Британските работодавачи по пандемијата планираат да ги намалат канцелариите , а вработените да работат од дома

Речиси половина од работодавачите во Велика Британија планираат да го намалат канцеларискиот простор и нема да ги вратат сите работници на работа во исто време.

Тоа го покажува истражувањето спроведено од агенцијата за вработување ,,Роберт Волтерс”, во време кога земјата е во фаза на изработка на мерки за изолација наметнати од пандемијата на коронавирус.

Работата од дома почесто ќе се применува во пост-корона светот, покажува истражувањето, заради заштедите и ризиците по здравјето.

Скоро 44 проценти од работодавачите размислуваат да го намалат просторот за канцеларии и 49 проценти планираат да ги распоредат работниците кои се враќаат за да не работат во исто време, според истражувањето на 2.200 компании.

Три четвртини од работодавачите во Велика Британија признаа дека нивното постаро раководство не е подготвено да ги води тимовите од далечина и ќе треба обука за да се прилагодат.

Истражувањето исто така открило дека 87 проценти од работниците сакаат повеќе да работат од дома со скратен престој на работа, а 21 процент би сакале да работат перманентно од дома.

Купувачите на недвижнини веќе објавија дека има поголем интерес за купување поголеми куќи со подобри услови за работа отколку куќи и градини, според градежната компанија „Редоу“.

Рамос доби над милион лајкови за еден час : Навистина имаш 34 години ?

Сергио Рамос сè уште игра врвен фудбал на 34-годишна возраст, водејќи го Реал Мадрид до нова титула оваа сезона со постигнати 12 голови на 42 одиграни натпревари.

За еден дефанзивец, овие се натпросечни бројки, но Реал и шпанскиот капитен се извонредни во тоа.

Колку е физички способен и моќен, може лесно да се види од неговиот последен пост на Инстаграм.

„Наш е редот, ајде да го добиеме “, напиша Рамос алудирајќи на круцијалниот натпревар утре против Виљареал во кој Реал, во случај на победа во Мадрид, ќе обезбеди победа во Ла Лига.

На Рамос му стигна коментар на фотографијата од официјалниот профил на Ла Лига:

"Дали навистина си 34-годишник?"

Фотографијата собра над еден милион и сто илјади лајкови за еден час.

Борисов побара оставки од тројца клучни министри

Бугарскиот премиер Бојко Борисов побара од министрите за финансии, економија и за внатрешни работи да си дадат оставка.

Целта е за да стават крај на шпекулациите дека централно-десничарската владејачка партија ГЕРБ дејствува во дослух со опозициската партија МРФ, која го претставува турското малцинство.

Министрите утре ќе си поднесат оставка, соопштија од владата.

Овој потег доаѓа во време на масовни протести на кои што се бара оставка на владата.

Борисов денеска го отфрли барањето на шефот на државата Румен Радев за осдтавка на неговата коалициска влада, соочен со масовни антивладини протести.

Илјадници Бугари протестираа шест ноќи по ред на улиците на Софија барајќи оставка на Борисов и главниот државен обвинител, обвинувајќи ги за корупција и мафијашко однесување. Протестите, во меѓувреме, се проширија во црноморските градови Варна и Бургас и Пловдив на југот на земјата.

Протестите избија откако главниот обвинител Иван Гешев нареди претрес на кабинетот на претседателот и апсење на двајца соработници на Радев, осомничени за трговија со влијание.

Гешев го обвини Радев за неуставно однесување, твитнувајќи дека ја нарушил независноста на судството и извршил притисок врз обвинителството.

Протестите ги поддржува опозициската Социјалистичка партија, со чии гласови во 2016 година беше избран Радев за претседател.

Следните парламентарни избори се закажани за март 2021 година.

Фото: Вака изгледа најголемата зелена фасада во Европа

Повеќе од 30.000 растенија ја прекриваат фасадата на објектот од пет ката.

Во Центарот на германскиот град Дизелдорф никна необична градба, како одговор на се повеќе изразените климатски промени.

Повеќе од 30.000 растенија ја прекриваат фасадата на објектот од пет ката „Kö-Bogen II“, кој е проектиран од страна на германската архитектонска фирма „Ingenhoven Architects“.

Растенијата се поставени на фасадата во форма на жива ограда, која се простира по косите ѕидови и кровот на зградата.

Покрај растенијата, на фасадата се поставени и системи за наводнување и дренажа, а според наводите на проектантот, се очекува зелената фасада да допринесе во прочистување на воздухот исто како 80 стебла листопадни дрвја.

Зградата со најголемата зелена дасада во Европа е сместена во центарот на Дизелдорф.

Реновирањето на самото срце на градот траело две децении, а завршено е со овој проект.

притисни ентер