Бројот на заразени од коронавирус во Европа надмина 2 милиона

Во Европа се регистрирани над 2.000.000 заразени лица со коронавирус.

Најголем број заразени има во Русија, а следат Велика Британија, Шпанија, Италија и Франција, пренесува АФП.

Русија бележи 335.882, додека починале 3.388 лица. Во текот на мај, дневно се регистрираа по 10.000 нови случаи.

Досега има регистрирано 257.154 случаи во Велика Британија.

Шпанија и Италија беа жариштата и најпогодените земји во Европа. Досега во Шпанија се регистрирани 234.824 лица, а починале 28.628 лица.

Некои шпански провинции ги доставуваат резултатите со задоцнување, така што бројот на околу 600 нови инфекции на дневна основа не се намалува во оваа земја.

Италија бележи 229.327 случаи, додека 32.735 лица починале како резултат на вирусот.

Повеќето земји започнаа да ги релаксираат мерките воведени за да се спречи ширењето на епидемијата.

Популарните европски летни дестинации се подготвуваат да ги пречекаат туристите уште кон средината на јуни, по двомесечното целосно затворање.

притисни ентер