Бројот на починати во Франција надмина 10 000

Во Франција, повеќе од 10,000 луѓе досега починале од коронавирус.

Франција стана четврта земја денес со повеќе од 10.000 жртви, по Италија, САД и Шпанија.

Француските медиуми објавија дека 10.328 лица починале во земјата. Од нив 7091 починале во болница, од кои 607 во последните 24 часа, што е највисок број во периодот.

Најмалку 3237 лица починале во старечки домови.

Според Ле Монд, во последните 24 часа починале 697 лица во болниците во Франција, додека 820 починале во старечки домови и медицински и социјални установи.

Така , вкупниот број на полинати денеска изнесува 1417 лица.

притисни ентер