови за еден час (ФОТО)

Актерката Салма Хајек објави на Инстаграм две фотографии на кои позира во бикини, и покажа толку совршено тело што е тешко да се поверува дека е длабоко во педесеттите години.

На првата фотографија актерката позира во плитко миејќи си го лицето, а на втората медитира на песок.

„Треба да го зачуваме мирот“, напишала таа во описот.

Фотографиите добија скоро половина милион лајкови за помалку од еден час, а фановите ја опсипаа со комплименти.

„Божица“, „Убава како и секогаш“, „Ти си толку секси“, „Убавица“, беа некои од коментарите.

Инаку, Салма ќе наполни 55 години во септември оваа година.

Бербер бесплатно средил бездомник, никој не го препознава (ВИДЕО)

Барбер од Франција бесплатно ишишал и избричил бездомник, а неговиот нов изглед воодушеви многу корисници на социјалните мрежи.

Видеото објавено на TikTok од францускиот славен фризер Давид Кодат покажува маж пред и по неговото средување.

Снимката доби илјадници лајкови, а многумина коментираа дека човекот изгледа непрепознатливо.„Косата и брадата менуваат сè“, е еден од коментарите.„Ова толку многу го подмлади“, напишал друг.

Давид Кодат е познат француски фризер ,кој е сопственик на салон во Стразбур.

притисни ентер