Бугарија жали што Словачка и Чешка ги блокирале заклучоците на проширувањето

Дипломатскиот земјотрес што го предизвикаа Чешка и Словачка со блокадата на заклучоците на проширувањето втор ден ги тресе и Брисел и Софија. 

Документот кој требаше да испрати сигнал дека проширувањето останува меѓу приоритетите на Унијата и натаму е блокиран поради како што појаснија официјална Прага и Братислава, спорната формулација поврзана со погрешното толкување на историјата на кое инсистираше Софија. Бугарското МНР денеска изрази жалење за блокараните заклучоци.

-Подготвени сме да ја слушнеме загриженоста што доведе до оваа одлука и да ги продолжиме нашите напори за постигнување консензус за проширувањето. Ветото на заклучоците на Советот носи ризик да ја поткопа довербата на ЕУ и да ја спречи Унијата да ги испраќа потребните сигнали до Западен Балкан за стимулирање на неопходните реформи, се вели во реакцијата на бугарското МНР.

Во исто време, останува бугарското ветото врз преговарачката рамка за Македонија, која воопшто не е поврзана со блокираните заклучоци. Премиерот Заев, кој денеска беше во посета на Пустец, го изрази разочарувањето и повтори дека македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори.

-Ние не се откажуваме од нашиот македонски идентитет и Бугарија нема причина да покренува други претензии. Ние сме пријателски земји и треба да се помагаме, за да одиме напред и целот Балкан да оди напред, изјави Зоран Заев, претседател на владата (снимки БалканВеб)

Можноста за пресврт за македонските преговори до крајот на годинава е сведена на теорија, вели за Канал 5 Симонида Кацарска од Институот за европска политика, според која, новата блокада на заклучоците е голем удар за германското претседателство, кое се обиде да ги задоволи бугарските барања поврзани со историјата.

Вчера германската канцеларка Меркел изјави дека разговарала со премиерот Борисов и дека во блиска иднина очекува надминување на блокадата.

Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Слот

Ливерпул не ја прекинува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Во текот на изминатите неколку дена, се појави информација дека напаѓачот на Феенорд, Арне Слот моментално е на врвот на потесниот круг на „црвените“. 

Англискиот гигант веќе стапил во контакт со своите колеги во Холандија. Ливерпул чекаа до финалето на Купот на земјата, кое го освои тимот од Ротердам, а потоа почнаа официјални преговори.

Сепак, првата понуда на Ливерпул за Слот беше одбиена од Феенорд, тврди „Атлетик“. Тимот понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот со менаџерот. Холанѓаните одлучија дека оваа сума не е доволна за да го ослободат.

Иако се во преговори за Слот, Ливерпул се уште разговара за други опции за иден тренер.

Минатата кампања, Слот го предводеше тимот од Ротердам до нивната втора титула во Холандија во последните 20 години. Претходната година, Феенорд стигна до финалето на Конференциската лига, каде што загуби од Рома. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.

Клубот нема желба да се раздели со него, но тој е ентузијастички настроен да го преземе Ливерпул. /MIA

ДИК: Излезноста до 19 часот е 48,46%, најмногу во Новаци- 71,07%

Најголема излазност од 71,07 % е забележана во Новаци , а најмала во Центар Жупа со 16,19% ,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски 

На по едно место во Липково, Могила и Делчево ќе се продолжи гласањето поради кус прекин.

ДУИ: Да им честитаме на сите граѓани, имавме мирен изборен ден

На прес конференција на ДУИ во Мала Речица беше речено дека денека имало мирен изборен ден, како и во целиот изборен процес. Ова е наш заеднички успех.

притисни ентер