Бразил идниот претседател ќе го добие во вториот круг од изборите на 30 октомври

Луис Инасио Лула да Силва на вчерашните избори освои повеќе гласови од противкандидатот – актуелниот претседател Жаир Болсонаро, но Бразил идниот претседател ќе го добие по вториот круг од изборите на 30 октомври.

По пребројувањето на 99,7 отсто од електронските гласови, левичарскиот поранешен претседател Лула освои 48,4 отсто, додека десничарскиот Болсонаро 43,3 отсто, објави изборната комисија.

Бидејќи ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, Лула и Болсонаро како двајца кандидати ќе одат во втор круг на изборите предвиден да се одржи на 30 октомври.

„Борбата продолжува до конечна победа. Ќе победиме на овие избори“, изјави синоќа Лула.

Резултатот беше многу потесен од очекуваното, бидејќи предизборните анкети го сметаа Лула за далеку поголем фаворит. Некои експерти сугерираа дека испитаниците не се изјасниле за своите вистински преференци или одлучиле на денот на изборите.

Ако Лула победи во вториот круг, тој ќе биде првиот бразилски демократски претседател кој ќе има трет мандат, бидејќи претседател беше од 2003 до 2010 година.

На вчера одржаните избори право на глас имаа повеќе од 156 милиони луѓе, на кои беа избрани и гувернери, третина од сенаторите, како и федерални и 27 државни претставници.

Поранешниот претседател Жаир Болсонаро претходно изрази сомнеж во изборниот систем и даде индикации дека можеби нема да ги признае резултатите од изборите, што ја поделија најголемата економија на јужноамериканскиот контитент.

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер