Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, да се почитуваат мерките за заштита

Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.848 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. 

Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (88 г.) во болнички услови и пациентка од Кичево (80 г.) вонболнички. Регистрирани се 175 оздравени пациент.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 12.357, бројот на оздравени пациенти е 8.662, на починати е 532, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.163.

Од вкупниот број активни случаи, во Скопје има 1.067, во Штип 301, во Гостивар 294, во Куманово 258, во Тетово 168, во Струга 160, во Дебар 124, во Кавадарци 107…

Досега во земјата се направени вкупно 120.950 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти од кои на кислородна поддршка се 27 пациенти, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и пет деца позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември" примени се 11 пациенти. Вкупно хоспитализирани се 69 пациенти од кои на респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 23, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини во Скопје има во Чаир – 150, Аеродром – 132, Гази Баба – 120, Карпош – 108, Центар – 90, Кисела Вода – 89, Шуто Оризари – 85, Ѓорче Петров – 76, Бутел – 65, Сарај – 39, Студеничани – 33, Арачиново – 20, Илинден – 20, Сопиште – 11, Чучер Сандево – 9, Петровец – 8, Зелениково- 6, тројца странци и тројца нераспределени.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил напиша дека сè може да се надополни – и дружбите и веселбите и излегувањата, и учењето и знаењето, и работата и патувањата, здравјето не може да се надополни.

– Грижата за здравјето на нашите најмлади, на нашите родители, баби и дедовци, на соседите и хронично болните, на ризичните групи – тоа е приоритет во секоја наша одлука. И тука нема компромис! Одговорноста е на секој од нас!, објави Филипче.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер