Бугарски европратеници бараат Македонците од Албанија да бидат Бугари

Со амандман на бугарските европратеници Андреј Ковачев од ГЕРБ и Ангел Џамбаски од ВМРО-БНД, Европскиот парламент денеска е можно да усвои параграф во резолуцијата за Албанија, кој ќе биде директно на штета на Македонците од Голо Брдо, Гора и Мала Преспа.

Како 24-ти амандман, на денешната  пленарна седница на европарламентот во Стразбур, 751 европратеник ќе ја потврдат резолуцијата за Албанија, каде Ковачев и Џамбаски во последен момент сакаат да протуркаат опасна теза дека македонското малцинство во Албанија  е бугарско.
           
Европарламентот за извештајот за Македонија на известувачот Иво Вајгл ќе расправа на 15 март, а во меѓувреме грчки европратеници со амандман бараат одлуката на меѓународниот суд на правдата која се однесува за спорот за името да биде избришана од извештајот.
притисни ентер