Бразил прогласи вонредна состојба поради пожарите (ВИДЕО)

Бразилската влада прогласи вонредна состојба во државата Мато Гросо до Сул поради пожарите во Пантанал, најголемото тропско мочуриште во светот.

Агенциите за заштита на животната средина, војниците и локалните противпожарни единици се обидуваат да го локализираат пожарот.

Со прогласување вонредна состојба, засегнатата држава ќе добие средства од сојузната каса со цел да се стави ситуацијата под контрола што е можно побрзо, но сè уште не е познато колкава ќе биде таа помош и кога ќе ја добие.

Помеѓу јануари годинава и средината на септември, регистрирани се 14.489 пожари, додека во истиот период минатата година, тој број бил 4669. Пожарите веќе проголтале 10 проценти од областа Пантанал само оваа година.

Според бразилските медиуми, пожарите во моментов ја погодуваат областа со големина на Израел.

Земјата во Пантанал е толку сува што е доволна само една искра за да се запали пожар. Палењето е исто така најлесниот и најевтиниот начин за сопствениците на малите фарми да ги расчистат нивите и да ги подготват за садење, но понекогаш ова излегува од контрола и се појавуваат големи пожари.

Како и Амазон, и Пантанал е во опасност поради претворање во земјиште за пасење добиток и да се сади соја.

Оваа огромна алувијална долина се протега од државата Мато Гросо до Сул до соседните држави Боливија и Парагвај. Се состои од систем на реки и езера и е дом на јагуари, пуми и капибара, најголемиот глодар на светот.

Тоа е област и дом на стотици видови птици, вклучувајќи го и најголемиот папагал, зумбул макау, и е богата со риби.

Триесет и четири жени го тужат Порнхаб

Сајтот Порнхаб повторно е мета на напади, откако 34 жени го тужеа оваа недела, тврдејќи дека без нивна согласност, страницата ги објавила во видео снимки на кои е прикажано силување, сексуално злоставување или нивни фотографии кога биле малолетни.

– Станува збор за силување, а не за порнографија, велат подносителите во тужбата, опишувајќи ја веб страницата како „веројатно најголемото нерегулирано складиште на детска порнографија во Северна Америка и пошироко".

Нивните адвокати ја обвинуваат MindGeek, контроверзната империја за забава за возрасни, која управува со Порнхаб, дека е „класично злосторничко претпријатие", кое спаѓа во деловен модел заснован на сексуална содржина без согласност на засегнатите лица.

Според тужбата, поднесена во Калифорнија, MindGeek поседува повеќе од 100 порнографски страници, вклучувајќи ги Порнхаб, РедТјуб, Тјуб8 и ЈуПорн, кои регистрираат околу 3,5 милијарди посети секој месец.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ блокира и копира слогани

ВМРО-ДПМНЕ блокира и копира слогани, партија на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата .

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да покажува на дело дека е партија која не се менува, партија која нема намера ниту пак планира некогаш да се ослободи од насилничката, режимска матрица.

Оваа партија предводена од Христијан Мицкоски или блокира или копира слогани и концепти од СДСМ, но со сигурност останува на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ употребија низа навреди и направија обиди за физички напад со цел да ја блокираат Комисијата за образование наука и спорт.

Овие пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со закани се обидоа да ги опструираат измените и дополнувањата на Законот за наставници и стручните соработници во основните и средните училишта и Законот за бирото за развој на образованието.

ВМРО-ДПМНЕ се противат над 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување. Тие толку интензивно се спротивставуваат на ова трајно решение за наставниците и стручните соработници, што се подготвени и со насилство да ги блокираат измените во Законот.

Нема боја што може да го сокрие, ниту да го промени деструктивниот нарав на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски. Со какви нови бои да се премачкаат, не можат да го променат фактот дека тие остануваат исти – партија која кочи, блокира, брани криминал – партија која работи против интересите на граѓаните и на државата.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема ништо ново. И Христијан Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се лажат дека со употреба на сила, навреди, закани, насилство ќе ги сопрат реформите кои се во интерес на граѓаните, се лажат дека со копирање ќе можат да добијат некој поен плус но пораз на локалните избори не им бега.

СДСМ

Грција, Турција и Албанија најбарани летни дестинации, условите за влез различни

Со намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19, поголемиот број на вакцинирани и олеснувањето на условите за патување, полека се зголемува интересот на македонските граѓани за летување.

Туристичките агенции кои ги контактираше МИА велат дека интерес има, особено за туристичките места во кои традиционално летуваат македонските граѓани.

Атрактивни за летниот период остануваат Грција, Турција и Албанија. Условите за влез поради пандемијата се различни. Туристичките агенции постојано ја следат ситуацијата со цел навреме да ги информираат своите клиенти кои документи им се потребни. На нивните официјални веб страници може да се најдат детални информации што се е потребно за влез во секоја земја за која нудат аранжмани.

Генерално, негативниот ПЦР тест или сертификатот за вакцинација се задолжителни, освен за Албанија и Црна Гора, каде засега на граничните премини не се бараат посебни документи за влез во земјата. Црногорските власти дури најавија дека целосно на државен трошок ќе биде покриено и болничкото лекување доколку некој турист заболи од Ковид-19.

Во моментот, за Турција е потребен негативен ПЦР тест или сертификат за завршена вакцинација, а за влез во Грција од денеска, според најавите, покрај веќе познатите опции за влез, ќе може да се влезе и со негативен антигенски рапид (брз) тест. Оваа промена, грчките власти ја најавија вчера, а стапи во сила од утринава во 6 часот.

За патување кај јужниот сосед, како можност за влез, остануваат и досега познатите правила задолжителен сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето. Како опција за влез останува и приложувањето на потврда за прележан коронавирус. Новата опција, односно негативниот резултат од брзиот тест треба да биде направен до 48 часа пред пристигнувањето во Грција. Задолжително е и пополнувањето на PLF формуларот кој може да се најде на сајтот https://travel.gov.gr. Овие обврски ќе важат за сите лица со наполнети 12 години и постари.

Сертификатот за вакцинација треба да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, да е издаден од јавна установа и да ги содржи основните генералии за лицето односно име и презиме како што се наведени во пасошот, видот на примената вакцина и бројот на дози и датумот кога се примени вакцините.

За влез во Грција од Македонија отворен останува граничниот премин Евзони кој работи од 6 до 22 часот по македонско време.

Годинава, според информациите од туристичките агенции, цените за сместување се за нијанса поскапи од порано.

За Грција, се нудат аранжмани од наеми за студија до хотелски сместувања, додека аранжманите за Турција главно се за хотелско сместување со четири или пет ѕвездички, со чартер летови или автобуски превоз вклучен во цената. Во Албанија, може да се најде приватно сместување, додека во хотелите најчесто сместувањето е на база ноќевање со појадок. Во Црна Гора, според најавите на туристичките организации од оваа држава, цените ќе бидат исти или слични како во 2019 година.

За поегзотичните патувања како оние за Малдиви, Занзибар, Бали, Сејшели и Куба, интересот е помал, велат од туристичките агенции./МИА.

притисни ентер