Борисов во писмо до Вартоломеј: Примањето на МПЦ е силен знак за европските политичари

Трите влади, раководени од мене вложија напори и постигнавме многу за присоединувањето на државите од Западен Балкан кон Европската Унија. 

Примањето во евхаристиското заедништво во семјеството на Православните цркви, кое вие го направивте за христијаните од Македонија е силен знак и за нас – европските политичари, истакна поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов во писмото упатено до вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Имено, Борисов писмото до Вартоломеј го испраќа во знак на извинување бидејќи поради неговите обврски не можел да присуствува на 130-годишнината од поставувањето на камен темелникот на Железната црква „Св Стефан“.

Тој во писмото изразува почит за Вартоломеј и вели дека проблемите на денешното општество не се само посочувани, туки и се решаваат со нивните теолошки дела и хуманоста.

– Денес е исклучително важно ние политичарите да се осврнеме кон светите и да разговараме со духовните водичи. Вие сте признаен глобален духовен лидер. Повеќе од три децении вие сте го посветиле вашето служење за општото добро. По крајот на Студената војна, вие ги обновивте и зацврстивте односите меѓу православните цркви, истакнува Борисов во писмото.

Тој, осврнувајќи се на руската инвазија во Украина, пишува дека се моли политичките лидери да ги прифатат божјите зборови искажани од Вартоломеј.

Во денешното време на војна се молам сите луѓе, а најмногу политичките лидери во целиот свет, а особено оние кои географски се на местата каде се страда, со ум и со срце да ги прифатат божјите зборови искажани од вас „ во наша моќ е или да ја зголемиме болката нанаесена на нашиот свет или да придонесеме за нејзино лекување. Изборот е наш! Човечкиот конфликт можеби е неизбежен на овој свет, но војната и насилството не се!, наведува поренешниот бугарски премиер во писмото.

Тој на крајот од писмото го замолува Вартоломеј да упати молитва до Светата Тројца да прекине политичката криза во неговата замја која трае речиси две години.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

Трамп во Њујорк разговарал со полскиот претседател за војната во Украина и на Блискиот Исток

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп разговараше во Њујорк со полскиот претседател Анджеј Дуда за војната во Украина и за напорите на Дуда да ги зголеми трошоците за одбрана од земјите-членки на НАТО, како и за Блискиот Исток.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп разговараше во Њујорк со полскиот претседател Анджеј Дуда за војната во Украина и за напорите на Дуда да ги зголеми трошоците за одбрана од земјите-членки на НАТО, како и за конфликтите на Блискиот Исток, објави изборниот штаб на Трамп.

Вчерашниот состанок во кулата Трамп беше последен во серијата состаноци што Трамп ги одржа со странски лидери додека Европа се подготвува за можноста за второ претседателство на Трамп, објави АП.

Дуда по разговорот со Трамп, кој траеше околу два и пол часа, рече дека станало збор за пријателска средба.

Помошникот на Дуда, Војче Коларски, кој исто така присуствувал на состанокот, рече дека Трамп и Дуда се сеќавале на времето кога работеле заедно четири години додека биле на претседателски позиции, време кое било „многу плодно за американско-полските односи“.

Посетата на Дуда доаѓа во време кога републиканците во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес се расправаат за законот со кој се одобрува странска помош вредна 95 милијарди долари, што исто така ќе ѝ обезбеди нова помош на Украина.

Полските лидери го повикаа Претставничкиот дом да го одобри нацрт-законот за странска помош.

Многу од сојузниците на Трамп во Претставничкиот дом жестоко се противат на одобрување помош за Украина, а Трамп рече дека можеби е отворен за помош во форма на заем.

Трамп и Дуда се согласуваат дека членките на НАТО треба да бидат охрабрени да ги зголемат трошоците за одбрана, наведува американската агенција.

Дуда ги повика другите членки на Алијансата да ги зголемат трошоците на три отсто од БДП, што би претставувало значително зголемување во споредба со сегашната обврска од два отсто.

Трамп долго време го критикуваше НАТО и се закани дека САД нема да ги бранат земјите-членки кои не ја исполнуваат целта за трошоци за одбрана од два проценти.

Ја спуштил камерата на 93 метри под вечниот мраз на Антарктикот и снимил чудо (ВИДЕО)

Остин Картер е дел од истражувачкиот тим кој престојува во областа Алан Хилс (Источен Антарктик) од декември 2022 година.

Петгодишната мисија има за цел да ја анализира структурата на „вечниот“ мраз, последиците од климатските промени и воопшто временските услови на Земјата.

Научниците дупчат ледено јадро, а потоа се земаат примероци за тестирање. За движење користат радари и GPS навигација, пренесува LadBible.

И покрај модерната технологија, понекогаш имаат желба да бараат „игла во стог сено“, бидејќи зафаќаат површина колку половина Германија.

@austincarter642 travel to the bottom of the East Antarctic Ice Sheet #antarctica #ice #climatechange #sounds ♬ The Twilight Zone Main Theme - Geek Music

Картер и неговите колеги сакаат да откријат како Источен Антарктик се справува со глобалното затоплување, односно колку е „чувствителна“ ледената покривка на гасовите во атмосферата.

Направиле дупка длабока 93 метри, по што пронашле мраз стар 2,7 милиони години!

Картер го прикажа видеото за да ја едуцира јавноста за важното истражување и да покаже што се прави во ледената пустелија.

„Претходно на оваа локација го најдовме најстариот мраз досега. Сега се надеваме дека ќе најдеме уште постари примероци и ќе дознаеме повеќе за својствата на климатскиот систем на Земјата“, рече научникот.

Неверојатната снимка нѐ води на патување под Антарктикот додека се приближуваме до „дното на леденото јадро“.

Во исто време, можеме да видиме различни бои и текстури кои датираат со илјадници години! Ова покажува дека истражувачите ја нашле вистинската локација.

Многу корисници беа изненадени од фактот дека научниците го „допреа дното“ - и не можат да одат понатаму. Картер не зборува, а се претпоставува дека ја немаат опремата што би им овозможила да навлезат „подлабоко“ во историјата.

притисни ентер