Британија со над 35.000 починати е европска држава со најголема смртност

Над  35 000 од  починатите од Ковид-19 се во Британија која станува европска држава со најголема смртност од вирусот. 

Во Албанија за првпат по појавата на пандемијата регистрирано е само едно новозаразено лице со Ковид-19 во едно деноноќие.

 Министерството за здравство на Грција вчера соопшти само четири нови случаи на ковид-19, со што вкупниот број се зголеми на 2.840.

 Во Србија вчера починаа уште три лица или вкупно има 234 починати. Нови случаи има 34.

А над  35 000 од  починатите од Ковид-19 се во Британија која станува европска држава со најголема смртност од вирусот. Една третина од смртните случаи се регистрирани во домови за стари лица. До 8 мај таа бројка беше над десет илјади.

– Жителите на Барселона кои живеат на километар од плажите таму, од  денеска  ќе можат повторно да се сончаат, соопштија градските власти. Покрај сончањето, ќе биде дозволена употреба на плажите за „рекреативни цели“, но со почитување на мерките за физичко оддалечување. Сепак, пливањето нема да биде дозволено, како и престој на плажа повеќе од еден час, а ќе има утврдени датуми според возраста и активностите на посетителите.

притисни ентер