Бразди

Земјоделска емисија на Kанал 5 секоја недела 12:00 часот

Од орање до сеидба, од садење до берба, од нива до трпеза го следиме макeдoнскиот аграр.

Сите новитети, стручни совети, искуства и информации поврзани со македонското земјоделство - директно од терен гледајте ги во Бразди.

Земјоделска емисија на Kанал 5 секоја недела 12:00 часот. [email protected]

Погледнете ја најновата емисија БРАЗДИ.

Хаос во Москва,протест на подржувачите на Навални, уапсени најмалку 1600 демонстранти

Во Москва денеска поддржувачите на лидерот на опозицијата Алексеј Навални оддржаа протести. Со овој протест тие сакаа да му изразат поддршка на уапсениот Навални.

Во центарот на Москва според проценката на Ројтерс протестирале околу 40 000 граѓани. Инаку Навални на 17 јануари беше уапзсен од руската полиција веднаш по пристигнувањето на аеродромот Шереметјево по лекувањето во Германија .

Во центарот на рускиот главен град полицијата ги пречека демонстрантите и преку разглас им порача.

„Драги граѓани, овој собир е незаконски.Даваме се од себе за да ја осигураме вашата безбедност. Бидете внимателни, и ако е можно напуштете го овој илегален настан“, пренесе Индекс.

Според најновите информации на новинарите коие го следеле протестот, полицијата досега уапсила најмалку 1600 демонстранти, меѓу нив е и сопругата на Навални, Јулија.

Судењето за импичмент на Трамп ќе започне во втората недела од февруари

Судскиот процес за импичмент на поранешниот американски претседател Доналд Трамп под обвинение за „поттикнување бунт“ за немирите во капитол ќе започне во втората неделат од  февруари.

„Судскиот процес ќе се одржи во Сенатот на САД и ќе се гласа дали ќе биде осуден претседателот“, рече лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер.

Трамп е првиот претседател на САД на кој двапати му беше изречен импичмент и првиот на кого му се суди по напуштањето на функцијата. Тој замина за Флорида, кога неговиот мандат заврши на 20 јануари и не присуствуваше на инаугурацијата на неговиот наследник Џо Бајден.

Немирите на Капитол на 6 јануари од страна на демонстрантите и поддржувачи на Трамп доведе до смрт на пет лица, вклучувајќи и еден полицаец.

МОН: АД “Макпетрол” донираше таблети за 1.000 ученици, огромна благодарност за хуманиот гест

Во најдобар интерес е да се обезбеди континуитет во наставата за секое дете во државата во услови на пандемија. 

За таа цел Министерството за образование и наука организираше донација на 1.000 таблети кои што ги обезбеди АД “Макпетрол”, а се наменети за ученици на коишто уредите им се потребни за следење на онлајн наставата. Таблетите се донирани директно во општините кои ќе ги распределат по училиштата. Огромна благодарност за овој хуман гест на компанијата и за општествената одговорност.

Министерството за образование и наука, заедно со локалните самоуправи и со компаниите и други партнери продолжува посветено да работи на обезбедување и подобрување на условите за настава со цел на секое дете да му обезбеди непречен пристап до образование.

Министерство за образование и наука

притисни ентер