Буџетот за 2020 пред пратениците, до петок треба да биде усвоен

Собранието ја почна расправата по Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година. Дополнетиот предлог ги содржи 12-те прифатени амандмани во текот на расправата во Комисијата за финансирање и буџет. 

Во фокусот на буџетот во 2020 се инвестиции во човечкиот капитал. Пред пратениците предлогот го образлож министерката за финансии Нина Ангеловска. За мнозинството буџетот за следната година е развоен, со средства насочени кон проекти од програмата и интересите на граѓаните. За опозицијата социјален, популистички и предизборен.

Приходите во Предлог-буџетот за 2020 година се проектирани на три милијарди и 615 милиони евра, а расходите три милијарди 898 милиони евра. Буџетскиот дефицит за 2020 година е предвиден на ниво од 2,3 отсто од БДП, што е пониско од нивото во 2019 година кога изнесуваше 2,5 проценти, согласно со Фискалната стратегија 2020-2022, како и препораките на меѓународните организации. Дефицитот е намален и во апсолутно ниво за 160 милиони денари, и изнесува 17 милијарди 385 милиони денари.

Министерката за финансии Нина Ангеловска истакна дека во фокусот на буџетот за наредната година е човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор.

– Буџетот 2020 носи мото „Инвестираме во човечкиот капитал" затоа што човечкиот капитал е најважен за економскиот развој на една земја. Само среќни и помотивирани на нивните работни места можат да го дадат својот максимум, а и да останат да ја градат својата иднина во својата земја, дека дома си е дома, истакна министерката.

Таа додаде дека во таа насока буџетот 2020 година е сериозно насочен кон основните три столба за негов развој, ќе инвестираме во подобро здравство, подобро образование, подобра социјална грижа и воопшто подобри услови за живот на сите наши граѓани.

Капиталните инвестиции во буџетот се проектирани на ниво од 23 милијарди денари, а 56 отсто од вкупните буџетски расходи ќе одат во области врз кои се потпира човечкиот капитал.

Проекциите во буџетот се правени врз основа на предвиден раст за следната година од 3,8 отсто од БДП, кој се базира на растот на приватната потрошувачка, извозот и јавните и приватните инвестиции.

Во расправата Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ го оцени како социјален, популистички, предизборен, и кој не е буџет насочен кон човечкиот капитал.

Нејзиниот сопартиец и координатор на пратеничката група Никола Мицевски истакна дека денеска пред нив има популистички, нереален буџет заснован, како што рече, врз само врз една основа, а тоа е дека имаме избори на 12 април и треба граѓаните да ги замајуваме со други работи од реалноста во Република Македонија, од она што граѓаните секојдневно го преживуваат и оваа влада за да излезе од целата оваа ситуација изнајде еден модус, слоган „Инвестираме во човечки капитал".

За Костадин Костадинов од СДСМ буџетот не е популистички, туку е нормално планирање на финасиските средства и ставање на средствата на тоа што е од програмата и интерес на граѓаните.

-Една е констатацијата дека ВМРО-ДПМНЕ е свесна дека ќе ги изгуби изборите. Свесни сте и самите дека изборите ќе ги изгубите, рече Костадинов.

Диме Велков од СДСМ наведе дека првпат се вложуваат повеќе средства од претходните години и дека е разворн со тоа што има 38 милијарди во здравството, 36 во образование 88 во социјална заштита.

Расправта по буџетот согласно деловникот треба да трае најмногу пет работни дена. МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер