Британија ги замрзнува платите во јавниот сектор за наредните три години

Велика Британија нема друг избор освен да ги замрзне платите во јавниот сектор за период од дури три години.

Веста дека пет милиони вработени во јавниот сектор во Велика Британија се соочуваат со замрзнување на платите предизвика незадоволство кај тамошната јавност. Оваа мерка, дизајнирана како одговор на финансиските последици од пандемијата, се однесува на наставниците, полицијата, војската и државните службеници, но не и на здравствените работници, кои се ослободени поради нивните напори да се борат против коронавирусот.

Британскиот министер за финансии Риши Сунак во среда ќе го претстави планот за ограничување на платите и враќање на буџетскиот биланс. Имено, буџетските расходи значително се зголемиле за време на пандемијата. Според проценките на владата, тригодишното замрзнување на платите во јавниот сектор би заштедило 23 милијарди фунти. Резервната опција е да се ограничи растот на платите на само еден процент годишно, со заштеда од 11 милијарди фунти.

Новата рунда на затегнување на ремените за британските државни службеници, од кои многумина се во првите редови на борбата против коронавирусот, е резултат на рекордното задолжување на владата за време на кризата и веројатно ќе биде во целосна спротивност со решението на премиерот Борис Џонсон за платите на вооружените сили.

Како што се очекуваше, на планот се спротивставиле синдикатите, кои сметаат дека тоа е дополнителен удар врз нивните членови среде кризата. Многу ветувања ќе бидат прекршени, смета Кевин Кортни, кој предупредува дека Џонсон ветил дека ќе ги зголеми платите на наставниците на повеќе од 30 000 фунти годишно до 2022 година.

"Нема да дозволиме вработените во јавниот сектор да плаќаат за оваа криза со нови заштеди и замрзнување на платите. Ова е удар за оние кои се борат против пандемијата. Нашите членови сè уште ги чувствуваат ефектите од 10-годишното штедење и конзервативните владини тешкотии. Министрите споделуваат милијарди со своите пријатели преку договори , а во исто време смислуваат како да ги намалат платите на работниците кои се во првите редови во борбата против коронавирусот “, рече Рехана Азам, генерален секретар на синдикатот на ГМБ.

Азам како аргумент го наведува замрзнувањето на платите воведено од конзервативната влада по финансиската криза во 2008 година, а од Сунак се очекува да потврди дека приходите на јавниот сектор мора да бидат во согласност со ситуацијата во приватниот сектор каде што платите се под притисок кога британската економија се намалува и се борат со најлошата рецесија во историјата.

Британската влада досега потрошила повеќе од 210 милијарди фунти само за борба против пандемијата, а се очекува да потроши десетици милијарди повеќе до пролетта следната година. Поради овие трошоци и падот на БДП, Канцеларијата за буџетска одговорност на Владата очекува Министерството за финансии да мора да позајми 400 милијарди фунти оваа година. Исто така, се проценува дека буџетскиот дефицит ќе биде двојно поголем од оној во 2008 година. Велика Британија има повеќе од 5,4 милиони вработени во јавниот сектор, од кои повеќето работат во здравството и образованието.

Фото: Адријана Лима позира гола под месечевата светлина

Бразилската манекенка Адријана Лима објави нова фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола.

Славната манекенка го покажа своето совршено тело позирајќи гола на месечевата светлина.

-Кога ќе се сретнат двете Месечини, напиша Адријана во описот на објавата.

Иако манекенката минатиот месец наполни 40 години, се уште изгледа феноменално и не покажува знаци на стареење.

Фото: Ѓоковиќ со белгиските гимнастичарки стана хит на интернет

Новак Ѓоковиќ повторно воодушеви бројни фанови на спортот ширум светот, неговиот ведар дух и дружељубивост секогаш се препознаваат.

Овој пат тој влегол на тренинг од олимписки гимнастичарки и им се придружил.

На интернет стана хит фотографијата која на својот Инстаграм профил ја објави белгиската олимписка гимнастичарка Нина Дерваел.

На фотографијата Нина вежба пред натпреварот а во изведувањето на шпага и се придружил и Новак Ѓокович и уште некои белгиски натпреварувачки.

„Кога Новак Ѓоковиќ ќе те замоли за фотографија, едноставно не можеш да одбиеш“, напиша Нина во описот на фотографијата.

Насмевнатиот Ѓоковиќ со шпагата ги освои срцата на фановите на белгиската натпреварувачка, а објавата е преполна со позитивни реакции.

Видео: Американски пожарникари возат низ голем пожар

Шумските пожари и понатаму беснеат на западот од САД.

Се бележат рекордни теператури, многу граѓани морале да ги напуштат своите домови, а пожарникарите се борат против пожарите во екстремни услови.

Двајца пожарникари загинале во пад на авион. На северот од Невада, недалеку од границата со Калифорнија, дошло до масовна евакуација поради избивање на пожар предизвикан од гром. Еден пожар создал голем облак од чад и пепел кој во комбинација со временските услови создал сопствени молњи.

Во Орегон пожарот зафаќа површина од 311 километри квадратни.

Пожарникарите објавија снимка од возење во сред пожар. Погледнете ја:

притисни ентер