Бразилскиот претседател има коронавирус , ја тргна маската пред новинарите и порача дека е добро (ВИДЕО)

Претседателот на Бразил Жаир Болсонаро (65) има коронавирус, пренесува бразилскиот Си-Ен-Ен.

„Тестот покажа дека сум позитивен“, рече Болсонаро со маска на лицето пред новинарите собрани попладнево, додавајќи:

„Само погледнете го моето лице, добро сум“, додаде Болсонаро, симнувајќи ја маската и продолжи да разговара со новинарите.

"Имав температура од 38 степени, но белите дробови ми се чисти. Лекарите ми дадоа хидроксихлорохин и азитромицин (антибиотик) по што се чувствував подобро. Јас сум одлично", додаде Болсонаро.

Тој рече дека сега работи колку што е можно „преку видео конференција“.

Вчеравечер, Болсонаро објави дека е на снимање на белите дробови во воената болница.

Кон крајот на март, Болсонаро во голема мерка ја минимизираше важноста на пандемијата на коронавирус, па тој изјави на телевизија. „Со оглед на моето спортско минато, дури и ако се заразам со вирусот, нема да мора да се грижам. Нема да ми наштети.".

Си-Ен-Ен Бразил и Естадо де С. Пауло вчедра објавија дека Болсонаро, кој повеќе пати покажал дека коронавирусот не е важен, покажува симптоми на болеста.

Со 1,6 милиони заразени и 65.000 жртви, Бразил е втор на светот во однос на инфекцијата со коронавирус, по Соединетите држави.

Десничарскиот популист Болсонаро, во голема мерка одбива да носи маска во јавност, дури и откако судот му наредил да го стори тоа.

Тој се ракува и ги гушка своите приврзаници и често учествува на собири со голем број луѓе.

Тој веќе била тестиран за коронавирус еднаш, во март, и резултатот бил негативен.

Лидерот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреизус, денеска му посака „брзо закрепнување“.

„Ниту една земја не е имуна, ниту една земја не е безбедна и ниту една личност не може да биде безбедна“, рече тој.

Мајкл Рајан, директор на службата за итни случаи на СЗО, рече дека сите се „подеднакво подложни“ на вирусот „било да е принц или сиромашен човек“.

Во чест на Мирко Попов промоција на винил издание - ПОП КУЛТУРА

 Во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ вечер ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари - ПОП КУЛТУРА, во рамки на платформата „Силата ЕУ Младите“.

Настанот е во чест на неодамна починатиот Мирко Попов, кој ја основа платформата „Силата ЕУ младите“, која ја издаде плочата.

Како што соопштија од тимот „Силата ЕУ Младите“, компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и се уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена.

Компилацијата опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признаениот музичар Слаткаристика (Slatkaristika).

Музичкиот избор оваа вечер ќе биде на диџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Промотивниот настан се реализира во соработка помеѓу Силата ЕУ Младите“, Македонско Улично Радио и Лабораториум.

Платформата „Силата ЕУ Младите“, е еден од низата проекти иницирани и програмски уредени од Мирко Попов, кој континуирано и посветено работеше за поддршка на младите и креирање простор за нивно изразување, работа и препознавање како креативна и надоаѓачка сила во музиката и културата. Како продуцент и куратор го реализира и ова, 13-то по ред винил издание за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

- Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го имановиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат. Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме овој петок во Лабораториум, се вели меѓу другото во соопштението од тимот на „Силата ЕУ Младите“.

Битолскиот театар на меѓународен фестивал во Рума, Србија

Актерите на НУ Народен театар-Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов вечер во Рума, Србија на тамошниот меѓународен театарски фестивал ќе ја одиграат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ.

Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

Театарската претстава „Кислород“ е фокусирана на проблемите во животот, потребата на човекот да живее, или како што велат битолските актери, да се живее живот полн со љубов, среќа, емпатија и солидарност.

Претставата „Кислород“ почнува во 21 часот и ќе се одигра на сцената на Градски театар во Рума. /МИА

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

притисни ентер