Бројот на заразени достигна 1,2 милиони луѓе, починаа речиси 65 илјади луѓе во светот

Со над 300.000 заболени од Ковид 19, САД се прва земја по број на заразени во светот... Американскиот претседател Доналд Трамп предупредува дека следуваат најтешките недели и дека може да се очекува зголемување на бројот на смртни случаи.

Трамп ги предупреди Американците дека доаѓаат натешките недели за пандемијата со корона вирусот во САД.Вчера оваа земја ја надминаа бројката од 300.000 заразени, денеска достигна бројка од 311 637 ,а речиси 8.500 луѓе починаа.Најпогоден е Њујорк .

„Најверојатно ќе биде тешка недела, оваа недела и следната недела, и ќе има многу мртви, за жал но нема да има малку мртви.“

Илјадници војници , илјадници медицински работници , професионалци , медицински сестри, лекари , а ќе бидат во голем број ќе им биде кажано следниов период каде одат. Одат во војна , во битка , за нешто што никогаш не биле тренирани, никој не бил трениран за ова, никој не го видел ова , уште од 1917 година.)

Здравствените експерти во Белата куќа неодамна проценија дека САД би можеле да се соочат со 100.000 до 240.000 смртни случаи од ковид-19.

Шпанија по бројот на заразени лица се наоѓа на второто место по САД каде се регистрирани 130, 759 лица, а по бројот на починати е зад Италија, со бројка од 12, 418 лица . Од ден на ден д расте бројот и на починати и на зарзени, надлежните се оптимисти дека Шпанија го поминува пикот на заразата.

Убава вест стигна од Италија ,104 годишната Ада Занусо , која се излечи од Ковод 19 , стана симбол на надежта во напатената Италија која се бори со пандемијата . Преживала две војни, но ја преживеа и борбата со корона вирусот.

Во Франција: И покрај речиси 8.000 мртви, врвот уште не е достигнат.Оваа земја е со ограничени мерки на движење од 17 март за борба против ширењето на епидемијата, па сепак вчера се регистрирани дополнителни 441 смртни случаи во болниците, нешто помалку од петокот кој беше со најлош дневен биланс на жртви од почетокот на епидемијата

Додека врвот на епидемијата „се приближува“ во одредени француски региони,од Французите се бара да останат дома и за велигденските одмори, кои почнаа овој викенд.

Околу 60 припадници на Првата бригада на вооружените сили на Србија, кои биле анга жирани да примат луѓе кои доаѓале од странство од 13 март до 16 март, се заразени со коронавирусот, изјави денеска претседателот Александар Вучиќ, пренесува Танјуг. Во Србија над 1600 се заразени , а починаа 44 лица.

Шефот на кинескиот експертски тим во Србија, доктор Пенг Џичианг изјави дека најефикасна заштита од коронавирусот е носењето маска и најави дека Кина би можела да има вакцина против ковид-19 околу крајот на јуни.

Доктор Пенг, информираше дека коронавирусот може да се уништи по еден час изложеност на температура од 56 степени, а најлесно може да се пренесе во првите два до пет дена од појавата на болеста.

Кина вчера пријави 30 нови случаи на коронавирусот, 19 повеќе од претходниот ден, соопштија кинеските здравствени работници, наведувајќи дека расте бројот на локална трансмисија на вирусот, но и на случаи кои доаѓаат од странство.

Иако бројот на новозаразени значително се намали во однос на врвот на епидемијата во февруари, Пекинг сè уште не успева целосно да ја запре новата инфекција и покрај најстрогите мерки за спречување на Kовид-19.

Видео: Новинар го удира Трамп со микрофон во лице, многумина ја коментираат неговата реакција

На социјалните мрежи вирално стана видео на кое се гледа како американскиот претседател Доналд Трамп го удира репортерка со микрофон во лицето за време на прес-конференција.

Инцидентот се случи додека Трамп одговараше на прашања на новинарите за време на кратката прес-конференција во заедничката база Ендрјус во Мериленд. Беше прашан за ситуацијата во Газа, кога микрофон, одеднаш влезе во кадарот и го удри право во лицето.

Трамп за момент вкочането ја погледна новинарката, кревајќи ги веѓите, но брзо се смири и вниманието од прашањето го пренасочи кон шега.

"Таа вечерва стана телевизиска ѕвезда. Само што стана голема ѕвезда, нели? Дали го видовте тоа?" Трамп коментираше пред камерите, прекинувајќи го својот одговор на сериозно прашање.

Вучиќ: Сакам да го изразам моето задоволство што се одржа голем протест без жртви

Обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ по денешните масовни протести.

Во името на сите граѓани на Србија и како претседател на Србија сакам да го изразам моето задоволство што се одржа голем протест, со негативна енергија, гнев и гнев кон властите во Србија, без да има жртви или сериозни повредени“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека се повредени околу 56 лица, но никој не е тешко повреден, а повредениот на плоштадот Никола Пашиќ не е во животна опасност.

Вкупно 44 лица се во Ургентниот центар, 11 во Клиничката болница Звездара“, рече Вучиќ.

„Исто така, сакам да кажам дека се срамни обвинувањата дека некој употребил звучен топ, прикажувајќи војници и членови на „Кобра“ како тоа што го држат да е звучен топ - рече тој.

Претседателот на Србија нагласи дека сите лица кои учествувале во уништувањето ќе бидат приведени и ќе одговараат за криминални дела.

-Горд сум на фактот што 99 отсто од студентските блокатори не сакаа инциденти, рече Вучиќ.

Пленковиќ отпуштен од болница по операција на срцето, в понеделник се враќа на работа

Хрватската влада соопшти дека премиерот од понеделник ќе се врати на редовните активности, пренесува Вечерњи лист.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ попладнево, околу 17 часот, беше отпуштен од Клиничкиот болнички центар во Загреб (КБЦ) , каде што синоќа беше примен на лекување заради повремено нарушување на срцевиот ритам (аритмија) и каде имаше хируршка интервенција.

Хрватската влада соопшти дека премиерот од понеделник ќе се врати на редовните активности, пренесува Вечерњи лист.

„Постапката на која беше подложен на Пленковиќ синоќа беше планирана порано и помина добро, а по излегувањето од болница си замина дома и во понеделник ќе се врати на редовните обврски и партиски активности“, посочуваат од хрватската Влада.

Според програмата, во понеделник хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ треба да ги посети обновените згради во Загреб, кои беа уништени во земјотресот пред пет години, и да присуствува на комеморацијата за претседателот на Врховниот суд Радован Доброниќ, а потоа и на состанокот на ХДЗ на округот Вараждин и на комеморацијата на 35-годишнината од основањето на ХДЗ.

притисни ентер