Бугарија се налути: Честитката од руската амбасада во Скопје за Св. Климент е провокација

Уште една руска провокација која има за цел да забие клин меѓу Бугарија и Македонија и да ја искриви вистината до крајно невозможен степен.

Вака бугарскиот професор Пламен Павлов, ја оценува честитката од амбасадата на Русија во Скопје по повод празникот Св. Климент Охридски.

Како што објави БГНЕС, реакцијата на Павлов, кој според агенцијата, е еден голем познавач на бугарската и балканската средновековна историја, следи по честитката од руската амбасада во која пишува дека Св.Климент Охридски бил „голем просветител, прв словенски епископ, еден од основоположниците на кирилското писмо кое ги поврзува современите руски и македонски јазици”.

Во објавениот текст се наведува и дека руската амбасада во Софија никогаш не и` го честитала овој празник на Бугарија и на бугарскиот народ.

Град Скопје наскоро ќе презентира план за штедење на електрична енергија

Град Скопје наскоро ќе го презентира планот за штедење на електрична енергија. Планот, како што денеска изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, е сеопфатен и содржи интервентни мерки на штедење.

Несакајќи да открива детали, Арсовска најави дека деновиве ќе биде презентиран планот пред јавноста.

– Верувам дека сите институции треба соодветно пред оваа енергетска криза што следи во зимскиот период да се добро подготвени и да направиме се што е можно да ја надминеме оваа енергетска криза, а понатаму да прибегнеме кон штедење на непродуктивните трошења, рече Арсовска, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Радишани.

МЗШВ започнува со авансна исплата од 40 отсто на грантот за млад земјоделец

Мерките кои МЗШВ ги креира за младите земјоделци даваат ефект и се повеќе млади лица активно да се вклучуваат во земјоделскиот сектор. 

Преку програмата за финансиска поддршка на руралниот развој Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) нуди мерки со кои ги поддржува младите земјоделци и тоа преку мерката 112 – помош за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност, каде се доделува грант во висина од 10.000 евра и мерката 113 – поддршка за поттикнување на земјоделското производство, со грант од 20.000 евра, информираат од ресорното Министерство.

– Мерките кои МЗШВ ги креира за младите земјоделци даваат ефект и се повеќе млади лица активно да се вклучуваат во земјоделскиот сектор. Изминативе пет години повеќе од 1.000 млади лица аплицирале и ги искористиле мерките за поддршка на млад земјоделец. Големиот интерес кај младите беше мотив како министерство да предложиме законски измени на законот за земјоделство и рурален развој со кој овозможуваме услови за започнување со авансна исплата на финансиската поддршка за млад земјоделец. Па така со оваа измена младите земјоделци ќе можат авансно да добијат 40 отсто од вкупната вредност на грантот за поддршка за млад земјоделец, велат од МЗШВ.

На овој начин, додаваат од таму, директно им помагаме на младите земјоделци побрзо да започнат со земјоделската дејност, но и со реализација на планираните инвестиции, дополнително со оваа нова можност ги мотивираме младите уште поактивно да се вклучат во земјоделскиот сектор.

Украина: Русија безмилосно гранатира села на југ, луѓето живеат во подруми

Русија се обидува да ја врати изгубената позиција во окупираната област Керсон во јужна Украина, соопштија локалните власти.

"Во регионот Керсон ситуацијата е постојано напната, непријателот е постојано активен. Ситуацијата е особено тешка во населбите лоцирани во близина на линијата на фронтот. Луѓето мора да живеат во подруми или да ги напуштат своите домови", соопшти регионалната државна управа.

„Окупаторите неуспешно се обидуваат да ги вратат загубените позиции и безмилосно ги гранатираат ослободените села“, додаваат од управата.

притисни ентер