Британците ќе почекаат на целосното укинување на мерките, индискиот сој пребргу се шири

Надежта на британскиот премиер Борис Џонсон дека ќе го укине карантинот во Англија на 21 јуни е деенска доведено во прашање, бидејќи податоците покажуваат натамошно зголемување на бројот на заразени со варијантата делта на коронавирусот.

Џонсон треба да објави во понеделник дали ќе се спроведе планираното укинување на ограничувањата.

Но, брзото ширење на делтата сојот на вирусот ги доведе во прашање тие планови, предизвикувајќи шпекулации дека рокот од 21 јуни ќе биде поместен и дека некои ограничувања ќе останат на сила.

"Треба да бидеме навистина внимателни. Имавме навистина големо олеснување на 17 мај, кога луѓето можеа да започнат да се среќаваат со пријателите во затворено, во ресторани, пабови и да се дружат", рече главниот службеник за вакцинација против ковид-19, Надим Захав за Радио Тајмс.

„И мислам дека е важно да ги разгледаме податоците многу внимателно за време на викендот и потоа да и го кажеме тоа на нацијата“.

Британските здравствени власти денеска објавија дека варијантата делта во моментов е одговорна за над 90 проценти од новите случаи со ковид-19.

Истакнат британски епидемиолог во средата рече дека делта варијантата на коронавирусот е 60% побрзо се пренесува отколку алфа, британската варијанта, која претходно доминираше.

Во Велика Британија досега над 127 000 луѓе починале од ковид-19. Повеќе од една третина од возрасните примиле барем една доза на вакцина.

Шведските здравствени власти предупредија денеска за загрижувачки локални фокуси на варијантата делта коронавирус и ги повикаа жителите да се вакцинираат за да се избегне четвртиот бран на пандемијата.

Шведска, која не воведе затворања за време на пандемијата, забележа огромен пад на случаи и хоспитализации во изминатиот месец, по претходниот раст.

Скоро половина од возрасната популација примила барем една доза на вакцина, но Институтот за јавно здравје предупредува дека луѓето кои примиле една доза се помалку заштитени од новата варијанта.

"На хоризонтот има темни облаци и мислам дека тоа најмногу се должи на варијантата делта. Пронајден е во Европа, но исто така и локално во Шведска", им рече на новинарите директорот на шведското јавно здравје Јохан Карлсон.

Британските епидемиолози сметаат дека варијантата делта, прва откриена во Индија, се пренесува 60 проценти побрзо од алфа варијантата, која претходно беше доминантна во Велика Британија, меѓу другото и затоа што вакцините се помалку ефикасни против таа варијанта.

Досега се пријавени само 71 случаи во Шведска, но властите го засилиле следењето на контактите со заразените. Во Велика Британија, 90 проценти од новоинфицираните лица спаѓаат во варијантата делта.

Шведска вчера забележала 831 нов случај и три смртни случаи. Од почетокот на пандемијата, потврдени се 14.500 смртни случаи, што е повеќе отколку во другите скандинавски земји, но и помалку отколку во повеќето европски земји кои избраа да се затворат.

САД ќе ја повлечат својата војска од Нигер

Повеќе од 1.000 американски војници ќе го напуштат Нигер во наредните месеци, објави Њујорк Тајмс.

Американски извори потврдиле дека веќе е постигнат договор за тоа меѓу заменик државниот секретар на САД Курт Кемпбел и раководството на Нигер, пренесува БТА.

Американската војска во Нигер е стационирана во две бази, вклучувајќи ја и базата за беспилотни летала позната како авиоабаза 201, изградена во близина на Агадез во централниот дел на Нигер.

Од 2018 година, базата се користи против милитантите од Исламската држава и Џамаат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин, исламистичка организација поврзана со Ал Каеда, во регионот Сахел.

Армијата на Нигер ја презеде власта со државен удар минатата година. Пред пучот, Нигер беше клучен безбедносен партнер на САД и Франција. Но, новите власти во Нигер им се придружија на хунтите во соседните Мали и Буркина Фасо и ги прекинаа воените договори со своите некогашни западни сојузници како Вашингтон и Париз, напуштајќи го регионалниот политички и економски блок ECOWAS. Тие, исто така, започнаа поблиски врски со Русија.

Во наредните денови треба да се разговара за тоа како ќе се одвива повлекување на американските војници војници од Нигер. /МИА

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

притисни ентер