Британија минатата недела бележи рекордни бројки на Ковид-19 како во мај

Според британските власти, неделниот број на случаи на заразени со ковид-19 во Англија на крајот на август е најголем од крајот на мај.

Помеѓу 20 и 26 август, потврдени се вкупно 6.732 нови случаи, што е раст од 6% во однос на претходната недела, покажале податоците на британската Национална здравствена служба (NHS), објави Скај њуз.

Но, експертите предупредуваат дека треба внимателно да се споредуваат бројките на неодамнешните и минатите случаи на нови инфекции, бидејќи бројот на потврдени случаи во голема мера зависи од тоа колку луѓе се тестираат.

Од почетокот на пандемијата до сега, бројот на тестирани и бројот на дневно обработени примероци во лабораториите е значително зголемен.

Украинска новинарка починала во затвор во Русија: За жал, ја потврдуваме веста

Петро Јаченко, претставник на Координативниот штаб за третман на воени затвореници, денеска соопшти дека украинската новинарка Викторија Рошина починала во руско заробеништво.

„Спроведовме внатрешни истраги и, за жал, оваа информација е потврдена. Ја познававме Викторија. Таа подготвуваше материјали во Координативниот штаб 22 години. Затоа, ова е крајно тажна вест за нас, но и за целото украинско новинарство“, велат од Координативниот штаб, пренесува Киев Индипендент.

Јаченко истакна дека се уште е рано да се зборува за околностите на смртта и дека тие се утврдуваат.

„Мислам дека во секој случај ќе ги дознаеме овие околности.“ рече тој.

Тој изјави дека процесот на ослободување на Рошина бил претходно започнат, како и дека нејзиниот трансфер од Таганрог во Москва бил фаза на подготовка за нејзиното ослободување.

„Се трудиме да не ги заборавиме нашите војници, цивили и новинари кои се таму и таа работа е во тек. За жал, овде немавме време. “, додаде Јаченко.

Викторија Рошина исчезнала на 3 август 2023 година за време на патување на териториите окупирани од Русија, наведува украинската агенција.

Милевски: Среќен сум поради резултатот, пристапот и желбата на моите фудбалери

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски изрази задоволство од победата на гости против Летонија (3:0) во меч од Лигата на нациите. 

- Среќен сум поради резултатот, пристапот и желбата на моите фудбалери. Од играта во одредени моменти не сум задоволен, но најважен е резултатот, проблемите ќе ги решаваме во од. Имавме картони, повредени фудбалери, вирус, но бевме над сето тоа и победивме, изјави Милевски по мечот.

Македонија останува на првото место во групата, а на 13. октомври ќе има гостување кај репрезентацијата на Ерменија, кое ќе биде клучно за конечниот изглед на табелата.

Потврдени се 11 жртви на страотниот ураган „Милтон“ во САД, Бајден со порака до Трамп (ВИДЕО)

Бројот на загинати во невремето на Флорида се искачи на 11.

Бројот на загинати се искачи на 11 откако дрво падна врз возило во округот Цитрус, при што загина возачот, јавува NBC News.

Два смртни случаи беа претходно пријавени во округот Пинелас, три во округот Волузија и пет во округот Сент Луси, од кои четири биле предизвикани од торнада.

Џо Бајден одржа прес-конференција за ураганот Милтон во Вашингтон.

Тој рече дека ќе бидат потребни неколку милијарди долари за обнова на областа и ќе биде потребно долго време.

Тој се повика на коментарите на Доналд Трамп, кој рече дека погодените од ураганот ќе добијат само 750 долари помош. „Тоа е бизарно“, рече Бајден.

Запрашан дали разговарал за дезинформациите со Трамп, тој рече: „Дали се шегуваш?

„Господине Трамп, најдете си живот. Помогнете им на овие луѓе“.

притисни ентер