Брус Вилис ќе стане татко по петти пат !

Холивудската ѕвезда Брус Вилис по петти пат ќе стане татко. Неговата сопруга Ема Хеминг е бремена , за популарниот пар ова ќе биде нивното второ заедничко дете .

Брус и Ема се уште официјално не ја потврдила оваа информација, но папараците ја фотографирале 35 годишната Хеминг на прошетка низ градот и го снимиле нејзиниот стомак.

Популарната двојка од 2009 година е во брак , набргу потоа станаа родители на Мабел која денеска има 18 месеци .
Брус Вилис во бракот со Деми Мур има три ќерки .

Ердоган : Не сакаме ескалација , но Грција би можела скапо да плати

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска  ја предупреди Грција дека неговата земја ќе одговори на каков било напад врз нивниот истражувачки брод Орус Реис во источниот Медитеран, по расправијата меѓу двете членки на НАТО.

Турција и Грција се расправаат за територијалните води чии морски длабочини се богати со енергенси, а тензиите се зголемија во понеделникот кога Анкара испрати истражувачки брод во спорниот дел на Медитеранот, придружен со воени бродови.

Обраќајќи им се на новинарите во Истанбул, Ердоган денеска рече дека едно од воените бродови што го придружувал Орус Реис - Кемал Реис - „одговори на неопходен начин“ на нападот на грчкиот брод во четвртокот.

„Ако тоа продолжи, тие ќе добијат одговор“, рече тој.

Вчера Ердоган предупреди на „високата цена“ што Грција ќе ја плати доколку Орус Рис биде нападнат.

Претходно во Женева, турскиот министер за надворешни работи рече дека неговата земја не сака ескалација на тензиите со Грција во источниот Медитеран, нагласувајќи дека Анкара ја смета Атина одговорна за тензиите.

„Не сакаме ескалација, но Грција треба да дејствува во согласност со здравиот разум“, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на прес-конференција во Женева.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за спорот меѓу Турција и Грција во источниот Медитеран за време на вонредната средба во текот на денот.

Грчкиот министер ќе се состане и со државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Во Србија 235 новозаразени , починале четворица

Според најновите податоци, во последните 24 часа во Србија се регистрирани 235 нови случаи на инфекција со коронавирус, а починаа уште четири лица.

Хоспитализирани се 143 лица, а 78 пациенти се на респиратор, пишува „Блиц“.

Тихановскаја побара повторно пребројување на гласовите во Белорусија

Тихановскаја од своите поддржувачи побара да ја поддржат истрагата за наводното фалсификување на изборите и ги повика сите градоначалници на мирни демонстрации во Белорусија, пренесува Ројтерс.

Противкандидатката на белорускиот претседател Александар Лукашенко, на неодамна одржаните избори, Светлана Тихановскаја ги повика своите приврзаници да потпишат онлајн петиција во која бараат повторно пребројување на гласовите, со уверување дека е таа победникот на изборите.

Во видео пораката преку јутјуб Тихановскаја од своите поддржувачи побара да ја поддржат истрагата за наводното фалсификување на изборите и ги повика сите градоначалници на мирни демонстрации во Белорусија, пренесува Ројтерс.

За состојбите во Белорусија денеска на итен состанок заседава Советот за надворешни работи на Европската унија. Претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен во пресрет на состанокот побара воведување санкции за Белорусија.

притисни ентер