Бројот на случаи на ковид-19, болест предизвикана од новиот коронавирус, сега е повеќе од двојно поголем од годишниот број на потешки форми на грип, според Светската здравствена организација (СЗО).
Многу земји погодени од пандемијата ги ублажија мерките воведени за забавување на ширењето на инфекцијата, па некои забележаа значителен пораст на болеста и сега делумно се опоравуваат, шема што често ќе може да се види во 2021 година, велат експертите.
Соединетите држави вчера објавија повеќе од 55.400 нови случаи на ковид-19. Во повеќето американски држави, бројот на случаи на инфекција е во пораст, а неколку гувернери престанаа со плановите да ги отворат своите држави.
Во САД се пријавени скоро една четвртина од смртните случаи на коронавирус ширум светот, околу 129.000.
Јужна Америка учествува со 23% од случаите на инфекција ширум светот, а само во Бразил има 1,5 милиони. Индија стана новиот епицентар на пандемијата во Азија со 625.000 случаи.
Азија и Блискиот исток секој од нив имаат 12 и 9 проценти од случаите во светот, според Ројтерс, а врз основа на владини извештаи.
Во некои земји со ограничен капацитет за тестирање, бројот на регистрирани случаи одразува помал дел од вкупниот број случаи на ковид-19. Околу половина од заразените досега се опоравиле.
Досега, во светот има 520.000 смртни случаи поврзани со новиот коронавирус, што е приближно исто со годишниот број на смртни случаи од грип.
По избувнувањето во Кина и потоа ширењето во Европа, пандемијата сега влезе во нова фаза во која Индија и Бразил имаат најголем број нови инфекции, повеќе од 10.000 на ден.
Во многу земји, вклучително и Кина, Нов Зеланд и Австралија, има повторна појава на инфекцијата во текот на изминатиот месец, иако тие во голема мерка го сузбија локалниот пренос.