Бројот на новозаразени во Москва е најмал по повеќе од еден месец

Кремљ денеска  ги пофали московските власти, откако градот објави најниско дневно зголемување на бројот на заболени од коронавирусот од 23 април, но некои критичари ги доведуваат во прашање овие податоци.

Властите велат дека епидемијата во Русија се стабилизира, а претседателот Владимир Путин најави дека воената парада за Денот на победата наместо на 9 мај, кога беше откажана , ќе се одржи на 24 јуни.

Москва ќе започне со олеснување на мерките во понеделник. Многу региони веќе започнаа да ги олеснуваат мерките.

Поради ширењето на инфекцијата, последиците од рускиот карантин и ниската цена на нафтата во светот, пандемијата на коронавирус стана еден од најголемите предизвици за Владимир Путин за време на неговото владеење во повеќе од две децении.

Властите денеска објавија податоци за 8.371 новозаразени лица, со вкупно 379.051 заразени, трета земја по број на инфекции во светот по Соединетите држави и Бразил.

Бројот на починати се искачи на 4.142 откако 174 луѓе починале минатото деноноќие.

Фокусот на епидемијата, првично во Москва, сега е во руските провинции.

Москва досега беше најтешко погодениот град, но бројот на нови случаи денеска падна на 2.054, во споредба со врвот со 6.703 новозаразени на 7 мај.

Бројот на починати во Русија е многу помал отколку во другите земји со сличен број заразени, што предизвика дебата и многу критичари ги доведуваат во прашање податоците.

Властите, сепак, стојат зад овие официјални бројки и велат дека тие се поточни од податоците во другите земји.

Николовски од кавадаречка Марена: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, вечерва во селото Марена општна Кавадарци, пред лозарите го презентираше новиот Закон за вино, кои денеска беше усвоен од Собранието.

„Убави вести носам за вас лозарите. Собранието го донесе новиот Закон за вино предложен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје. Исполнуваме уште еден даден збор пред лозарите“, изјави министерот Николовски.

Новиот Закон за вино во целост е усогласен со одредбите на европското законодавство. Се уредува делот на воведувањето нови производи од вино, како органско вино и ароматизирани вински производи. Македонското вино најмногу се извезува, кон земјите членки на Европската Унија и токму овој нов Закон придонесува непречено да се зголеми, но и олесни извозот на македонско вино и производи од вино кон ЕУ.

Законот за вино во целост е на страна на лозарите, решавајќи уште еден голем проблем за лозарите, а тоа е откупната цена. За првпат, преку јасна методологија, се утврдува гарантирана производната цена на винско грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје, на определена површина и соодветен квалитет, согласно дадена методологија, ќе биде вршена од високо образовна, или научна институција, од областа во земјоделството. Лозарите добиваат гарантирана цена на винското грозје, односно производствената цена зголемена за 25%.

Новиот Закон предвидува и креирање на нова годиншна, посебна програма за финасиска поддршка во лозарството и винарството, со која уште повеќе треба да се развиваат овие два значјни сектори.

„Новата посебна програма, во себе ќе ги содржи сите досегашни мерки за лозарството и винарството од програмите за директни плаќања и рурален развој. Создаваме и нови можности за поддршка на активности поврзани со промоцијата на виното во Македонија преку регистар на вина, препорачани цени на вина во ресторани, обележување на сите винарии, вински инфлуенсери, продажба на вино преку интернет“, истакна министерот Николовски.

Системот на заштитата на геогравските индикации на виното, во целост е усогласен со европското законодавство. Новиот Закон за вино во овој дел предвидува, истите да се заштитуваат на национално и меѓународно ниво, со заштитена ознака за потекло, или заштитена географска ознака. Традиционалниот назив на виното, на национално и меѓународно ниво, се заштитува со традиционална ознака.

Производството на вино со геогравска ознака ќе биде следено од сертификациони тела, кој процесот ќе го верифицираат во сите фази почнувајќи од самиот почеток на производство на грозје, до производство на вино со геогравска ознака. Сите заштитени ознаки на потекло и нивните корисници ќе бидат регистрирани во соодветен регистар во МЗШВ.

Новиот закон за вино заедно со десетгодишната Стратегија за развој на винарството и лозарството трасираат нов пат и сигурен развој на двата сектори, винарство и лозарство, преку стабилно произвдоство на винско грозје со мотивирани лозари, потоа зголемен извоз на македонско вино и уште повисоко позиционирање на светската винска мапа, нагласи министерот Николовски, соопшти МЗШВ.

Поднесе оставка министерот за надворешни на Латвија- се возел во скапи приватни авиони

Министерот за надворешни работи на Латвија Крисјанис Каринс објави дека се повлекува поради обвинувањата за трошење народни пари во врска со скандалот со чартер летови.

Каринс денеска по средбата со премиерката Евика Силина објави дека на 10 април ќе поднесе оставка од функцијата. Парламентот веќе следниот ден може да одлучи за неговиот наследник.

Каринс беше критикуван за чартер летовите за време на мандатот на премиерот. Тој ја водеше латвиската влада од 2019 до 2023 година, а во тој период леташе околу триесет пати со приватни авиони наместо со поевтини, редовни линии.

Латвиското државно обвинителство минатата недела започна истрага за можното трошење јавни средства.

Каринс ги негира обвинувањата, тврдејќи дека летовите биле неопходни за да се заштеди време или за да може да се врати во земјата што е можно поскоро за работа поврзана со владата.

Силина рече дека Каринс ја презел политичката одговорност и дека се уште не знае кого ќе назначи за негов наследник.

Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic

Амазон објави дека ќе инвестира дополнителни 2,75 милијарди долари во Антропик, со што вкупната инвестиција на компанијата во стартапот за вештачка интелигенција ќе достигне 4 милијарди долари.

Технолошкиот гигант ќе го задржи малцинскиот удел во Антропик со седиште во Сан Франциско, ривал на OpenAI, кој го произведе ChatGPT.

- Веруваме дека нашата стратешка соработка со Антропик дополнително ќе ги подобри искуствата на нашите корисници и со нетрпение ги очекуваме следните чекори - рече Свами Сивасубраманијан, потпретседател за податоци и вештачка интелигенција во веб сервисите на Amazon (AWS).

Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл инвестираше 1,25 милијарди долари во Антропик во септември 2023 година и тогаш посочи дека има планови да инвестира до 4 милијарди долари, пренесува британски Гардијан.

Двете компании соработуваат на развојот на таканаречените основни модели, кои се во основата на генеративните системи за вештачка интелигенција кои го привлекоа глобалното внимание.

Според договорот, Anthropic ќе користи AWS како свој примарен провајдер на „облак“ и ќе ги користи сопствените чипови на Amazon за изградба, обука и распоредување на модели со вештачка интелигенција.

Исто така, ќе им овозможи на клиентите на AWS, кои се претежно бизниси, пристап до моделите на услугата на Amazon наречена Bedrock. Во своето соопштение, Амазон вели дека компаниите како што се Delta Air Lines и Siemens веќе го користат Bedrock за пристап до моделите со вештачка интелигенција на Anthropic.

притисни ентер