Брако создаде прво возило во Европа за одржување хигиена во урбани средини кое испушта вода

Велешката компанија „Брако“ ја произведе првата во Европа еколошка машина за одржување хигиена во урбани средини под брендот„Green Machines“ GM 500H2 која работи на водород. 

Тим од 15 инженери од Северна Македонија во соработка со инженери од Холандија работеа на еколошкото возило за чистење што испушта единствено вода, а не како досегашните издувни гасови.

„Горди сме што во време на пандемија останавме фокусирани и силно мотивирани и ја создадовме новата еколошка машина за одржување на хигиена во урбани средини под брендот „Green Machines“ (GM 500H2), чиј погон работи на најчисто гориво – хидроген (водород). Холандските градови Амстердам, Утрехт и Ротердам се први кои ќе ја одржуваат хигиената со овие велешки еколошки возила кои испуштаат вода, наместо издувни гасови и не загадуваат. Среќен сум дека вроди со резултат нашата посветеност да го намалиме и минимизираме човечкото влијание врз природата и максимално да ја зголемиме ефикасната употреба на ресурсите. Еко-визијата ја препознаа и во преостанатите земји ширум светот, па така интерес за новата еколошка машина за одржување хигиена во урбани средини има и од САД, Велика Британија, Јапонија, но и од скандинавските земји“, вели Иле Атанасов, директор на „Брако“.

Компанијата „Грин машинс“ која од октомври 2019 година е во сопственост на велешки „Брако“, има долгогодишна традиција во областа на производството на технолошки напредни и иновативни машини за одржување на хигиената во урбани средини и важи за глобален лидер со врвна репутација. Машината GM 500H2 претставува револуционерно решение и целосно се произведува во Велес, од каде што се извезува низ целиот свет, од Лондон до Сингапур.

Веста за нејзиното создавање ја објавија голем број медиуми од Европа и од светот, поздравувајќи го иновативното решение.

Инаку инвестирањето во зелените машини, како и во нови технолошки постројки е дел од поширок инвестициски и развоен циклус во „Брако“, каде што се вработени над 600 лица. Велешката компанија е една од најнапредните технолошки компании и е меѓу најголемите извозници во Северна Македонија чие доминантно производство од 95% е наменето за извоз во над 30 земји.

Годинава и во време на криза и најтешки логистичко-технолошки услови за работа, компанијата успеа да го задржи производството, како и да го зголеми бројот на вработени.

Инвестицискиот циклус во вредност од 8 милиони евра на велешки „Брако“ опфаќа вложувања во напредната технологија на CNC-управувачки машини, инвестиции во нов погон за комплетно еколошко поцинкување, нова опрема за лин-производство, како и нова менза за вработените.

Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар

 Во Макеоднија нема од производот „вафли Нестле Кит Кат Мини“ којшто е повлечен од хрватскиот пазар, информира за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николе Бабовски. 

- Производот повлечен од пазарот во Хрватска, во РАСАФ системот се уште не е нотиран. Нашите инспектори веќе се на терен и во поголемите ланци на маркети нема од тој производ. Има 125-грамски, додека 200-грамски и наполитанки со чоколаден прелив кои се третирани во Хрватска како небезбедни, кај нас на пазарот не се појавени, изјави Бабовски.

Тој најави дека контролата во супермаркетите ќе продолжи и во наредните денови.

-Очекуваме и соодветна нотификација од хрватската служба во РАСАФ системот и системот за брзо предупредување и информирање, рече Бабовски.

Хрватската Агенција за земјоделство и храна денеска објави дека производот вафли Нестле КИТ КАТ Мини е повлечен од пазарот поради присуство на минерални масла.

-Се повлекува исклучиво Несле Кит Кат Мини 200 g во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесе Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

СДСМ: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша.

Она што особено ги загрижува граѓаните на Прилеп, е зачестениот тренд на опожарување на возила. Во последните неколку недели, запалените автомобили станаа прилепско секојдневие. Горат автомобилите на наши сограѓани: бизнисмени, обвинители, адвокати.

Дневните билтени на МВР се претворени во регистер на настани од рубриката „црна хроника“, а фактот дека ниту еден од сторителите и нарачателите на овие дела не е откриен, го зголемува чувството на страв и несигурност кај граѓаните.

Заради нестручноста на партиските војници на ДПМНЕ инфилтрирани во највисоките раководни структури на МВР, Прилеп стана опасно место за живеење.

Почитувани,

И покрај тоа што на сите 15 клучни оддели за борба против криминалот техничкиот министер Панче Тошкоски постави свои началници, во изминатите два месеца Министерството за внатрешни работи не испорача никакви резултати.

Ветувањата на Тошкоски дека ќе ја интензивира борбата против криминалот, дека криминалните банди ќе станат минато, останаа мртво слово на хартија.

Голема лага беше и ветувањето на неговиот партиски шеф Христијан Мицкоски, дека кадрите на ДПМНЕ за две недели ќе ги расчистат сите афери и скандали во државата.

За само два месеца, ДПМНЕ не’ потсети на 11-годишното живеење во режим и повторно на дело го врати системот МВРО-ВМРО.

Во ДПМНЕ ништо не е сменето. Тоа е истата режимска и антиевропска партија, за која граѓанските права и демократските вредности се мислена именка.

Нема промена на подобро со ДПМНЕ, тоа е партија која не може да донесе позитивна промена. Со ДПМНЕ загрозена е безбедноста на граѓаните на Прилеп.

Загрозувањето на европскиот пат значи и загрозување на безбедноста на граѓаните, тоа прилепчани добро го знаат.

Прес-конференција, Миле Талевски, пратеник на СДСМ

Скопје, 28 март 2024

СДСМ

Стоилковски: Арсовска да состави документи за сопрените градинки, училишта и спортски објекти

Арсовска да состави документи за сопрените градинки, училишта и спортски објекти, а Советот без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска, ќе ги усвои.

Данела Арсовска сопре градба на две основни училишта, сопре градба на две градинки и сопре градба на едно затворено спортско игралиште, потребно за граѓаните на општините Гази Баба, на Кисела вода и на Аеродром.

Арсовска запре донесени одлуки на Советот на Град Скопје за ослободување од надоместоци за уредување на градежно земјиште за овие проекти, со образложение дека биле, како самата вели, неписмени.

Оттука, ја повикуваме Данела Арсовска таа сама да состави вакви документи, а Советот без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска, само ќе ги усвои.

Доколку Арсовска не е против нови градинки, училишта и затворени спортски објекти, и ако не е против скопјани и Скопје, се очекува од неа најбрзо таа самата да донесе писмени барања за овие пет проекти за скопјани, а Советот ќе ги прифати онака како што таа ќе ги достави, без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска.

Во спротивно, Данела Арсовска само ќе докаже дека е продолжена рака на Миле Зечевиќ и на СДС наспроти вистинските потреби на скопјани за две градинки, две училишта и за спортски објекти.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер