Бугарска министерка: Пожарот во македонскиот автобус е многу чуден, почнал многу брзо

– Несреќата со македонскиот автобус е комбинирана со пожар. Потешкото од пожарот е експлозијата, бидејќи нема време да се реагира, додаде Комитова.

Привремената министерка за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова за БНТ коментира дека на денот на несреќата трхнала кон местото на несреќата на автопатот Струма, но по разговорот со премиерот Стефан Јанев, тој ја советувал да не оди.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Комитова, која е експерт за противпожарна заштита на објекти, има нешто многу чудно, а тоа е што пожарот избувнал многу брзо и се раширил, што се случува во многу посебни случаи.

– Несреќата со македонскиот автобус е комбинирана со пожар. Потешкото од пожарот е експлозијата, бидејќи нема време да се реагира, додаде Комитова.

Таа посочува дека, околу нас е полно со експлозивни елементи.

-Пожарот во автобусот на „Беса транс" зафатил предмети кои многу брзо изгореле и немало време за реакција од патниците. Се добива впечаток дека возачот не се обидел да излезе од автобусот, иако тој имал најмногу време да се евакуира од автобусот. Возачот го познавал овој пат, бидејќи патувал секоја недела. За жал, извештајот од увидот на потот не е завршен, појасни регионалната министерка на Бугарија.

Безбедносната ограда на патот, вели Комитова, е направена по проект од 2002 година, што не значи дека е надвор од нормите, додавајќи дека во времето кога е направена била според правилата. Таа признава дека не претпоставувала дека автопатот „Струма" е во таква состојба и дека несреќата ја отворила темата.

Комитова рече дека ќе се обидат да ја сменат брзината и обележувањето на патот, како и да ја натераат фирмата, кој е одговорна за тоа, побрзо да заврши со проектот.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер