Бучковски: Првата шанса за деблокада од Софија е мај или јуни

Ние, реално, според моите проценки, ја имаме шансата да го направиме првиот пробив по изборите во Бугарија, значи мај, јуни. 

Акцискиот план е усогласен 99 отсто и дава надеж дека можеме во овие неколку следни седмици да ја имаме таа меѓувладина конференција која ќе биде многу битна во подготовката на поповолна атмосфера пред разговорите за кои не крие нашиот премиер дека посакуваме да се случат во мај или јуни, по промовирањето на новата бугарска влада, вели специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски.

-Идејата што сега ја промовираше нашето МНР, а го прифати бугарското МНР со одговорот на нашиот акциски план е да имаме еден заеднички документ кој би го усвоиле на заедничката владина конференција која ние претендирамве да се одржи што е можно побрзо. Од друга страна, треба да имаме предвид дека на 5 март почнува кампањата за бугарските избори. Така што, она што го вели министерот Османи дека 99 отсто е усогласен акцискиот план дава надеж дека можеме во овие неколку следни седмици да ја имаме таа меѓувладина конференција која ќе биде многу битна во подготовката на поповолна атмосфера пред оние разговори за кои не крие нашиот премиер дека посакуваме да се случат во мај или јуни по промовирањето на новата бугарска влада, вели Бучковски .

Тој појаснува дека во однос на Акцискиот план е преостанато усогласувањето околу техничките детали, и нагласува дека она што го прават двете страни во делот на медиумите ќе претставува дополнителна алатка која ќе овозможи избалансиран пристап во пренесувањето на информациите.

-Повеќе се технички детали, зашто не беше тајна дека во одговорот на бугарската страна имаше од нивна страна инсистирање да имаме пакет во кој нема да биде само планот за заедничко дејствување или акцискиот план, туку имаше обид да се најде решение и за неколкуте отворени прашања кои ние ги детектираме како политички прашања за кои ќе ни треба повеќе време и подобра атмосфера. Тоа неколкупати го говореше и нашиот премиер, го говореше и претседателот Пендаровски – долгото, краткото име, малцинството, јазичната формула и на крајот систематската борба против говорот на омраза од двете страни. Мислиме дека ова што го правиме во делот на медиумите дека ќе имаме дополнителна алатка – реемтувањето на БТВ, на МТВ, можноста на Макс ТВ да влезат уште 2 или 3 приватни бугарски телевизии, со отворањето на дописништво на МИА во Софија, а истото од 1 март се подготвува да го направи и Бугарската телеграфска агенција во Скопје ќе се создадат предуслови во тој дел, условно кажано медиумите под државана капа, да имаат избалансиран пристап во пренесувањето на информациите, смета Бучковски

На прашањето дали е јасно што точно бара Бугарија и во какви документи, односно како правно би се стигнало до решение што ќе го деблокира пристапниот процес на земјава, Бучковски оценува дека клучот е околу заедничката историја, што вели, според, самиот договор, и е оставено на мултидисциплинарната историско-образовна комисија, а која, смета дека ќе има клучна улога во создавањето на амбиентот за надминување на разликите.

-Инсистираа, јавно беа давани изјавите, а ако го читате и нивниот објаснувачки меморандум, но и изјавите на претседателот Радев, тој инсистира да има посебно поглавје, како во случајот со Србија, тоа е поглавјето 35 кое постојано би го следело импелемнтирањето на договорот и на крајот, зашто и тој процес е реверзибилен, секогаш да може да се навраќа ЕК. Тоа од наша страна јавно беше кажано дека е неприфатлив принцип. Ние се што треба да направиме, а клучот е околу заедничката историја, но ние тоа во самиот договор сме и го оставиле на мултидисциплинарната историско-образовна комисија која мислам дека ќе има клучна улога во создавањето на амбиентот. Не да се форсираат решенија преку ноќ, туку да биде продуктивна, да отвора прашања онака како што е утврдена методологијата и во духот на европските вредности не само во обелоденување на усогласените текстови за заедничко чествување на личностите и настаните од заедничката историја, туку пред се, да се имплементираат во учебниците по историја, географија и литература, смета Бучковски.

Запрашан има ли надеж за пробив во македонско-бугарскиот спор, за време на португалското претседателство, имајќи ја предвид набиената изборна агенда во двете земји оваа година, Бучковски истакнува дека првата шанса тоа да се случи е во месец мај или јуни.

-Ние, реално, според моите проценки, ја имаме шансата да го направиме првиот пробив по изборите во Бугарија, значи мај, јуни. Потоа се влегува во предкампања – кај нас се локалните, но и во Бугарија има други избори тоа се претседателските. Ако не успееме во овие два месеца, потоа другата шанса ни е во ноември, декември. Мислам дека реално имаме шанса тоа да го направиме оваа година, или ако сакате до крајот на мојот мандат кој е до 1 декември оваа година. Реални се шансите да дојде до компромисно решение зашто сепак сме блиску до изнаоѓање формула во која и едната и другата страна, за кои можеби ќе изгледаат на прв поглед како преголема отстапка, но јас сум уверен дека Бугарија конечно ја има нашата кристално јасна порака каде не сме подготвени да попуштиме. Тоа ме храбри, нивното препознавање на она што е неспорно, дека може да биде првиот сериозен чекор кон враќањето на довербата, вели специјалниот владин претставни Владо Бучковски.

Руски воен авион се урна во близина на Крим

Руски воен авион денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на регионот назначен од Русија.

„Пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен. Цивилни објекти не се оштетени“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, пренесува Ројтерс.

Претходно руските канали Телеграм објавија дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно како дошло до инцидентот.

Таравари на панел дискусијата за интеграција на лицата со попреченост

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија .

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија за интеграцијата на лицата со попреченост во општеството.

На панел дискусијата се разговараше за потребите и барањата на оваа значајна категорија.

Темата за интеграција на лицата со попреченост во општеството е многу важно прашање за кое е важно да се има широка свест и соработка на општествено и политичко ниво, а учеството на Таравари на овој панел ја покажува неговата посветеност да се справи со проблемите со кои се соочуваат оваа категорија лица и да се промовира поинклузивно и еднакво општество за сите.

Покрај дискусијата за потребите и барањата на лицата со попреченост, важно е оваа дискусија да води кон конкретни акции и политики ориентирани кон нивна поддршка, се наведува во соопштението.

Јапонската сонда, иако немаше добар старт, ги надмина сите очекувања-преживеа втора лунарна ноќ

Јапонската сонда SLIM немаше одлично слетување на Месечината - слета на нос и брзо остана без струја.

Сепак, таа ги надмина овие проблеми, успеа да оживее, а сега да ја преживее втората лунарна ноќ и да испрати нови слики на Земјата.

- Синоќа добивме порака од СЛИМ, која потврди дека леталото по втор пат ја преживеа лунарната ноќ. Откако изгреа сонцето, сè уште беше високо, а опремата премногу жешка, па направивме само неколку снимки од необичниот пејзаж со навигациската камера - објави JAXA, јапонската вселенска агенција, на Икс (Твитер), додавајќи:

- Според собраните податоци, некои температурни сензори и неискористени ќелии на батерии почнуваат да откажуваат, но повеќето од функциите што ја преживеаја првата лунарна ноќ успеаја да преживеат и по втората лунарна ноќ.

На 19 јануари SLIM успешно слета на Месечината, со што Јапонија стана петта земја (по СССР, САД, Кина и Индија) која успешно изврши таканаречено меко слетување. Иако ја постигна целта и слета на само 55 метри од целта, сондата слета на нејзиниот нос, предизвикувајќи проблеми со напојувањето поради што таа се исклучи по помалку од половина час работа на површината на Месечината. Повторно беше вклучен по околу една недела, но беше исклучен на 1 февруари поради почетокот на лунарната ноќ.

На SLIM неодамна му се придружи американското вселенско летало Одисеја, прво испратено на површината на Месечината од 1972 година, но не успеа да ја преживее лунарната ноќ. Дури и индиското вселенско летало Викрам, кое слета во август, но престана да работи откако ќе се стемни, не можеше да ги преживее екстремно ниските температури во текот на лунарната ноќ.

притисни ентер