Бројот на жртви од Ковид-19 во Австрија порасна на 243

Во Австрија бројот на потврдени случаи на коронавирус порасна на 12.332, со 243 починати, велат податоците од австриското Министерство за здравство.

Во Виена во изминатите 24 часа полинале девет лица инфицирани од коронавирус, со што бројот на починати во тој град достигнал 53.

Повеќе од една петина на сите починати е во Виена, а во 100% од случаите постоело и претходно заболување.

Според податоците на Министерството за здравство, до сега се тестирани 115.235 лица.

Вкупно 4.046 лица се излечиле од коронавирусот во таа земја.

притисни ентер