Британските туристи дивеат во Шпанија, нема корона заштита и полиција (ВИДЕО)

Иако ги поканија Британците да дојдат кај нив на одмор затоа што се безбедна дестинација, откако се рашири снимката од одморалиштето Магалуф на социјалните мрежи, многу Шпанци се покајаа.

Социјалното растојание и карантинот би можеле да бидат залудни ако туристите продолжат да се забавуваат како на снимките објавени на социјалните мрежи.

Снимките на пијани британски туристи кои скокаат по автомобили и танцуваа се појавија на Твитер. Еден добар дел од шпанското население сè уште се придржува кон правилата на социјална дистанца, а фактот што Британците го прават токму спротивното, ги налути.

„Во Пунта Балена има тотален хаос. Стотици кучкини синови од Велика Британија“, може да се прочита на социјалните медиуми.

"Без маски, скокаат по автомобили и пијат на улиците. Ова е катастрофа. Каде е полицијата, срамота", се лутат Шпанците.

„Делови од Шпанија се ставени во карантин, постарите жители се затворени во своите домови, сите ние носиме маски надвор, а во Магалуф Британците прават што сакаат. Срамно“, се коментира на Твитер.

Во полиција биле пријавени најмалку 60 нелегални забави, а имало судири меѓу локалното население и туристите. Паричните казни за организирање на вакви забави сега изнесуваат 600.000 евра.

Но, Британците не се единствените. Германскиот министер за здравство Јенс Шпан го осуди однесувањето на неговите граѓани на Мајорка.

И покрај вечерашниот неуспех, Роналдо ја испиша историјата на Јувентус

И покрај победата од 2: 1 против Лион во Торино , Јувентус нема да продолжи со натпреварите во Лигата на шампионите.

Со голот против Лион во осмина финалето од Лигата на шампионите, 35-годишниот Кристијано Роналдо стана играч со најмногу голови во една сезона во историјата на Јувентус.

Тоа беше 36-тиот гол на португалскиот напаѓач оваа сезона, со што го собори 95-годишниот рекорд на Ференц Хизрез. Подоцна, Роналдо постигна уште еден погодок во голот на Лион со топовски шут, па стигна до 37. гол оваа сезона.

Од 37 гола дури 14 се постигнати од пенал. Тој исто така има седум асистенции, а оваа сезона, по две години, успеа да постигне гол од слободен удар.

Минатата сезона, во својата прва сезона во Јувентус тој постигна 28 гола со 11 асистенции.

Канада побара милост за своите граѓани осудени на смрт во Кина

Канада е „сериозно загрижена“ од одлуката на Кина да му изрече смртна казна на четвртиот Канаѓанец за обвиненија за шверц на дрога и побара милост за сите Канаѓани кои се соочуваат со смртна казна во таа земја.

Ова денеска го соопштија претставници на канадското Министерство за надворешни работи.

Смртната казна против Канаѓанецот Је Џанхуи, осуден за трговија и производство на дрога, е втора ваква одлука на кинескиот суд за неколку дена.

„Две смртни казни изречени на канадски граѓани во последниве денови е многу загрижувачки“, рече портпаролката на канадското Министерство, Ангела Савард.

Канада се спротивставува на смртна казна во сите случаи, каде било, додаде таа.

„Канада постојано му го пренесува на Кина силното спротивставување на смртната казна и ќе продолжи да го прави тоа“, додаде таа.

„Канада бара милост за сите канадски државјани осудени на смрт и ја повикуваат Кина да покаже милост кон господинот Је“, рече портпаролката.

Французите добија предупредување: Носете маски , иако е жешко

Францускиот министер за здравство Оливие Веран ги повика своите сонародници да ги почитуваат мерките против коронавирусот, и покрај жештината, што го отежнува носењето маски.

„Франција продолжува, Французите треба да продолжат“, рече министерот како одговор на прашањето за проблемот, особено за компаниите, во спроведувањето на здравствените мерки како што се носењето маски на топлото време.

Ризикот од пренесување со прскање на капки низ воздухот ги оправдува преземањето на сите можни средства за борба против вирусот, рече тој, мислејќи на носењето маски.

Носењето маски е задолжително во Франција на затворени јавни места, а сега во десетици градови е задолжително и на отворено.

Носењето маски, на пример, ќе биде задолжително од утре во најпосетуваните области на Марсеј, втор по големина град во земјата, а веќе е воведено од денес на дината Пилатес, највисоката песочна дина во Европа висока 102,5 метри, што ја посетуваат по два милиони луѓе годишно.

Министерот го посети старечкиот дом на југозападниот дел на Франција, каде се очекуваат температури од над 42 степени. Топлотниот бран што ја зафати речиси целата земја треба да трае до средината на следната недела.

Бројот на лица тестирани позитивно за коронавирус во Франција е во пораст за 30 проценти, со над 1.500 нови инфекции на ден.

"Ќе надминеме 600.000 тестови неделно. Ние правиме 100.000 повеќе тестови секоја недела од претходната , но тоа не е доволно за да објасниме зошто бројките растат", рече Веран.

Вчера на реанимација имало 390 пациенти, а тој број осцилира помеѓу зголемувањето и паѓањето во последните денови, иако е далеку од 7000 тешки случаи регистрирани на врвот на епидемијата во април.

Норвешка вчера ја стави Франција во „црвената зона“, па патниците кои пристигнуваат во Норвешка од Франција мора да одат во задолжителен десетдневен карантин.

притисни ентер