Брнз: САД се со Македонија во искачувањето по ридот кон посигурна евроинтегрирана иднина

Како што Македонија, како што вие, ќе продолжите да се искачувате по ридот кон посигурна евроинтегрирана иднина, ќе мора да се соочите и со тешки предизвици, вели Брнз.

Дилемите што тие ги создаваат се единствени за вашата држава и вашето патување, но во соочувањето со нив не сте сами. САД се со вас на тоа искачувње, порача вечерва американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз на свеченоста во Американската амбасада по повод 246-годишнината од независноста на САД.

Во присуство на претставници на државниот врв, политичките партии, граѓанскиот сектор, медиумите Брнз порача дека како што двете држави ќе се соочуваат со нови предизвици, така ќе се справуваме со нив заедно, како сојузници, партнери и пријатели.

Амбасадорката во својот говор потсети дека пред три години, како што рече, првпат се искачила на овој рид до Амбасадата во Скопје и била инспирирана од глетката и потенцијалот што ја опкружува.

– Бев свесна дека ќе има предизвици. За некои од нив знаев и ги очекував, како потребата да се продолжи со борбата против корупцијата, да се зајакне владеењето на правото и да се зајакнат демократските институции. Некои беа нови, како смртоносната светска пандемија, разорните шумски пожари и сега бруталната и неоправдана војна што беснее во Европа. Но, без оглед на предизвиците што ни претстоеја јас бев убедена дека односите меѓу САД и Македонија се доволно силни и динамични и дека заедно ќе можеме да се справиме со истите и ќе излеземе порешителни во нашето партнерсто, истакна амбасадорката.

Таа потенцира дека изминатите три години Македонија напредувала од земја која тежнеела да стане членка на НАТО, до сигурен, еднаков и способен сојузник. Потсети дека во мај земјава беше домаќин на вежбата „Брз одговор“, која беше најголемата воена вежба досега одржана на полигонот „Криволак“.

– Армијата на Македнија се модернизираше и ги подобри подготвеноста и капацитетите за одговор, а варварскат агресија на Русија врз Украина, народот за кои тие тврдат дека им се браќа и род и со кој имале толку многу заеднички работи не можеше појасно да илустрира зошто денес НАТО е поважно од кога било, истакна Брнз.

Таа напмена дека Македонија постојано ја покажува својата посветеност на стратешкото партнерство и поддржувањетп на демократските принципи истите идеали, што како што рече амбасадорката, Русија се обидува да им ги негира на граѓаните на Украина.

– Без разлика дали стои цврсто во поддршка на санкциите против Русија или им помага на лицата евакуирани од Авганистан или активно учествува на Самитот за демократија на претседателот Бајден, Македонија е сигурен пријател на кој му веруваме. Заедно соработуваме за да ја заштитиме животната средина, културата и економските можности коишто ја прават Македонија витален дел од регионот, истакна Брнз.

Таа во својот говор изнесе детали за различните сфери на соработка меѓу двете земји во различни области нагласувајќи дека како што се проширува лидерската улога на Македонија во Западен Балкан така се зголемува и можноста за економски раст и нов развој.

Брнз истакна дека од 2019 година САД има инвестирано речиси 60 милиони долари во индустријата, инфраструктурата и иновациите, создавајќи илјадници работни места.

Нагласувајќи ја продлабочената билатерална соработка меѓу двете земји, Брнз истакна дека Вашингтон и Скопје имале повеќе можности за прослава на јубилеи и достигнувања во изминативе три години.

– Четврт век дипломатски односи меѓу САД и Македонија. Триесет години партнерство со УСАИД и 25 години делување на Мировниот корпус во земјата. Долгогодишна соработка со Националната гарда на Вермонт. И секако, 30 години од вашата независност, истакна Брнз.

Амбасадорката порача дека демократијата претставува качување во угорнина.

– Нашите татковци – основачи го знаеле тоа пред 246 години, исто како што вие го знаете по 30 години. Мора да продолжиме да се стремиме кон подобрување на животите на нашите граѓани и иднината на нашите млади, да се справуваме со нееднаквостите во системот и да се залагаме за вредностите кои одамна ги браниме. Навистина може да претставува товар да се опстои на вистискиот пат со поглед вперен нагоре, наместо да се бара излез. И понекогаш тоа значи носење тешки одлуки во тешки моменти, порача Брнз во својот говор пред присутните на свеченоста во Американската амбасада.

Словачка одби да ѝ испрати помош на Украина, луѓето сами собрале 2 милиона евра за муниција

Словаците се лути поради одбивањето на словачката влада да обезбеди воена помош за Украина во борбата против руската инвазија, оваа недела собраа речиси 2 милиони евра во кампањата да му помогнат на Киев да се снабди со муниција.

Украина има итна потреба од резерви на муниција по две години војна. Но, Словачка одби да се приклучи на планот на чешката влада да купи стотици илјади гранати како артилериска муниција за Украина. Најмалку 15 сојузници се приклучија на планот.

