Бред Пит наполни 50 години

Денеска му е роденден на Бред Пит, еден од најпознатите холивудски актери, половина од светски познатиот вљубен пар Бранџелина.

Од првата позначајна улога во филмот „Thelma & Louise“ до денеска Бред Пит помина многу во светот на холивудскиот филм.

Роден е во Оклахома и студирал новинарство. Но неговата кариера добива поинаков тек.

Почнува да се пробива во Холивуд најнапред со помали улоги, за во 1991 да добие мала но впечатлива улога во филмот „Thelma & Louise“.

Everyone's leading man: Brad cemented his heartthrob status by dating a string of beauties in the 90s including Gwyneth Paltrow



Во деведесеттите се гледа со Гвинет Палтроу, пред да ја запознае Џенифер Анистон во 1998та година.


Married man: In 2000, the actor wed Friends star Jennifer Aniston in a Malibu beach ceremony only for the couple to split five years later



Во 2000 се венчаа во Малибу и беа „совршен пар“ се додека Бред во 2005тата не ја запозна Анџелина Џоли.




Имаа доста време да се запознаат и да се вљубат на снимањето на филмот„Mr & Mrs Smith“ во 2005 година.

Се создаде Бранџелина. Во 2006 Џоли обелодени дека е бремена со нивното прво дете Шајло. Следеа близнаците Вивијан и Нокс, и заедно со посвоените Медокс Пакс и Захара, Бред се најде во улога на татко на 6 деца!

Во меѓувреме Бред Пит сними уште многу филмови меѓу кои „12 Monkeys“, „Interview with the Vampire“ , „ Fight Club“ , „World War Z“ ....

Како се чувствува што полни 50 години, има ли проблем со стареењето - го прашаа Бред Пит неодамна во едно телевизиско шоу.

- До сега не ми пречело. Немам поплаки. Толку сум зафатен што немам време да мислам на тоа - вели шармантниот актер низ насмевка.





Мицкоски и Ахмети на едночасовна средба во Собранието

Попладнево во Собранието се сретнале лидерот на ВМРО – ДПМНЕ , Христијан Мицкоски со претседателот на ДУИ , Али Ахмети.

Средбата се оддржала во Собранието и траела еден час. Било дискутирано за можностите за заедничка соработка и формирање на ново парламентарно мнозинство.

Други детали од средбата засега не се откриваат.

Рита Ора повторно го запали Инстаграм со жешка поза (ФОТО)

Рита Ора позира во минијатурен костум за капење и ги воодушеви фановите со својот изглед.

Пејачката објави неколку фотографии во златно бикини со деколте во преден план и собра многу комплименти.

„Прекрасна си“, „Леле“, „Гориш“, ја пофалија нејзините воодушевени обожаватели. Патем, 29-годишната Рита во моментот е на одмор на Ибица со своето десет години постаро момче, Ромеин Гаврас. Таа е во врска со него веќе четири месеци.

Спречен обид за шверц на 200 килограми марихуана на граничниот премин „Блато" кај Дебар

На граничниот премин „Блато" на албанско – македонската граница кај Дебар спречен е обид за шверц на 200 килограми марихуна.

– Дрогата е откриена во возило со албански сообрајќајни ознаки и со лого на производител на мебел, управувано од лицето Флориан Алимани (26) од пограничното албанско село Ѓурица, но жител на Драч. Наркотичното средство било наменето за нарко пазарот во Македонија, стои во соопштението на Полицискиот комесаријат од Пешкопеја.

Дрогата била откриена при втората контрола, а била скриена во посебен простор поставен над подот на возилото.

Од првичните сознанија на полицијата дрогата била натоварена во Пешкопеја.

Според полицијата, успешната акција е резултат на засилените контролни мерки со цел спречување секаков обид за шверц на дрога, како и спречување на какви било меѓугранични криминални дејствија.

Ова е најголема количина дрога запленета на двете страни од овој граничен премин, а секогаш била откривана при влез на нашата територија./МИА

притисни ентер