Туристичкиот сектор ги толкува новите податоци како „доверба во вакцините“ и се чини дека зрак светлина конечно излезе на виделина, иако пандемијата на коронавирус сè уште врши притисок врз Британците и здравствениот систем, забележува Би-Би-Си.
Најголемиот британски тур-оператор ТУИ наведува дека половина од резервациите на нивната веб-страница ги прават граѓани постари од 50 години. Нивниот удел порано бил многу помал.
Автобуската компанија „Национален експрес“ објави дека во последните две недели резервациите на граѓаните постари од 65 години се скоро тројно зголемени.
„Откако беше објавена вакцината, добивме база на клиенти, претежно над 65-годишна возраст. Довербата во резервациите порасна и бележиме скок за летото 2021 година“, вели Џит Десаи од одделот за организација на празници во Национал експрес.
„Минатиот викенд издадовме брошура за пролет-лето 2021 година и од понеделник добиваме толку многу резервации на ден колку што до неодамна добивавме за една недела и трендот сè уште не е завршен“, истакнува Десаи.
Вакцината дава сигурност и доверба, така што и на клиентите и нам ни е дадена можност да планираме “, додаде тој.
Пандемијата се покажа катастрофална за патничкиот сектор, кој затвори десетици илјади работни места во Велика Британија. Милиони Британци ги откажале годишните одмори поради здравствената состојба која се смени низ целиот свет.
Во моментов, 90 проценти од резервациите за автобуси на Национал експрес се направени за британски дестинации и се чини дека оваа година, како и минатата, ќе бидат обележани со останување во границите на земјата.
„Има малку резервации за Европа поради несигурноста на континентот“, вели Десаи. Домашните дестинации се попривлечни затоа што нема потреба од карантин, ниту неизвесност создадена од можни потези на странските влади, објаснува тој.
Изминатите две недели донесоа промени во побарувачката за годишни одмори на сончевите европски плажи, тврди ТУИ, познат по тоа што нуди одмори на вакви дестинации.
,,Гледаме нова база на клиенти, од 50-годишна возраст па нагоре, благодарение на вестите за вакцините, рече Ендру Флинтхам од ТУИ. „Пазарот е сè уште депресивен и не каков што би сакале да биде, но се појави трошка надеж“, додаде тој.
Интересни се и промените во видот и времетраењето на одморите.
Повеќе закажувања се резервираат во јули и август, а голема е побарувачката за септември и октомври, рече Флинтем.
Одморите се резервираат и за подолг временски период, се почесто се бараат десет, единаесет или 14 ноќи, а не седум како порано, како да се надополнува изгубеното време, додава тој.
„Мислам дека летниот одмор се врати повторно“, заклучува тој. „Потребно е само малку време за луѓето да бидат охрабрени, но да, мислиме дека летото ќе биде добро“, заклучува тој.