Британците масовно се враќаат од одмор во Франција за да се спасат од карантин

Британците денеска брзаат кон својата земја по прекинатиот одмор во Франција, откако владата во Лондон објави дека наскоро ќе воведе двонеделен карантин за патниците од таа земја.

Британската влада доцна синоќа објави дека ќе воведе задолжителен карантин за повратниците од Франција во сабота од 3 часот наутро, на британските туристи, и тоа на околу 160.000 од нив, доколку за нешто повеќе од 24 часа не се вратат дома.

Ненадејното воведено правило им донесе нов удар на туристите, авиокомпаниите и тур-операторите, уште повеќе што Париз најави дека ќе воведе реципрочна мерка.

Голем број Британци тргнаа кон француското пристаниште Кале, надевајќи се дека ќе фатат на време траект или воз за дома.

"Ги сменивме нашите планови кога ги слушнавме вестите. Решивме да се вратиме дома еден ден порано за да избегнеме карантин", изјави една британка во Кале.

Таа додаде дека за време на кампувањето на југот на Франција, таа и нејзиното семејство запознале помалку луѓе отколку секој ден во нивниот град Гилдфорд, на југот на Англија.

Новите правила важат за Франција, втората најпопуларна турстичак дестинација за Британците,по Холандија и Малта, објави министерот за транспорт Грант Шапс.

За Шпанија, најпопуларната дестинација Британците, задолжителен двонеделен карантин е воведен на 26 јули.

513 санкционирани возачи во Скопје: 148 за пречекорена брзина, 82 мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. 

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 513 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 35 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 148 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 39, 82 санкционирани мотоциклисти и четири одземени мотори, 75 мерки за непрописно паркирани возила и 72 возила подигнати со пајак (вкупно 147), а изречени се и 104 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

ВМРО-ДПМНЕ: Мафијата на Заев и неговите слуги се покровители на обидот за убиство врз критичарот на власта Палевски

Мафијата на Заев и неговите слуги се покровители на обидот за убиство врз критичарот на власта Љупчо Палевски. 

Сторителите на таквиот грозоморен чин се познати, а инспираторите на тоа треба да се бараат во врвот на власта. Крвави се рацете на мафијашот Заев за чиј мандат се претепуваат политички неистомисленици, се линчуваат критички новинари, се води политичка хајка врз уредници и притисок врз медиуми.

Сторителите на овие дела се уште не се спроведени пред лицето на правдата зошто добиваат закрила од мафијата на Заев. Неискрени се извинувањата на СДСМ затоа што одговорите треба да ги побараат од нивниот лидер и мафијаш Заев и тие кои нему му слугуваат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Сејлс:Хезболах складира експлозивни хемикалии ширум Европа

Координаторот на американскиот Стејт департмент за борба против тероризмот, Нејтан Сејлс, го обвини Хезболах дека складира хемикалии, што може да се користат за производство на експлозиви, во неколку европски земји. 

Тој ги повика земјите во Европа и светот да воведат забрани за таа организација.

– Зошто Хезболах би чувал амониум нитрат на европско тло? Одговорот е јасен: Хезболах го ставил оружјето таму за да може да изврши големи терористички напади секогаш кога тој или неговите господари во Техеран сметаат дека е потребно, рече Салес.

Тој изјави дека оперативците на Хезболах ги преместиле залихите на амониум нитрат од Белгија во Франција, Грција, Италија и Шпанија во изминатите години и дека се сомнева дека тие ќе продолжат да чуваат материјали низ цела Европа.

притисни ентер