„Кога слушнав за иницијативата на чешката влада, бев многу среќен кога слушнав дека се истражуваат сите начини за да ѝ се помогне на Украина да се одбрани од (рускиот) агресор, бидејќи нема друг начин“, рече Ото Симко, 99 -годишен преживеан од Холокаустот и новинар кој помогнал да се започне словачка онлајн кампања за собирање средства.

Словачка ја прекина државната воена помош за Украина минатата година, тврдејќи дека конфликтот нема да се реши воено, а премиерот Роберт Фицо ја усвои руската реторика повикувајќи на мировни преговори. Украина вели дека ќе се бори додека руските трупи не се повлечат.

Во видеото објавено на страницата на Јутјуб на организаторот на кампањата, Симко вели дека Русија треба да биде истерана од Украина за „да може да се зборува за мир под услови кои ѝ одговараат на украинската независност“. Донаторите велат дека целта на кампањата е да се покаже дека мнозинството не се согласува со промената на владата во надворешната политика по изборите во септември.

Претходните влади обезбедија противвоздушна одбрана и борбени авиони за Киев, додека министерот за надворешни работи на владата на Фицо се состана со неговиот руски колега во март. Тоа беше редок состанок на високо ниво на кој учествуваа Москва и членка на Европската унија.

„Многу луѓе во Словачка се срамат од ориентацијата на владата кон Русија. Тоа е причината за ваквиот придонес на народот“, рече Зузана Изакова од граѓанската група Мир за Украина, која е организатор. Акцијата „Муниција за Украина“ собра 1,94 милиони евра за четири дена, до петок напладне, со повеќе од 30.000 донатори, кои во просек донирале по 64 евра, се наведува на веб-страницата на иницијативата.

Изакова рече дека собирањето средства ќе биде неограничено, а средствата ќе бидат наменети за чешката кампања за набавка на муниција, од која во јуни се очекуваат првите испораки во Украина. „Ќе направиме сè што можеме за граѓаните на Словачка да можат да ја исполнат својата намера да ѝ помогнат на Украина“, ја цитираше чешката телевизија изјавата на чешкиот премиер Петр Фиала вчера во Брисел на самитот на ЕУ.

Костадиновска-Стојчевска: Само со СДСМ има европска иднина, нема враќање во мрачното минато

„Вистински промени во македонското општество се можни само со следење на европскиот пат и со членство во европското семејство. “

„Нашата држава нема друга алтернатива. Нашите работници и пензионери немаат друга опција за подобар живот, за достоинствено вреднување на нивниот труд, за посигурна иднина за своите деца и внуци”, порача потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Охрид.

Таа додаде дека како што во изминатите години постојано Владата предводена од СДСМ ги зголемуваше пензиите и водеше посебна грижа за сите, така продолжуваме и после 8 мај.

„Ние сме првата политичка партија која воспостави трајна методологија за раст на пензиите, но и постојан раст на платите”, рече Костадиновска-Стојчевска додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не покажа никаква грижа ниту за државата, ниту за културата, ниту за работниците, нуту за пензионерите, туку дека целосно се посветија на ограбување на народот и на дезинтеграција на државата.

„Во време на ВМРО ДПМНЕ не успеаа да ги осигураат платите во култура, само успеаа десет луѓе да заработат од гипс картонот кој стои во центарот на Скопје”, посочи коносителката на листата во изборната единица 5.

Костадиновска-Стојчевска рече дека промотивното видео кое партијата на Мицкоски го промовира во кое еден актер шета низ магла е вистинската порака која сакаат ВМРО-ДПМНЕ да ја пратат, дека повторно културата ќе биде за одредена група на луѓе и ќе биде заробена во канџите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Навикнати се нивните политики да функционираат само во хаос и безредие. За нив Европската унија, европската култура и идеја не се иднина”, укажа Костадиновска-Стојчевска.

Коносителката пред охриѓани порача дека ова се избори помеѓу светла иднина и мрачно минато и дека на 8 мај граѓаните ќе изберат надеж и европска иднина.

„Немаме време за губење за власта да ја предадеме на манипулатори и креатори на лажни вести и наместени анкети. Тие немаат план за државата, тие од заматените погледи од корупција и незнаење, не ја гледаат иднината, рече Костадиновска-Стојчевска потенцирајќи дека нема време и трпение да живееме во нова мрачна деценија, особено сега кога на дофат ни е светлата европска иднина.

„СДСМ иднината ја носи заедно со нашиот Претседател Стево Пендаровски. Сите ние цврсто и одлучно го газиме европскиот пат и нема да дозволиме никој да не попречи, а најмалку деструктивната и корумпирана ВМРО ДПМНЕ. За нас одамна е јасно- НАШАТА ИДНИНА Е ВО ЕВРОПА и од неа не се откажуваме“, им порача на охриѓани Костадиновска-Стојчевска, се наведува во партиското соопштение.

Шолц: Војната во Украина би можело да потрае уште неколку години

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да биде продолжена за уште неколку години.

„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби уште пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц. Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.

„Од почетокот на војната, сепак, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на напредок“, рече тој. „Диктираниот мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.

Шолц вечерва беше гостин на панел дискусија организирана од весникот Freie Presse со наслов „Германија под притисок. Како може да функционира коалицијата под новите услови?“ , објави Цајт.

притисни ентер