Божиновски: Подготвени за компромиси, но, не и други да одлучуваат за нас - Канал 5

Божиновски: Подготвени за компромиси, но, не и други да одлучуваат за нас

„Изминатите години можеби погрешивме што не го работевме повеќе за стратешко партнерство со Франција“

Божиновски: Подготвени за компромиси, но, не и други да одлучуваат за нас

Имавме договор во 2017 година со Бугарија, но тие решија дека тоа не им е доволно, ни ставија вето и рекоа дека имаат дополнителни барања. Договорот го поддржавме со надеж дена ќе се затвори се она што беше како проблем со Бугарија изминатиоте 30 години. Договорот со Британија предвивдува трошење на перите но наменски и ќе има големо значење за економијата. Позитивно е за Македонија и нашоте интереси дека вака се зближуваат нашите стратепки интереси, бидјеќи Британија е една од посакуваните партнери. На пример кога Хрваска кога имаше проблем со Словенија -Германија застана зад неа. Изминатите години можеби погрешивме што не го работевме повеќе за стратешко партнерство со Франција. Кога сакаме да станеме дел од ЕУ, Франција е важен сојузник, вели Владимир Божиновски во Само Вистина.

Кошта: Русија треба да се вклучи во финансирање на обновата на Украина по војната

Русија треба да ја финансира обновата на Украина кога ќе заврши војната предизвикана од инвазијата на Москва, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Кошта: Русија треба да се вклучи во финансирање на обновата на Украина по војната

-Обновата на Украина ќе бара огромни и континуирани напори од меѓународната заедница, соодветни на обемот на уништувањето и итноста на моментот, рече Кошта на конференцијата за обнова на Украина во Рим.

Тој истакна дека обновата мора да се темели и на правда, што подразбира, како што рече, дека Русија е одговорна за уништувањето што го предизвика, пренесе Анса.

-Агресорот ќе мора да ја преземе одговорноста за обновата на тоа што се обиде да го уништи, рече Кошта.

Европската комисија (ЕК) денеска, исто така, објави 2,3 милијарди евра поддршка за Украина за да ѝ помогне да се обнови по штетите што беа предизвикани од руските напади.

Министерството за јавна администрација и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка

 Министерството за јавна администрација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка.

Министерството за јавна администрација и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка

Министерството за јавна администрација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува стратешко партнерство насочено кон модернизација на јавната администрација преку научна и академска поддршка.

Овој меморандум, како што се наведува во соопштението од Министерството за јавна администрација, претставува основа за зајакнување на соработката помеѓу јавниот сектор и академската заедница, со фокус на размена на знаења, искуства и заеднички развој на иновативни дигитални решенија.

-Целта е преку ангажирање на студенти, експертска поддршка, научноистражувачка дејност и заеднички проекти, да се унапредат административните процеси и да се изгради поефикасна, транспарентна и современа јавна администрација. Соработката предвидува организирање на обуки, работилници и практична настава, развој на апликации и прототипи, како и имплементација на заеднички истражувачки проекти. Посебен акцент ќе се стави и на иницијативи како што се Хакатони, Иновациска лабораторија на јавниот сектор и аплицирање на меѓународни програми, појаснуваат од Министерството.

Оваа иницијатива ја потврдува заложбата на Министерството за јавна администрација за градење на современа и компетентна администрација преку стратешка соработка и вложување во знаење и експертиза.

На штипскиот Универзитет има 2.168 слободни места за академската 2025-2026 година

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) - Штип за академската 2025-2026 година има 2.168 слободни места за редовни студенти, за прв циклус на студирање. 

На штипскиот Универзитет има 2.168 слободни места за академската 2025-2026 година

Проректорот на УГД, Мишко Џидров на денешната прес-конференција ги повика матурантите да се запишат во првиот уписен рок, кој ќе се одржи од 20 до 22 август, истакнувајќи дека има бројни можности за кофинансирање и ослободување од плаќање партиципации за голем дел од студентите.

Вториот уписен рок е закажан за 4 и 5 септември, додека третиот е на 17 и 18 септември. Сите детали за уписите и можностите за кофинансирање се објавени во конкурсот на Универзитетот.

-Нашите 12 факултети и три уметнички академии имаат околу 80 активни студиски програми на кои што верувам дека студентите ќе можат да се препознаат. Ги повикувам нашите идни студенти да ги погледнат трите рока за запишување. Првиот е на 20,21 и 22 август, вториот на 4 и 5 септември, додека третиот уписен рок 17 и 18 септември. Во првиот уписен рок ќе има многу поволности за нив. Како минатата година и оваа година имаме ослободување од плаќање партиципација на поголем дел студенти. Сите детални инфорамции се објасенти во нашиот конкурс и може да ги погледнат и да се решат за да аплицираат, а јас би препорачал во прв уписен рок, изјави Џидров.

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип продолжува со значајни напори за модернизација на своите студиски програми. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски на денешната прес-конференција рече дека новите промени ќе донесат европски квалитет во образованието што ќе го добијат студентите.

-Официјално го објавуваме Конкурсот за новата учебна година. Универзитетот направи напори да ги модернизира програмите. Голем дел од програмите поминаа низ нови реакредитации или нови акредитации, но посебно напорот да се споиме во универзитетските Алијанси отвори една целосна нова перспектива за сегашните, но и за идните студенти. Сигурен сум дека ќе имаат можност тука да добијат европско образование, односно образование со европски квалитет. Oд оваа година Универзитетот нуди едно повисоко квалитативно ниво образование, кое што ќе им биде од корист, вели Мираковски.

Тој посочи дека имаат интерес за студирање и од странските студенти, а имаат и студиски програми на англиски јазик на Медицинскиот факултет, Економскиот, Правниот, како и на Факултетот за информатика. Мираковски посочи дека Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип продолжува да инвестира во иднината на своите студенти, нудејќи им не само квалитетно образование, туку и можност за меѓународна мобилност и напредок во европски рамки. Првиот уписен рок е можност што студентите не би требало да ја пропуштат, со оглед на новите академски можности што ги нуди овој универзитет.

притисни ентер